Македонија
Филипини: Луѓето кои веруваат дека ќе добијат азил се жртви на погрешна приказна
„Луѓето кои се погрешно информирани и веруваат дека ќе добијат политички или било каков азил ако доаѓаат од земја кандидат за Унијата се жртви на целата приказна и имаат погрешно очекување.“
Ова денеска го истакна амбасадорот на Кралството Холандија во Република Македонија Симоне Филипини, во врска со азилантите од Македонија што навалија изминатите денови во Белгија.„Не очекувам зголемениот број на азиланти од Македонија во Белгија да предизвика последици за визната либерализација за македонските граѓани“, укажа Филипини.Холандскиот дипломат изјави дека не очекува рестрикции за патувањето на македонските граѓани во шенген зоната.Според неа многу поголемо внимание ќе им се обрне на границите за да се заштитат луѓето.„Доколку има случаи на автобуси преполни со багаж што се обидуваат да ги поминат шенгенските граници можам да замислам дека некои мерки ќе бидат преземени и патниците ќе бидат прашувани каде и зошто одат“, рече Филипини.Таа им порача на сиромашните граѓани да не им веруваат на оние што сакаат да заработат на нив ветувајќи им азил.Таа рече дека е запозната со тоа дека македонската влада ги предупредила граѓаните, но и порача да спроведе сериозна кампања во реоните од каде што потекнуваат најголемиот број азиланти.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Посебен режим на сообраќај денеска во Скопје
Денеска, во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Н.Е. Марк Руте.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.
Македонија
Без вода делови од Центар и Сарај
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· Поради дефект на водоводна цевка со пречник од Ф-2 цол на улицата Св. Кирил и Методија 38 (на паркингот кај Трготекстил), 09:00 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. Св. Кирил и Методија, општина Центар;
· Поради чистење и дезинфекција на двете комори во резервоарот за питка вода во село Бојане, во наредните 4 дена (03.03 до 06.03.2026 година) помеѓу 08:00 и 13:00 часот, можно е да има намален притисок и краткотрајни прекини на водоснабдувањето во село Бојане, општина Сарај.
Македонија
Делови од Бутел и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 15:00 часот, корисниците од стопанските објекти во Индустриската зона – Момин Поток, општина Бутел;
· од 09:00 до 15:30 часот, корисниците од ул. Јан Хус бр. 11а, општина Карпош.

