Македонија
Состојбата во поплавеното Раотинце непроменета
Состојбата во поплавеното тетовско село Раотинце, каде што вчера се излеа Вардар денеска е непроменета, а нови излевања се регистрирани во селата Туденце и Копанце,јавува Макфакс
Досега поплавени се дваесетина куќи и околу 200 хектари обработлива земја.“Нивото на водата во коритото се уште е високо, со што се оневозможува и повлекувањето на водата од поплавените делови”, вели претседателот на МЗ Раотинце, Ќирко Масески.Калта го прави недостапен теренот и го оневозможува вадењето на паднатите дрвја во речното корито кои го попречуваат нормалниот тек на водата, како и поставувањето на насипи од вреќи со песок.Градоначалникот на општина Јегуновце, Тони Коцески, во сабота, заедно со преставниците на Центарот за управување со кризи, беше во погоденото подрачје.“Апелирам до владата да се обезбедат средствата за реализација на проектот за регулирање на коритото на реката Вардар”, рече Коцески.По увидот на терен, директорот на ЦУК Тони Јакимоски рече дека “во следните 24 часа се очекува нивото на Вардар да се намали.”Екипи на ЦУК заедно со месното население ќе се обидат да постават насипи на критичните места и да го расчистат коритото од наноси и дрвја
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

