Контакт

Македонија

Иванов: Изнаоѓањето решение за името е во интерес на Македонија

Објавено пред

Македонија е страната која бара и е подготвена за изнаоѓање взаемно прифатливо решение во спорот во името, е пораката што на попладневната средба претседателот Ѓорге Иванов му ја пренел на шефот на шпанската дипломатија, Мигел Анхел Моратинос

dobivaj vesti na viber

„Претседателот Иванов нагласи дека наспроти впечатокот кој што се создава во меѓународната јавност, Република Македонија е страната која бара и е подготвена за заемно прифатливо решение, бидејќи Македонија е таа која ги чувствува последиците од опстојувањето надвор од евроатлантските структури. Претседателот Иванов нагласи дека доколку постои сериозна и реална подготвеност и политичка волја кај нашиот јужен сосед, и доколку решението се бара во рамките на резолуциите на ОН и меѓународното право, до компромис може да се дојде“, се вели во соопштението од претседателскиот кабинет.Министерот Моратинос рекол дека е охрабрен од посветеноста на Македонија за изнаоѓање на заемно прифатливо решение за прашањето на името и изразил надеж дека за време на шпанското претседателство би можело да биде одреден датум за отпочнување на преговорите со ЕУ.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Надлежните се борат со 11 активни пожари: Гори кај Прилеп, Македонски Брод, Штип

Објавено пред

Според најновите информации, на територијата на државата се евидентирани вкупно 25 пожари на отворен простор. Од нив, 11 се сѐ уште активни, 3 се под контрола, додека 11 се целосно изгаснати.

dobivaj vesti na viber

Активни пожари се регистрирани во неколку региони. Во источниот дел, пожарите зафатија подрачја кај селото Нивичино, планината Голем Готен и Малешевските Планини, каде што гори нискостеблеста шума и грмушки. Во Прилеп гори на две локации – кај селото Бешиште, со проширување кон Градешница и кон границата со Грција, како и кон селото Дрен. Во Македонски Брод активни се два пожари – кај селото Црешнево и меѓу селата Локвица и Крапа.

Штипскиот регион се соочува со пожар меѓу селата Драгоево и Селце, а во Карбинци гори кај селото Јунузлија. Во близина на Скопје, пожар е активен кај селото Гумалево во општина Зелениково. Во северниот дел на државата, активни пожари се бележат и кај селото Руѓинце во Старо Нагоричане, како и во Куманово – во населбата Ристово Трло и кај селото Романовце.

Три пожари се ставени под контрола. Станува збор за пожарите кај селото Грешница во Македонски Брод, меѓу селата Церово и Групчин во општина Желино и на улицата Брсјачка Буна во Шуто Оризари, каде што гореше дива депонија.

Изгаснати се 11 пожари во различни делови на државата, меѓу кои во Шуто Оризари кај Општината, кај касарната во Прилеп, во селата Долно Перово и Прељубје во Ресен, како и во неколку населени места во Кочани, Куманово, Липково и Гостивар.

Надлежните служби остануваат на терен и продолжуваат со активности за справување со активните пожари и заштита на населението и природата.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Тошковски: Вложуваме во нашите луѓе – во нивната обука, џудо тренинг сесии со врвен тренер

Објавено пред

Министерот за внатрешни работи Пначе Тошковски денеска во Центарот за обука во Идризово присуствуваше на џудо тренинг сесија на полициските специјалци со инструктор од Интернационалната џудо федерација специјализиран за обука на полициски и армиски специјални единици. Оваа соработка произлегува од неодамна Меморандум за соработка помеѓу министерствата за внатрешни работи и министерството за спорт и Меморандумот за разбирање помеѓу Националната џудо федерација и Европската џудо федерација кој беше потпишан на Европското првенство во џудо за кадети кое се одржа во Скопје минатиот месец.

dobivaj vesti na viber

„Вложуваме во нашите луѓе – во нивната обука, знаење и подготвеност. Градиме силна, професионална и подготвена полиција, способна да одговори на современите безбедносни предизвици и ефикасно да се справува со криминалот. Затоа, особено внимание посветуваме на континуираната физичка подготвеност посебно на специјалните единици. Овие тренинг сесии со врвен џудо тренер се со директен ангажман на претседателот на европска џудо федерација Ласло Тот. Неодамна преку министерството за спорт и европската џудо федерација ја опремивме салата со специјализираните душеци – татами и кимона за полициските службеници. Планираме и за во иднина сеопфатни програми за физичка обука на полициските службеници“, потенцираше министерот Тошковски.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Грета Тунберг по Тетово стигна во Скопје, ќе дискутира за империјализмот и ќе протестира за спас на Дошница

Објавено пред

Еко-активистката Грета Тунберг преку видео-обраќање на Инстаграм соопшти дека се наоѓа во Скопје и дека ќе учествува на неколку настани поврзани со социјални и еколошки прашања во Македонија.

dobivaj vesti na viber

Таа најави присуство на јавната дискусија што ќе се одржи во Социјалниот центар „Дуња“ под наслов „Стоп за воената машинерија: Борбата против империјализмот и капиталистичките војни“.

Во обраќањето, Тунберг додаде и дека ќе се приклучи на протестната блокада за спас на реката Дошница на планината Кожуф, која е најавена за утре.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Гласни идеи (@glasniidei)

Таа истакна дека настаните во Газа не се изолирани од климатската криза, а според неа, тоа е истиот насилен систем изграден врз експлоатација, окупација и профит над животот.

Активистката ја спомена и одлуката на македонскиот парламент, кој вчера гласаше против испраќање хуманитарна помош во Газа, додавајќи: „Мора да застенеме солидарно, да се поврземе и да се спротивставиме заедно“.

Грета вчера беше во Тетово, каде што ја посети новата локација на Општествено-културниот центар, која се уредува со заеднички волонтерски ангажман и поддршка од меѓународни партнери. Пред да пристигне во Македонија, Тунберг учествуваше на протест во Тирана, каде што повика на итен прекин на израелската опсада врз Газа и остро ја осуди.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Надлежните се борат со 11 активни пожари: Гори кај Прилеп, Македонски Брод, Штип

Според најновите информации, на територијата на државата се евидентирани вкупно 25 пожари на отворен простор. Од нив, 11 се сѐ...

Македонија2 часа

(Видео) Грета Тунберг по Тетово стигна во Скопје, ќе дискутира за империјализмот и ќе протестира за спас на Дошница

Еко-активистката Грета Тунберг преку видео-обраќање на Инстаграм соопшти дека се наоѓа во Скопје и дека ќе учествува на неколку настани...

Македонија4 часа

Се’ уште се трага по девојчето кое го одвлече Вардар – 29-годишната соселанка се обидувла да го извлече од водата

Прпиадници на полицијата, армијата, нуркачи, кајакари се во интензивна потрага по 16-годишното девојче од селото Уланици, Градско, кое вчера беше...

Топ6 часа

Влегол на Онкологија и крадел од пациентите – притвор за 60-годишник

Скопското Обвинителство поведе постапка против 60-годишник осомничен за тешка кражба. Кражбата ја извршил на Клиниката за радиотерапија и онкологија, каде...

Македонија6 часа

Мицкоски: Ќе ме прогласат за конзервативен, но за мене создавањето семејство е патриотизам, следната година ќе има поробусна акција од сегашната

Уште поробусна акција за подобрување на демографската слика на земјава најави премиерот Христијан Мицкоски за следната година во споредба се...

Македонија10 часа

Со 130 илјади евра ќе се спасува инвестицијата на Калето од 4,6 милиони евра: од 2026 музеите ќе бидат пуштени во употреба

Стотина сезонски работници од општините Кисела Вода, Бутел, Ѓорче Петров, Аеродром и Гази Баба утрово ја искосија тревата и ги...

Топ10 часа

55-годишен скопјанец пронајден починат во водите на Охридското Езеро

Вчера во 12.15 часот во ОВР Струга било пријавено дека во водите на Охридското езеро на струшкото крајбрежје било забележано...

Македонија10 часа

Коцевски ги отфрла наводите во интерпелацијата: Функцијата ја вршам чесно и одговорно

Функцијата ја вршам чесно и одговорно, со максимално почитување на начелата на транспарентност и отчетност, одговори јавниот обвинител Љупчо Коцевски...

Македонија11 часа

Претседателката на антикорупциската, Татјана Димитровска, поднесе оставка

Кабинетот на претседателот на Собранието информира дека претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Татјана Димитровска, денес до...

Македонија11 часа

Продолжува пoтрагата по 16-годишното девојче, кое потона во реката Вардар

Центарот за управување со кризи извести дека од рано изутрината на самото место се ангажирани припадници на МВР, специјалната единица...

Македонија11 часа

(Фото) Канабис, луксузна облека и цигари запленети на граничните премини – спречен влез на мигранти

Царинските службеници на граничните премини и мобилните царински тимови при Секторот за контрола и истраги во текот на изминатите денови...

Македонија11 часа

Арсовска до Меџити: Тоа е таа насмевка кога успеваш за криминал и за перење 225 милиони евра црни пари ниеден новинар да не ти постави прашање

„Тоа е таа насмевка кога успеваш за криминал и за перење 225 милиони евра црни пари преку дивоградби ниеден новинар...

Македонија12 часа

Седум активни пожари во земјата

Центарот за управување со кризи извести дека во последниот ден, до 8 часот утрово, во земјава се евидентирани вкупно 33...

Македонија12 часа

Бујар Османи во ОБСЕ беше гласноговорник на интересите на Вучиќ, а не на граѓаните на Косово, велат од „Вреди“

„Вреди“ сериознo ја потенцира улогата на Бујар Османи како претседавач со ОБСЕ, особено неговите последни активности поврзани со ” планот...

Топ13 часа

Кривична пријава против директорка на Специјализираната болница – Отешево: ја злоупотребила службената положба

СВР Битола поднесе кривична пријава против 68-годишната А.П. од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба...

Свет14 часа

Стармер: Страдањето и гладот што се случуваат во Газа се неописливи

Британскиот премиер Кир Стармер изјави дека страдањето и гладот што се случуваат во Газа се „неопислива и неоправдана“ хуманитарна катастрофа....

Свет15 часа

Франција: Ќе ја признаеме палестинската држава во септември; САД: Непромислена одлука

Американскиот државен секретар Марко Рубио вчера изјави дека Вашингтон го отфрлил планот на францускиот претседател Емануел Макрон за признавање на...

Свет15 часа

Тајландската војска: Камбоџа нè бомбардира, ние одговоривме

Војската на Тајланд денеска соопшти дека судирите меѓу тајландските и камбоџанските трупи продолжиле, при што Камбоџа користела тешко оружје, вклучувајќи...

Свет15 часа

(Видео) Илјадници демонстранти во Тел Авив, бараа прекин на огнот во Газа

Илјадници демонстранти се собраа вчера вечер на плоштадот Хабима во Тел Авив, барајќи итен прекин на огнот во Појасот Газа...

Македонија16 часа

Метеж на Табановце и на Богородица, се чека 40-ина минути

Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е...