Македонија
Труењето со храна не го наруши работењeто на скопскиот аеродром
Безбедноста на воздушниот сообраќај што се одвива преку скипскиот аеродром „Александар Велики“ не е нарушена, бидејќи на затруените работници им е обезбеден медицински третман, информираат од Агенцијата за цивилно воздухопловство
Од Агенцијата за цивилно воздухопловство, од медицинската служба на аеродромот „Александар Велики“, побара официјален извештај за бројкат лица по одделенија, кои во изминативе дваесет и четири часа, се пожалиле на мачнини, предизвикани од оброкот кој го конзумирале вработените.
Според АЦВ, било потврдено дека лицата кои биле затруени со храна, се тргнати од работните места. На сите им е овозможен медицински третман и е обезбедна нивна соодветна замена, со што нема да има влијание врз безбедноста на воздушниот авиосообраќај кој се одвива на скопскиот аеродром.
Според првичните неофицијални информации 40-ина вработени на скопскиот аеродром биле затруени со храна, а сите наводно во вторникто вечерале и во средат ручале пилешки стек со зеленчук и салата од макарони и мајонез. Симптомите ги добиле синоќа вечератта а дел од нив со симптоми на труње утрово се појавиле на работа.
Сите што имале симптомиу виле задржани во амбулантата на аеродромот.Дури доцна попладнево затруените се јавиле на Инфективната клиника, по што уште од палднево денеска санитарните инспектори и инспектори од дирекција за храна излегле на терен.Инспекторите земаат брисеви од кујната во која се подготвувала храната.Во истата кујна инаку, се подготвува храната која се сервисира во авионите за патниците.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

