Македонија
Бајрам се сомнева дека немирите во Шуто оризари се политичко сценарио
Претставникот на Ромите во законодавниот дом пратеникот Амди Барјам денеска ги осуди вчерашните инциденти во Шуто Оризари и изрази сомнеж дека тоа е политичко сценарио
„Имам сомнеж дека ова е политичко сценарио, бидејќи додека траеја немирите беше каменувана и општината“, рече Бајрам.Тој истакна дека толпата граѓани што учествувала во немирите се луѓе што не ги познавал и додаде оти дека тоа не се продавачите од тезгите и продавниците, бидејќи тие доброволно ја предале стоката.„Ќе барам да се истражува случајот, ќе поставам пратеничко прашање, уште на наредната седница, со кое ќе побарам заеднички да ги гледаме снимките, заедно со полицијата и пратениците да го најдеме виновникот, кој ќе барам соодветно да се казни“, изјави Бајрам.Пратеникот Амди Бајрам рече дека моменталната ситуација во Шуто Оризари е мирна и дека засега ниеден Ром ниту во неговата партија, ниту во болница не се пријавил како повреден.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Земјотрес почувствуван во Македонија
Утрово во 7 часот и 20 минути беше почувствуван земјотрес на територијата на Македонија, објави ЕМСЦ.

Според ЕМСЦ земјотресот бил со јачина од 3.1 степени според Рихтер.
#Earthquake (#земјотрес) possibly felt 24 sec ago in #RepublicofNorthMacedonia. Felt it? Tell us via:
📱https://t.co/QMSpuj6Z2H
🌐https://t.co/AXvOM7I4Th
🖥https://t.co/wPtMW5ND1t
⚠ Automatic crowdsourced detection, not seismically verified yet. More info soon! pic.twitter.com/IaWrDzq6eR— EMSC (@LastQuake) December 15, 2025
Како што објави ЕМСЦ епицентарот на земјотресот бил на 35 километри од Приштина, на границата меѓу Косово, Србија и Македонија.
Македонија
Делови од Карпош и Чучер Сандево денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците од село Горно Нерези (општина Карпош), како и корисниците од селата Глуво и Мирковци. (општина Чучер Сандево )
Македонија
Претпладне магла, во текот на денот сончево и претежно тивко
Сончево со мала до умерена облачност. Во утринските часови наместа ќе има појава на магла. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 0, а максималната ќе достигне од 9 до 13 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево и претежно тивко. Минималната температура ќе се спушти до -5, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Времето во наредните денови
До крајот на неделата времето ќе биде сончево и претежно тивко. Во утринските и ноќните часови на одредени места ќе има појава на магла. Максималната температура ќе биде над просекот за овој период од годината.

