Македонија
Анкета: Србија најдобар сосед на Македонија?
Дури 67,5 отсто од граѓаните го поддржуваат Законот за заштита од пушење, а за најдобар сосед на Македонија ја сметаат Србија, покажува телефонската анкета на Институтот „Димитрија Чуповски“
Големиот процент поддржувачи на Законот за заштита од пушењето, за целосна забрана за пушење во јавни простории што стапи на сила на 1 јануари, 33, 4 отсто не го поддржуваат, а 6,1 немаат мислење. И мерките за промена на старосната граница за увоз на поливни автомобили и намалување на акцизите наишле на поддршка кај граѓаните. Дека овие мерки се добри се изјасниле дури 67,5 отсто од испитаниците, додека 15,3 отсто се против. За најдобар сосед на Македонија, испитаниците ја сметаат Србија, 36,4 отсто, а најмала поддршка добила Грција со 1,5 отсто. За Албанија се определиле 18, 3 отсто, за Бугарија 5,9 отсто, а за Косово 2,8 осто. Но, забележителен и бројот на испитаници кои немаат мислење по ова прашање, дури 35,1 отсто. Најголем процент од испитаниците немаат верба во ниедна институција, но армијата и црквата, џамијата ја заработија довербата на тие што се определиле и тоа по 10,9 отсто за двете инситуции. Владата е одма зад нив, затоа што 10,5 отсто од испитаниците рекле дека и веруваат. На најниско ниво се Собранието, Претседателот и судството. Доколку граѓаните решат да стапат во брак со човек што не е од Македонија, тие најмногу би се одлучиле за Србин, а најмалку за Босанец, додека за европјани се одлучиле само 5, 9 од испитаниците.Институтот Димитрија Чуповски ја изработил анкетата телефонски на репрезентативен примерок од 1.162 лица во периодот од 17-21 март.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Притвор од 48 часа за сопругот по смртта на неговите жена и ќерка во Карпош
Судот му определи 48 часовен притвор на сопругот од Карпош чија жена и ќерка починаа по пад од зграда.
„Основното јавно обвинителство Скопје до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за определување мерка краткотраен притвор од 48 часа против едно лице за кое постојат сомненија за сторени кривични дела – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1 и Наведување на самоубиство и помагање во самоубиство од член 128 став 4 од Кривичниот законик“, соопштија од Обвинителството.
Од таму појаснуваат дека притворската мерка е неопходна со цел преземање на сите истражни дејствија со цел обезбедување докази во однос на сомненијата и додаваат дека по предлог на јавниот обвинител, судот определи притвор.
Македонија
МНР ги повика македонските државјани заглавени во ОАЕ да се јават во амбасадата во Абу Даби
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, имајќи ја предвид актуелната безбедносна состојба, Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби, во координација со локалните власти во Обединетите Арапски Емирати, активно работи на финализирање на деталите околу организацијата на комерцијален лет за евакуација на македонските државјани.
Се повикуваат сите граѓани кои се заинтересирани за евакуација, а сè уште не се пријавиле, во најкраток рок да стапат во контакт со Амбасадата во Абу Даби преку следните контакти:
Телефон: +971 56 441 7532
Е-маил: [email protected]
„Безбедноста на македонските државјани останува највисок приоритет. Пријавените лица навремено ќе бидат информирани за понатамошните чекори и условите за безбедна реализација на евакуацијата“, велат од Министерството.
фото/Depositphotos
Македонија
(Фото) Руте во посета на Армијата: Дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес во касарната „Илинден“, Скопје, оствари посета на Армијата, која се реализира во рамки на неговата официјална покана на Македонија.
Генералниот секретар беше пречекан од началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски и министерот за одбрана Владо Мисајловски.

Во рамките на посетата, генералниот секретар се обрати пред припадниците на Армијата истакнувајќи го придонесот што нашата држава го прави во рамки на Алијансата.
„Вие навистина дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили (Forward Lend Forces)“, истакна Руте, потенцирајќи „со тоа се грижите навистина да ја одбраниме секоја педа од територијата на Алијансата“.

За време на посетата беше извршена смотра на построените единици, како и на опремата и средствата со кои располагаат Лесната пешадиска баталјонска група и декларираните единици од составот на Баталјонот на специјални сили.
Во знак на признание за придонесот во зајакнувањето на соработката и поддршката на Армијата на Република Северна Македонија во рамки на Алијансата, началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски му додели Голема плакета на Армијата на генералниот секретар на НАТО.

На настанот присуствуваа генерали на Армијата и претставници од Армијата и Министерството за одбрана.

