Македонија
Јанкулоска: Нема индиции дека малата Ангела е киднапирана
„Направивме бројни испитувања, разговори и интервјуа со месното население со луѓето кои се наоѓале во непосредна близина, луѓето од потесното и поширокото семејство, вклучително и родителите на исчезнатата, за жал не дојдовме до никакви индиции дека може да се работи за киднапирање“
Ова денеска во Скопје го изјави министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, во врска со тврдењето на родителите дека малата Ангела Ѓорѓиоска од мариовското село Дуње, која исчезна летоска, била киднапирана.Остатоците од човечко тело, кои деновиве беа пронајдени во селото Пештани, мариовско, се дадени на судско вештачење, кое треба да утврди дали се од исчезнатото девојче.„Се очекуваат резултатите од вештачењето што го прават во Судска медицина и се разбира дека ние зависно од овие резултати кои можеби ќе го потврдат идентитетот на лицето на кое припаѓаат остатоците ќе ја насочиме истрагата во соодветен правец“, рече Јанкулоска.На прашањето дали некој ќе сноси одговорност што остатоците не биле најдени уште летово, Јанкуловска одговори дека треба да се почекаат резултатите од Судска медицина за да може да се поврзе или не настанот од пред некој ден со она што се случуваше летоска. „Тоа што истрагата во тој момент не ги даде посакуваните резултати, секако дека е предмет на наши интерни анализи“, рече Јанкуловска.Во врска со вчерашната акција против вахабитите во БиХ, Јанкуловска одби да коментира изјави на странски држави.
„Повторно би сакала да потврдам дека безбедносната состојба во Македонија е непроменета. Ги следиме сите случувања во регионот и пошироко и подготвени сме соодветно да реагираме, доколку се јави потреба и тогаш кога ќе се јави потреба“, додаде Јанкулоска. Нападот врз првиот човек на невладината организација Хоризонт на министерката за внатрешни работи не и’ е познат.„Доколку е пријавен, полицијата ќе постапи по овој настан. Не гледам причина зошто би му се давало повеќе публицитет во однос на било кој друг настан од ваков тип“, рече Јанкулоска.МВР работи интензивно за надминување на проблемот со капацитет на системот кој изнесува пет илјади документи во еден ден, рече Јанкулоска, во врска со наводите за голем прилив на пари од издавањето на пасошите .Таа додаде дека МВР добило неколку предлози за можни решенија за надминување на проблемот, мо пред тие да бидат разгледани, неблагодарно е да се шпекулира околу цената.„За нас е приоритет да се излезе во пресрет на граѓаните“, изјави денеска во Скопје министерката за внатрешни работи на Македонија Гордана Јанкулоска, по промовирањето на полицискиот дигитален систем Тетра.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Со Мицкоски и ВМРО нема поголеми плати ниту во Армијата, велат од СДСМ
Две години нема зголемување на платите во Армијата, со Мицкоски и ВМРО нема поголеми плати ниту во одбраната, велат од СДСМ.
Во времето на СДСМ, додаваат од опозициската партија, платите растеа во сите сектори, платите псотојано се зголемуваа 7 години а парите завршуваа кај граѓаните.
„Со ВМРО парите завршуваат во криминални тендери, Владата на Мицкоски нема пари за поголеми плати во Армијата, нема пари за поголема минимална плата, нема пари за поголеми плати.
Криминалот и корупција заедно со политиките на изолација на владата на Мицкоски директно се одразуваат на влошување на економијата, значат помалку пари, преполовени инвестиции, несигурност“.
Според СДСМ, дупката во буџетот е огромна, недостасуваат, како што велат, од околу 2 милијарди евра.
„Тоа носат политиките на изолација, на анти ЕУ кампања и против САД. Затоа со ВМРО сме во група на земји со Сомалија.
Одбрана на земјата е многу важно прашање, како членка на НАТО мора да имаме силна одбрана, задоволни и мотивирани војници“.
Македонија
САД нема да им даваат визи, Мицкоски конечно најде стратегија како да ги задржи младите во Македонија, вели Жерновски
Поранешниот амбасадор на Македонија во Романија и поранешен заменик-министер за надворешни работи, Андреј Жерновски, со критики за владината политика по одлуката на САД за суспендирање на имигрантските визи.
„Нема виза ни за периметарот. Браво за Мицкоски! Конечно најде „стратегија“ како да ги задржи младите во Македонија – така што САД нема да им даваат визи“, напиша на социјалните мрежи Жерновски.
„Не со подобри плати, не со квалитетно образование, не со сигурни институции, туку со меѓународни рестрикции.
Од една страна, владата зборува дека ќе направи сè младите да останат дома. Од друга страна, под нејзино водство, Македонија завршува на листа на земји за кои САД ја суспендираат имигрантската политика. Ако ова е планот – тогаш навистина функционира: не заминуваш затоа што сакаш, туку затоа што не можеш.
Ова не е политика за младите, туку политика на затворање. Наместо да создаде услови поради кои младите би избрале да останат, власта создава услови поради кои светот им ги затвора вратите.
Мицкоски ветува иднина во Македонија, а испорачува изолација.
Ветува надеж, а носи рестрикции.
Ветува перспектива, а добивме повик за будење од реалноста.
Неговите „одлични, специјални односи“ со САД и со Трамп се толку одлични, што реалноста ни донесе повисоки царини за македонските производи и суспендирани визи за македонските граѓани.
Мицкоски веќе втора година нè убедува дека е „во периметарот на Трамп“, па затоа сето ова е резултат на лажно прикажаните односи и слабата дипломатија.
Погубно е вината да ја бараме во САД, бидејќи проблемот лежи во митот за „прв другар со Трамп“, кој мит е креиран и постои само во домашната пропаганда. Затоа, ова не е проблем на Вашингтон, туку на неспособната и саморекламерска надворешна политика, која повеќе служи за па-ар стратегија, отколку за заштита на интересите на македонските граѓани.
Вистинската опозиција денес има обврска да го каже ова јасно: додека Мицкоски зборува за пријателства, Македонија плаќа цена.
А тоа е најсилниот доказ дека „специјалните односи“ постојат само во неговите изјави – не и во реалниот свет“, објави Жерновски.
Македонија
Хоџа со делегација од СКСЗМ: Бизнис секторот важен партнер во усогласувањето на еколошките политики со реалните потреби на економијата
Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, денес одржа работен состанок со делегација од Стопанската комора на Северозападна Македонија (СКСЗМ), предводена од в.д. претседателот Нухи Алиу.
За време на состанокот, на кој членовите на комората му го честитаа мандатот на Хоџа, беше договорено страните да го продлабочат институционалното партнерство и размената на идеи за прашања од заеднички интерес.
На состанокот се разговараше за теми поврзани со имплементацијата на еколошките стандарди, просторното планирање, управувањето со отпадот, енергетската ефикасност, како и влијанието на еколошките политики врз економскиот развој и бизнис-климата во регионот каде што дејствува СКСЗМ.
Хоџа истакна дека Министерството за животна средина и просторно планирање го смета бизнис-секторот за важен партнер во изградбата на одржлив развој и усогласувањето на еколошките политики со реалните потреби на економијата. Тој нагласи колку е значаен отворениот дијалог и континуираната комуникација за пронаоѓање практични и избалансирани решенија.
Претставниците на СКСЗМ изразија подготвеност за понатамошна соработка, претставувајќи ги предизвиците со кои се соочуваат бизнисите, како и конкретни предлози за подобрување на процедурите и поддршка на зелени инвестиции.

