Македонија
Претседателот Иванов ќе помага за подобрување на бизнис климата
Претседателот на Република македонија, Ѓорге Иванов денеска се сретна со претставници на сојузот на стопанските комори на која било разговарано за генералното креирање на деловниот амбиент во билатералната соработка со други држави
На средбата беа разменети мислења како меѓународната агенда на Претседателот најдобро да се искористи за претставување на можностите на македонското стопанство. Цел на заедничките активности на Кабинетот на Претседателот и на стопанствениците e привлекување на странски инвестиции во Македонија, промоција на македонските производи и услуги во странство, и поткрепа на македонските надворешни инвестиции.„Ние разговаравме за генерално креирање на деловниот амбиент во билатерална соработка со другите држави, бидејќи Претседателот како шеф на државата е оној што ги отвора вратите и праќа сигнал за меѓусебната соработка со другите држави. Ние баравме таа започне поинтензивно оваа година и Претседателот се сложи така да следно што ќе биде е изработка на една заедничка стратегија“, рече претседателот на сојузот на стопански комори, Златко Калиников.На средбата беа разменети мислења како меѓународната агенда на Претседателот најдобро да се искористи за претставување на можностите на македонското стопанство. Цел на заедничките активности на Кабинетот на Претседателот и на стопанствениците e привлекување на странски инвестиции во Македонија, промоција на македонските производи и услуги во странство, и поткрепа на македонските надворешни инвестиции.Претседателот иако нема ингиренции за подобрување на бизнис секторот, од сојузот на стопански комори сметаат дека со барањето до претседателот не навлегуваат свесно во самодржавничкиот протокол, туку сметаат дека Претседателот може да даде сигнал за деловна соработка.„Економските промотери, економските аташеа и амбасадорите да се стават во функција на приватниот бизнис. Економските делегации кои би оделе во придружба на претседателот на државата би имале конкрекетен допринос за развој на македонскиот извоз“, сметаат од сојузот на стопански комори. Претседателот Иванов ги информираше стопанствениците за досегашните мерки за вклучување на бизнисмени при неговите меѓународни средби во текот на 2009 година. Заеднички беше заклучено дека, освен средбите на највисоко ниво, македонската дипломатска мрежа исто така мора во целост да се стави во функција на унапредување на македонските економски интереси и на промовирање на македонските економски предности во странство. Toj ја истакна и важноста на натамошната дерегулација во стопанството, и подобрувањето на економската клима во Република Македонија, како неопходен чекор за обезбедување лична перспектива и благосостојба за сите граѓани.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Со оружје, стотици парчиња муниција и импровизирани направи во возилото, Италијанец се обидел да ја помине границата на Табановце – приведен е
На Граничниот премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници го привеле С.В. (45) од Италија.
При гранични проверки и контрола на возило со италијански национални ознаки, кое го управувал, биле пронајдени и одземени осум импровизирани направи со игла за активирање на непозната муниција, пиштол калибар 22, шест кутивчиња со по 100 парчиња муниција, едно кутивче со 200 парчиња муниција, едно кутивче со 60 парчиња муниција, како и други предмети.
По наредба на јавен обвинител, лицето е задржано во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Македонија
Левица ја повика Сиљановска-Давкова да не го потпишува законот за продолжување на легализација на дивоградби
Партијата Левица ја повика претседателката Гордана Сиљановска-Давкова да не го потпише новиот закон со кој се продолжува рокот за легализација на дивоградби.
Од Левица посочуваат дека претседателката претходно, како пратеник, јавно укажувала дека етички и правно е невозможно да се повикува на владеење на правото, а истовремено да се носат закони со кои се уредува правниот статус на бесправно изградени објекти.
Собранието го продолжи рокот за легализација до 3 март 2031 година, наместо претходниот рок 3 март 2026 година, со што, како што велат од Левивца, процесот од временски ограничена мерка станува подолгорочна пракса.
Партијата оценува дека секое ново пролонгирање испраќа порака дека прекршувањето на законот ќе биде наградено со легализација, додека граѓаните кои градат согласно прописите остануваат изиграни.
Во соопштението се наведува дека ваквиот пристап ја поткопува правната сигурност и довербата во институциите, како и дека наместо зајакнување на инспекциските и урбанистичките механизми, државата избира модел на амнестија.
Партијата останува на ставот дека прашањето со дивоградбите треба да се решава системски, со јасна разлика меѓу социјалните случаи и, како што наведуваат, профитерската злоупотреба, и ја повикува претседателката да не го потпише законот.
Македонија
Дебар Маало доби 24-часовна бесплатна Wi-Fi мрежа, наскоро и во Капиштец
Општина Центар, во рамки на проектот EU4Digital, обезбеди бесплатна Wi-Fi зона во Дебар Маало, поточно на улицата Боемска и на скверот пред Општината.
Согласно програмата, наскоро се предвидува поставување слободни интернет зони (Wi-Fi) и во Капиштец, со што граѓаните ќе имаат полесен пристап до дигитални услуги и информации на отворено.
Користењето на Wi-Fi зоните е достапно 24 часа, седум дена во неделата, бесплатно и без лозинка, со вградени безбедносни ограничувања за заштита на корисниците.
„Општина Центар е лидер во дигитализацијата на општинските услуги. Воспоставувањето на слободни интернет зони е пример како треба да функционира една современа општина, со безбедни и модерни јавни простори и отворен пристап до информации и дигитални услуги за сите граѓани“, порача градоначалникот Горан Герасимовски.
Овие слободни Wi-Fi зони се наменети за жителите, посетителите и туристите, за кои централното подрачје претставува една од најпривлечните и најатрактивните дестинации во Скопје.

