Македонија
Меѓуетничките односи се на работ на кофликт
Меѓуетничките односи во Република Македонија се на работ на меѓуетнички конфликти, е заклучокот од анкетата спроведена од страна на Центар за меѓуетничка толеранција и бегалци.
Според резултатите од спроведената анкета 74 отсто од граѓаните сметаат дека е во пораст меѓунационалната нетрпеливост, а 26 отсто сметаат дека меѓуетничка нетрпеливост не постои.Македонските граѓани сметаат дека меѓуетничките односи во република Македонија се многу лоши.
>>> Нов инцидент во тетовската гимназија
За причината за лошите меѓуетнички односи се свесни дури 76 отсто од граѓаните. Граѓаните не се задоволни и од соработката меѓу етничките групи.За тоа дали се плашат за својата иднина и иднината на нивните поколенија 56 отсто од анкетираните се изјасниле дека се плашат, а останатите 44 отсто се спокојни за времето кое што доаѓа.Испитаниците со 73% одговориле дека има проблем на меѓуетнички план кој сакаат веднаш да се реши, а меѓу тие проблеми ги навеле следниве: да се фатат виновниците за каменувањето на џамијата во Кочани, да се воведе Албанскиот јазик во Македонските училишта, да се изгради и џамија на плоштадот во Скопје, да се воведе и турски јазик, албанците да не бараат преку леб погача,ромите да не бидат граѓани од последен ред итн .Доколку би имале можност 89 отсто од анкетираните би ја напуштиле Република Македонија, а останатите 11 отсто би останале да живеат тука.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Намалена видливост на неколку патни правци
Поради појава на магла се бележи намалена видливост до 100 метри на патниот правец Страцин – Кратово, од 30 до 50 метри на патниот правец Скопје – Тетово, од 50 до 100 метри на патните правци Велес – Скопје, Скопје – Велес и Куманово – Скопје.
Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно влажни коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Дел од Кисела Вода денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09:00 до 15:00 часот корисниците на улица Христо Татарчев 14 према објект со куќен број 30. (општина Кисела Вода)
Македонија
Меџити: Присуството на Спиропали во Чаир испрати јасна порака на политичка блискост, институционална поддршка и директно внимание кон Албанците во Северна Македонија
Во продолжение на официјалната посета во Скопје, градоначалникот на општина Чаир, Изет Меџити ја пречека Елиса Спиропали, министерка за Европа и надворешни работи на Република Албанија и во просториите на општина Чаир.
„Средбата се одржа во пријателска и конструктивна атмосфера, при што беа разгледани актуелните регионални случувања, улогата на албанската дипломатија во зајакнувањето на сеалбанските врски, како и значењето на продлабочувањето на меѓуинституционалната соработка во функција на заедничките интереси“, велат од општина Чаир.

„Присуството на Спиропали во Чаир испрати јасна порака на политичка блискост, институционална поддршка и директно внимание кон Албанците во Северна Македонија.

Оваа средба го потврди заедничкиот интерес за зајакнување на соработката и институционалната координација, со фокус на развојот, интеграцијата и зачувувањето на вредностите што нè поврзуваат како држави и како народ“, соопштуваат од општина Чаир.

