Контакт

Македонија

Колекторот не се излева 62, туку 162 дена

Објавено пред

Колекторскиот систем, нема доволен капацитет и затоа неколку години наназад е еден од најголемите загадувачи на Охридското Езеро, велат од Еколошкото друштво „Грашница“

Од таму објаснуваат дека тој се прелева и кога нема огромно зголемување на нивото на езерото, како што е сега. “Колекторот не се излева само 62 дена, како што изјавуваат надлежните, туку 162 дена и тоа континуирано неколку години. Ние постојано апелиравме, но никој не презема соодветни мерки, па по се изгледа езерото со зголемувањето на нивото на водата го дигна својот глас“ , велат од Еколошкото друштво Грашница. Тие упатија барање до надлежните служби под итно да преземат мерки за рехабилитација на Колекторот и пречистителната станица во Враништа.Според нив, една од најкритичните точки на колекторскиот систем е во населбата  Грашница, но проблеми има и кај пумпните станици во Далјан и Подмоље.

“За да се спречи понатамошното излевање на отпадни води во езерото на овие локалитети, треба да се отстрани бајпасот во месноста Грашница, поради кој се излеваат отпадните води во езерото. Истиот проблем го има и кај пумпните станици Далјан и Подмоље. Исто така, треба да се реши проблемот со затворениот канал од улицата Бистрица како и со отворениот канал кај Феријалното летувалиште, во населбата Далјан“ нагласуваат екологистите од Грашница.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Пандемијата со Ковид-19 ги зголеми сајбер измамите на граѓаните и компаниите

Објавено пред

„Бројот на лажни веб-страници за онлајн шопинг и на измамнички трговци преку Интернет се зголеми за време на пандемијата со Ковид-19. Од копии на веб-страници на популарни брендови до лажни продавници кои никогаш не ја испорачуваат стоката, коронавирусот откри слабости во моделот на доверба што се користи при купување преку Интернет. Пандемијата поттикна насочени напади врз домови, бизниси, влади и критична инфраструктура, што главно се должи на слабеењето на постојните мерки за сајбер безбедност поради промени во работните и инфраструктурните обрасци предизвикани од пандемијат“. Ова е наведено во извештајот „Пејзаж на закани 2020“ кој неодамна го објави Агенција за сајбербезбедност на ЕУ (ENISA).

Агенцијата наведува дека за време на пандемијата сајбер криминалците ги унапредиле своите можности, брзо се адаптирале и поефикасно се насочиле кон релевантни групи на жртви. Овој глобален феномен доведе до наплив на персонализирани сајбер напади на сајбер криминалци кои користат понапредни методи и техники, а употребата на мобилната технологија и претплатата на дигитални платформи ги прави помладите генерации поранливи на овие видови закани. Остварување финансиска корист и натаму е најголем мотив на компјутерските криминалци.

„Бројот на жртви на малвер и на фишинг во ЕУ продолжува да расте со користење на темата Ковид-19 како мамка. Овие напади вклучуваат пораки што носат додатоци на малициозни датотеки и пораки што содржат малициозни врски што ги пренасочуваат корисниците кон страници за фишинг или за преземање на малициозен софтвер. Ваквите компјутерски измами резултираа со загуба на милиони евра за граѓаните и компаниите во ЕУ“, се вели во извештајот.

Агенцијата за сајбербезбедност на ЕУ објави и листа на 15 најголеми сајбер закани. Малвер односно малициозен софтвер стои цврсто како број 1 сајбер закана, а веднаш по него се фишинг и кражба на идентитет. На списокот се и Веб-базирани напади, Напади на веб апликации, СПАМ, DdoS, Прекршување на податоци, Инсајдерска закана, Ботнети, Физичка манипулација, штета, кражба и загуба, Истекување на информации, Ransomware, Сајбер шпионажа и Cryptojacking.

Граѓаните во земјава имаат можност сомнителните пораки испратени по е-пошта да ги пријават онлајн во Националниот центар за одговор на компјутерски инциденти (MKD-CIRT) кој е дел од Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) на [email protected]

„Секоја порака добиена по е-пошта за која постои сомнение за веродостојност може да се препрати MKD-CIRT. Сомнителната порака може да е од компанија или адреса од која вообичаено не се добиваат пораки, или од непознато лице. Ако пораката изгледа сомнително, најдобро е да се пријави. Тоа ќе помогне да реагираме побрзо, и на тој начин да се заштитат повеќе корисници од штетното влијание на пораката“, вели Александар Ацев, раководител во MKD-CIRT.

Националниот центар ќе ја анализира сомнителната порака, нејзината содржина, адресата на испраќачот, додатоците и веб-страниците кон кои водат линковите од содржината на пораката. Доколку се открие активност за која се верува дека е штетна, ќе се побара блокирање на адресата од која е испратена пораката со цел да не може повеќе да се праќаат фишинг-пораки преку неа, како и бришење на линковите кои водат до малициозните веб-сајтови.

Оваа услуга инаку не се користи за пријава на сајбер-криминал. Секој кој смета дека е жртва на онлајн измама или сајбер-криминал, истото треба да го пријавите во Министерството за внатрешни работи.

Прикажи повеќе...

Македонија

Веридба со 30 и свадба со 90 гости – парични казни за скопјани поради организирање на собири

Објавено пред

Скопското обвинителство поднесе предлози за издавање казнени налози против три лица и еден угостителски објект, поради организирање на масовни собири за време на епидемија.

Првите двајца обвинети, татко и син од Скопје, на 13 септември во дворот на семејната куќа организирале веридба, на која присуствувале 30 гости.

„Со ова тие постапиле спротивно на прописите и наредбите со кои се определни мерки за спречување на ширењето на коронавирусот Ковид-19, согласно кои се забранува одржување на масовни собири и настани на отворен и затворен простор“, велат од Обвинителството.

Третиот обвинет, како основач и управител на угостителски објект, на 3 октомври, постапил спротивно на забраната, дозволувајќи да се организира свадба на која биле присутни околу 90 лица. Од Обвинителството велат дека со тоа, обвинетиот го довел во опасност животот и здравјето на луѓето. Настанот бил утврден при контрола и надзор од страна на овластени лица од Државниот пазарен инспекторат.

Надлежните јавни обвинители за обвинетите физички лица предложија парични казни од 100 дневни глоби со поединечна вредност на дневната глоба од 20 евра во денарска противвредност. За обвинетото правно лице, пак, на Основниот кривичен суд му е предложено да изрече парична казна од 300.000 денари.​​

Прикажи повеќе...

Македонија

Изречени 615 санкции за неносење маска

Објавено пред

Во текот на изминатото деноноќие, по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 615 прекршоци.

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со ковид-19.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија15 минути

Веридба со 30 и свадба со 90 гости – парични казни за скопјани поради организирање на собири

Скопското обвинителство поднесе предлози за издавање казнени налози против три лица и еден угостителски објект, поради организирање на масовни собири...

Македонија1 час

За една недела регистрирани 7.486 новозаразени, над 5.000 излечени и 204 починати

Скопје и натаму e со најголем број нови случаи и највисока инциденца, a најзастапена возрасна група се лица над 60...

Свет1 час

Кина успешно лансира роботизирано летало на Месечината

Кина објави дека успешно лансирала ракета со робот за да собере примероци од камења од Месечината, со што ќе стана...

Македонија2 часа

Активни 20.687 случаи на коронавирус во Македонија, речиси половина се во Скопје

Во моментот како активно заразени со коронавирус се водат 20.687 лица, од кои 9.837 се од Скопје. Во Тетово активни се...

Македонија2 часа

Заев најави дека не сме далеку од договор со Бугарија, опозицијата бара со декларација да се утврдат позициите

Премиерот Зоран Заев вчера најави дека не сме далеку од договор со Бугарија. Тој рече дека не се разговара за...

Свет2 часа

Администрацијата на Трамп одобри Бајден да почне со преземање на власта

Aдминистрацијата на претседателот на САД, Доналд Трамп, даде формално одобрување новоизбраниот претседател Џо Бајден да почне со преземањето на власта....

Свет16 часа

СЗО: Итно се потребни уште 4,3 милијарди долари или сиромашните нема да добијат вакцини

Постои ризик сиромашните и ранливите категории да не примаат вакцини против коронавирус, заради стампедото што ќе произлезе од овие лекови,...

Свет16 часа

Борис Џонсон го објави зимскиот план за ковид

Британскиот премиер, Борис Џонсон, на денешното јавно обраќање ги објасни деталите за излезот од „локдаун-от“, што започнува на 2 декември,...

Македонија18 часа

Во Македонија 387 нови случаи на Ковид-19, починале 35

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1176 тестирања, а регистрирани се 387 нови случаи на...

Македонија20 часа

Филипче: Хоспитализацијата на пациентите во ниту еден случај не зависи од нивната возраст

Министерот за здравство, Венко Филипче, утрово од Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) побарал да извршат вонреден инспекциски надзор за...

Регион22 часа

Црна Гора трета во светот по бројот на заболени од коронавирус

Црна Гора е на трето место во светот според бројот на заболени од коронавирус на милион жители, според податоците на...

Европа22 часа

СЗО: Европа ќе биде погодена од трет бран на коронавирусот на почетокот на 2021 година

Светската здравствена организација стравува дека Европа може да се соочи со трет бран на коронавирусот на почетокот на 2021 година...

Македонија23 часа

Спасовски се излекува од коронавирусот и се врати на работа

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, се излекува од коронавирусот и од денеска се врати на работното место. Тој на...

Регион23 часа

Со коронавирус заразен епископот Давид, кој ја водеше литургијата на погребот на Иринеј

Српскиот епископ Давид е заразен о1д коронавирус и се наоѓа во Центарот за клинички болници (КБЦ) „Д-р Драгиша Мишовиќ“, објави...

Македонија23 часа

Неделава почнува изведбата на модуларната болница во Гевгелија

Кон крајот на неделава почнува изведбата за конструирање на модуларната болница во Гевгелија. Како што информираат од Министерството за здравство,...

Европа24 часа

Саркози на суд поради корупција

Поранешниот француски претседател, Никола Саркози, ќе се појави на суд денес поради обвиненија за корупција и злоупотреба на влијание. Ова...

Регион1 ден

Хрватите почнуваат масовно тестирање со брзи тестови

Денес, во Загреб почнува масовно антигенско тестирање на коронавирусот, чиј наод се добива за 15 минути. Целта е да се...

Европа1 ден

Шпан: Германија може да почне со вакцинација против коронавирусот во декември

Германија може да почне со вакцинирање на граѓаните против коронавирусот веќе следниот месец, најави германскиот министер за здравство, Јенс Шпан....

Македонија1 ден

Лекот „фавира“ пристигнува во македонските аптеки

Лекот „фавира“ или „фавимол“, со генеричко име „фавипивир“ неделава ќе биде достапен во македонските аптеки кога Агенцијата за лекови и...

Свет1 ден

Оксфордската вакцина против коронавирусот е 70 проценти ефикасна

Тестовите покажаа дека вакцината за коронавирус развиена од Универзитетот во Оксфорд е 70 проценти ефикасна во спречување на заразата, пренесува...

Досие