Македонија
Пратениците се по(д)мочкуваа
Пратеникот Владо Бучковски од СДСМ изреволтиран од споредбата на Владимир Ѓорчев на просторот за пушачи и непушачи во една просторија, со базен во кој во еден дел се мокри, а во другиот не, рече дека тој е мочко што сите пушачи со споредбата ги нарекол мочковци
Собраниската комисија за здравство во среда со мнозинство гласови и жестока дебата, проследена со навреди, го отфрли Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за заштита од пушењето поднесен од група пратеници од опозицијата.
По жолчната расправа околу овој Предлог-закон, Комисијата на 17-та седница констатира дека ваквиот предлог не е прифатлив и дека со истиот се загрозува здравјето на граѓаните.Дебатирајќи околу предлозите на опозицијата за изменувањата и дополнувањата на Законот за заштита од пушењето, пратениците си упатија навредливи зборови и поради тоа претседателката на Комисијата мораше да ја прекине седницата.Во второто полувреме од дебатата, навредите продолжија.Пратеникот Владо Бучковски од СДСМ изреволтиран од споредбата на Владимир Ѓорчев на просторот за пушачи и непушачи во една просторија, со базен во кој во еден дел се мокри, а во другиот не, упати погрдни зборови до неговиот колега од ВМРО-ДПМНЕ.
„Мочко еден, ти ги дискриминираш сите пушачи и со таквата споредба сите ги нарече мочковски“, рече Бучковски. Ѓорчев на таквите навреди не врати, со објаснување дека не сака да биде ставен во ист кош со некултурните луѓе. Тој рече дека споредбата со базенот е шега и побара да не се драматизира толку околу тоа.Опозицијата се залагаше со овој Предлог-закон сопствениците на угостителските објекти со големина до 100 метри квадратни сами да определуваат дали објектот ќе биде за пушачи или за непушачи.Тие сметаат дека со Законот за заштита од пушењето Македонија ќе се врати во историјата, односно во времето на нацизмот, бидејќи, како што посочи Бучковски, прв во историјата којшто забранил пушење бил Адолф Хитлер.И пратениците од владејачкото мнозинство за либерализација на Законот, но со контрааргументи. Бараат да биде дозволено да се пуши на отворен простор, а пушењето да биде забрането во затворените простории.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Силјановска се заблагодари за честитката од ЕУ: Со нетпрение очекувам да ја продолжиме соработката
Силјановска Давкова се заблагодари за честитката од ЕУ и порачува дека со нетпрение очекува да ја продолжам соработка со Европската Унија за конечно заокружување на европската интеграција на целиот регион.
„Денеска, како избрана претседателка, добив официјално соопштение од Европската Унија со кое ми се честита победата на изборите. Темелот на мојата на кампања беше градењето на консензус помеѓу сите политички партии во Собранието, како од власта, така и од опозицијата, граѓанското општество и македонските граѓани, независно од нивните разлики. Нашиот клучен стратешки проект е европската интеграција и истата останува да биде темел за градењето на консензус помеѓу различните чинители во општеството. Потенцирам дека под мое водство нашата надворешна политика ќе продолжи да биде целосно усогласена со заедничката надворешна и безбедносна политика на Европската Унија. Со нетпрение очекувам да ја продолжам соработка со Европската Унија за конечно заокружување на европската интеграција на целиот регион“, се наведува во соопштенеито испратено од тимот на Гордана Силјановска Давкова.
Европската унија и честита на Гордана Силјановска Давкова за нејзината победа на претседателските избори во Македонија и со нетрпение очекува да работи со првата жена лидер во земјата, изјавија високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедност Жозеп Борел и европскиот комесар за проширување и соседска политика Оливер Вархеи.
Борел и Вархеи, во заедничката изјава објавена по повод вториот круг од претседателските и редовните парламентарни избори во Северна Македонија, ги охрабрија „релевантните политички актери да работат на формирање парламент и стабилна влада“.
Македонија
(Видео) Стоилковски го поздрави лидерот на ДУИ јадејќи бисквита: „Поздрав, Али“
Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски, на социјалните мрежи објави видео во кое, јадејќи бисквита го поздрави лидерот на ДУИ, Али Ахмети.
Стоилковски вели дека оди на состанок со коалициските партнери на ВМРО-ДПМНЕ, а потоа зема бисквита и почнува да ја јаде.
„Поздрав, Али“ , вели Стоилковски.
Стоилковски алудира на изјавата на Ахмети која тој ја даде од митингот на „Европскиот фронт“ во Скопје пред одржувањето на првиот круг од претседателските избори кога рече оти лидерот на ВМРО-ДПМНЕ е израснат со бисквити и гурабии.
Македонија
ЕУ: Очекуваме соработка со претседателката на Македонија, парламентот и владата за да работиме на европскиот пат
Европската унија и честита на Гордана Силјановска Давкова за нејзината победа на претседателските избори во Македонија и со нетрпение очекува да работи со првата жена лидер во земјата, изјавија високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедност Жозеп Борел и европскиот комесар за проширување и соседска политика Оливер Вархељи
Борел и Вархеи, во заедничката изјава објавена по повод вториот круг од претседателските и редовните парламентарни избори во Северна Македонија, ги охрабрија „релевантните политички актери да работат на формирање парламент и стабилна влада“.
„Двете институции треба да работат заедно на подобрување на европскиот пат на Северна Македонија, кој вклучува имплементација на клучните реформи, особено во областа на владеењето на правото и борбата против корупцијата, во интерес на сите нејзини граѓани“, се вели во заедничката изјава на Борел и Вархеи.