Македонија
Зошто паралелен водовод во Новаци?

Поскапа вода од млеко, стока со големи трошоци без пласман, тоа била реалноста за многумина жители на селата кои гравитираат кон Општините Новаци и Могила
Жителите на Селото Агларци уште пред 25 години сами си изградиле водовод и водата ја користат бесплатно поради што несакаат да се приклучат на градскиот водовод кој нуди вода со превисока цена.„Ние сме село и водата многу ќе ја трошиме. Ако водата за пиење ја користиме како индустриска таа е голем терет за месното население, вели Драги Каранфиловски, жител на Село АгларциМесечните сметки очекуваат да им бидат над 1500 денари, а висока и неприфатлива за нив била и цената на приклучокот:„Осум илјади денари за приклучок ние немаме. Им немаме дадено никаква согласност на општините да им речеме градете ја мрежата ние ќе се приклучиме, вели КаранфиловскиГрадоначалникот на Општина Новаци за приклучокот успеал да изнајде решение:„Извршивме посети каде што има реакции, ама во глобала во поголем број се сложуваат ќе се приклучат на водоводот, некои се сложуваат некои не, но разговаравме со директорот на водов и плаќањето ќе биде на десет рати, вели Лазар Котевски, Градоначалник на Општина НовациКотевски знае дека жителите на општината ќе бидат изложени на поголема потрошувачка на вода и поголеми трошоци:„Превисоката цена на користената вода од водоводот не е наша работа, тоа е работа на Водовод Битола кој тие цени ги одредува како за градот така и за селата, тоа што ќе имаат поголема потрошувачка нашите жители во селата е вистина, вели КотевскиЗатоа Општина Новаци веќе изготвила проект и бара средства со кои истиот ќе може да го реализира во интерес на потребите на населението:„Градиме малце како паралелен водовод. Локалниот водовод настојуваме да им стои како таков, тој не е исправен за пиење, но како технолошка вода можат да ја употребуваат, вели КотевскиЖителите кои не сакаат да се приклучат на градскиот водовод велат дека не смее да се дозволи поделеност на населението:„Градоначалникот има една идеја кој што сака да се приклучи на градскиот водовод кој не не, тоа е кавга, оган, раздор на населението“, вели КаранфиловскиПроблемот со приклучувањето на градскиот водовод според Каранфиловски, треба да го решат Општините Новаци и Могила, а не јавното претпријатие Водовод затоа што и изгрдбата на водоводната мрежа била инвестиција на општините.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Муцунски-Спајиќ: во фокусот посветеноста на европската интеграција на Западен Балкан

Во пресрет на утрешниот Самит ЕУ – Западен Балкан, денеска министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, оствари средба со премиерот на Црна Гора, Милојко Спајиќ.
Двајцата се дел од овогодинешната група добитници на признанието „Млад глобален лидер“ (YGL) на Светскиот економски форум – мрежа која веќе две децении обединува исклучителни личности под 40 години кои предводат позитивни промени ширум светот.
Програмата за млади глобални лидери е симбол на колективна акција и визија, поттикнувајќи нови форми на лидерство во ера на глобални трансформации. Тоа што двајца политичари од Западен Балкан се дел од оваа заедница е потврда за промените што оваа генерација ги носи во регионот, информираат од МНР.
На средбата се разговараше за зајакнување на билатералната и регионалната соработка, како и за потврдување на заедничката посветеност на европската интеграција на Западен Балкан – како дел од визијата за обединета, просперитетна и силна Европа.
Македонија
МВР: Од 1 јули летен режим на сообраќај за тешки товарни возила

Од 1 јули до 31 август на државните патишта во Македонија се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони, за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури, соопшти МВР.
Забраната се однесува за следните термини:
петок од 17:00 – 22:00 часот
сабота од 09:00 до 19:00 часот
недела од 09:00 до 22:00 часот
Во деновите со екстремно високи температури, определени од Министерство зa здравство, забраната ќе важи и од понеделник до четврток во период од 11:00 до 17:00 часот.
Специјален сообраќаен летен режим за тешки товарни возила се воведува и на патниот правец А2 Скопје – Охрид – Скопје во периодот од 01.07.2025 до 01.09.2025, и тоа:
Од понеделник до четврток од 11:00 до 17:00 часот, само во денови со екстремно високи температури определени од Министерството за здравство:
петок од 17:00 – 22:00 часот
сабота од 07:00 до 12:00 часот и од 18:00 часот до 24:00 часот и
недела од 07:00 до 22:00 часот
– Ограничувањето не се однесува на возила кои превезуваат животни, цвеќе, хуманитарна помош, жито и житни култури и леснорасиплива стока, нафта и нафтени деривати, превоз на опасни материјали и возила кои вршат превоз за компании кои имаат склучено договори за изведување на проекти на државните патишта со ЈП за Државни патишта.
Македонија
Пренасочување на возилата поради сообраќајка на патот Демир Хисар – Кичево

Од 19:10 часoт има пренасочување на сообраќајот на патниот правец Р1305 Демир Хисар – Кичево поради случена сообраќајна незгода, возилата ќе бидат пренасочени преку с.Единаковци, соопшти АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Според последното известување од АМСМ, интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.