Македонија
МОСТ ќе ја следи работата на шест општини
Граѓанска асоцијација МОСТ во наредната години ќе ја набљудува работата на советниците во шест општини во Македонија и ќе ги информира граѓаните за работата на нивната локална самоуправа, пренесува Макфакс
За таа цел во понеделник во Скопје извршниот директор на МОСТ Дарко Алексов потпиша Меморандум за соработка со градоначалниците на Крива Паланка, Штип, Гостивар, Могила, Дебарца и Осломеј.Во рамките на проектот „Одговорна, транспарентна и кооперативна локална самоуправа“, граѓаните ќе бидат информирани за учинокот на советниците, за процесот на јавни набавки во општината, а ќе добијат и можност да дебатираат за приоритетите на нивната општина.„Целта е на граѓаните да им обезбедиме поголем број на информации за работата на нивните претставници во општините, а со тоа да поттикнеме поголемо граѓанско учество во процесите на донесување одлуки и креирање политики“, рече Алексов.Тој информираше дека со овој проект ќе бидат опфатени 110 советници, а собраните податоци ќе бидат доставени до над 172.000 граѓани.Изборот на општините е направен врз неколку критериуми, како што се географска местоположба, демографските карактеристики, бројот на жители, бројот на советници, како и бројот на вработените во администрацијата
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Гази Баба и Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците од ул. Товарник бр. 3, како и дел од корисниците од ул. Среќко Пужалка. (општина Гази Баба)
– во периодот од 09.00 до 16.00 часот, дел од корисниците од улиците Кичевска и Рафаел Батино. (општина Ѓорче Петров)
Македонија
Утрински минусни температури, кон крајот на денот се очекуваат локални врнежи од снег
Променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во западните делови ќе има локални врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -12 до -2, а максималната ќе достигне од -2 до 8 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до -7, а максималната ќе достигне до 6 степени.
Времето во наредните денови
Денеска кон крајот на денот, во текот на ноќта и во среда се очекуваат повремени врнежи претежно од снег. Во четврток ќе биде претежно облачно, а во петок ќе преовладува умерено облачно време со сончеви периоди. По котлините ќе има услови за појава на магла. Од сабота, најпрво во западните делови, а потоа насекаде, повторно се очекуваат врнежи од дожд и снег
Македонија
Утре променливо облачно време со локални врнежи од снег
Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во западните делови ќе има локални врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, информира УХМР.
Минималната температура ќе биде во интервал од -12 до -2, а максималната ќе достигне од -2 до 8 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до -7, а максималната ќе достигне до 6 степени.
Утре кон крајот на денот, во текот на ноќта и во среда се очекуваат повремени врнежи претежно од снег. Во четврток ќе биде претежно облачно, а во петок ќе преовладува умерено облачно време со сончеви периоди.
По котлините ќе има услови за појава на магла.
Од сабота, најпрво во западните делови, а потоа насекаде, повторно се очекуваат врнежи од дожд и снег.

