Македонија
Смената на Муратовски доби амин од ресорното министерство
Одлуката на Советот на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) со која е сменет претседателот Ванчо Муратовски и на негово место е назначен Живко Митревски, потврдена е од Министерството за труд и социјална политика,пренесува Макфакс
Ова беше изнесено на а пресконференцијата одржана во сабота во седиштето на ССМ, на која покрај Митревски, присуствуваа и лидерите на повеќе гранкови синдикати.Нагласувајќи дека со одлуката за смена на раководството била задоволена желбата на над 80 отсто од членството на Синдикатот, Митревски го повика Муратовски на цивилизиран начин и во демократска атмосфера да ја предаде функцијата.„Најпосле е исполнета желбата на многу македонски работници кои членуваат во ССМ и потврден е легитимитетот на постапката за отповикување на поранешниот претседател и за именување на нов В.Д. претседател“, рече Митревски.Констатирајќи дека застанува на чело на ССМ во време кога оваа институција ја тресе сериозна криза, Митревски најави сериозни и темелни реформи.„Наша цел е да изградиме ново, модерно, современо европско синдикално движење со нови стратегии и платформи“, изјави МитревскиТој најави дека меѓу првите чекори што ќе ги преземе новото претседателство на ССМ е отворањето на социјален дијалог, потпишување на колективни договори, интензивирање на соработката со останатите социјални партнери и зголемени активности за прием во Европската конфедерација на синдикати.Досегашниот лидер на ССМ, Муратовски кој деновиве ја постапката за негова смена ја оцени како нелегитимна, за утре најави пресконференција на која ќе го искаже својот став околу најновите збиднувања во Синдикатот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

