Македонија
Слаб интерес за откупување дворови во Битола
Од први април до 25ти мај ќе трае огласот кој го објави министерството за финансии за креирање и реализација на медиумска кампања за промоција на откупот на градежно земјиште по цена од едно евро за метар квадратен
од Цветанка Ристевска ТВ Тера, Битола
И покрај намалувањето на цената досега во Битола се поднесени 9.150, од кои решени се околу седум илјади. Вкупниот број на барања кои треба да се поднесат за откуп на градежното земјиште на територијата на Општина Битола изнесува 40 илјади.„Имајќи предвид дека подрачјето на Општина Битола и населените места што гравитираат кон општината е во голем број зафатено со урбанистички планови и голем дел има на градежно земјиште, до денес мал е бројот на странки што поднесле барање за приватизација. Дали тоа се должи на недоволна информираност или ги чекаат последните денови да поднесат барања. По однос на опфатот на градежното земјиште малку се тие девет илјади што досега се поднесени“, вели Владо Калчевски, раководител на Управата за имотно правни работиНамалената цена предизвика интерес, но недоволен. Законските измени пак ја поделија постапката помеѓу граѓаните и управата за имотно правни работи:,,Се интересираат странките повеќе кои документи требаат. Сега со измените на законот за приватизација на градежното земјиште намален е бројот на докази што странките треба да ги доставуваат, вели КалчевскиОснов по кој го стекнале правото на користење на градежното земјиште, имотен лист изјава и доказ за идентификација се документите кои остануваат да ги поднесат граѓаните. Останатото е должност на управата:,,Ние по службена должност прибавуваме извод од ДУП, копија од катастарски план и ако затреба уверение или историјат за движење на сопственоста“, додаде КалчевскиСо законските измени може да се изврши откуп на градежното земјиште и онаму каде што нема детален урбанистички план, а приватизацијата може да се направи според генерален план. Цената на дворовите од првите 1.400 денари, се намали на 700, за да на крајот граѓаните својата обврска да можат да ја завршат за едно евро од метар квадратен. Рокот до кога може да се откупува заемјиштето е 25 ти јануари 2011 година. Оние што нема да си ги окупат дворовите ќе треба да плаќаат годишна закупнина која ќе изнесува десет отсто од сегашната откупна цена за метар квадратен.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Владата на Мицоски ја отвори вратата за 10.000 странски работници, велат од СДСМ
Владата на Мицкоски донела одлука со која се отвора вратата за нови 10.000 странски работници во земјава во 2026 година, истакнуваат од СДСМ.
„Одлуката од денеска стапува на сила и се однесува на значително зголемен број во споредба со лани од дури 4.500 лица.
Доаѓаат таканаречените „економски работници“. Иако во Македонија се уште има речиси 100.000 невработени и стапката на невработеност е двоцифрена. Се беше подготвено, сега само се реализира планот. Склучија „стратешки договор“ за кој известија британските медиуми, за мигранти, потоа го сменија Законот за странци со кои ги олеснија условите за доаѓање, престој и работа“.
Ги скратија процедурите, додаваат од опозициската партија, го продолжија времетраењето на дозволите.
„Се создаде правна рамка за долгорочно задржување во државата, ако има „стратешки парнер“ секако. Донесоа резолуција – Декрет за да и забранат на опозицијата да говори за мигранти.
Тоа што се подготвуваше, почна“.
Македонија
Лекарската комора дава поддршка за новиот Закон за заштита од пушење
Лекарска комора на Република Северна Македонија изрази поддршка за новиот Предлог-закон за заштита од пушење и за мерките што со него се воведуваат, оценувајќи дека тие се во насока на унапредување на јавното здравје и заштита на населението, особено на децата, младите и ранливите групи.
Од Комората посочуваат дека лекарите секојдневно се соочуваат со последиците од употребата на тутунски и никотински производи и изложеноста на чад, кои, како што наведуваат, се директно или индиректно поврзани со кардиоваскуларни заболувања, малигни болести, хронични белодробни состојби и други сериозни здравствени проблеми.
Следејќи ги добрите европски практики, Лекарската комора смета дека новите мерки за контрола на тутунските и никотинските производи, како и заштитата од пасивно пушење, ќе придонесат за намалување на бројот на нови корисници, особено кај младите, поефикасна заштита на непушачите во затворени простории и создавање поздрава животна и работна средина.
Во соопштението се нагласува дека здравјето на граѓаните мора да биде над сите други интереси и дека доследното почитување на законските ограничувања може да резултира со помал број хоспитализации и долгорочни придобивки за целото општество.
Од Лекарската комора информираат дека остануваат подготвени активно да учествуваат во подигање на јавната свест за опасностите од употребата на тутунски и никотински производи и да дадат поддршка на мерките кои водат кон поздрава и побезбедна заедница.
Македонија
Хоџа и Филипиду разговараа за прекуграничната соработка во заштитата на животната средина
Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, денес оствари работна средба со амбасадорката на Република Грција во Република Северна Македонија, Софија Филипиду, на која беа разгледани приоритетите на билатералната соработка во областа на животната средина.
Во фокусот на разговорите беа активностите поврзани со управувањето со Националниот парк Преспа (Prespa National Park), управувањето со водните ресурси, хидролошката состојба на Преспанското и Дојранското Езеро, како и тековните прекугранични проекти што се реализираат.
Двете страни ја потврдија заедничката заложба за натамошно унапредување на соработката меѓу Република Северна Македонија и Република Грција, со посебен акцент на заштитата на животната средина и одржливиот развој на прекуграничните региони.

