Контакт

Македонија

Нема сила што ќе ја натера Македонија да го смени името

Објавено пред

Ако Македонија одлучи да го задржи уставното име, нема сила која може да ја присили да го промени, изјави поранешниот државен секретар на САД Лоренс Иглбергер

dobivaj vesti na viber

Иглбергер во ексклузивното интервју за емисијата „Отворено со народот“ на програмата на МТВ коие го пренесуваме интегрално, рече дека не постои никаква причина македонскиот народ да го смени името што го носи  долго време.Како што веројатно знаете вчера една грчка делегација, која се состоеше од амбасадорот  Александарос Маљас, Професор КОФОС и други имаа интервју со македонските медиуми во кое објавија дека дошле во Македонија на мисија која тие ја нарекуваат ,,на добра волја”, да придонесат кон решението на конфликтот меѓу Македонија и Грција во поглед на прашањето за името. Тие објавија дека дошле со конкретен предлог да го заменат постојното име под кое Македонија е меѓународно позната (Поранешна Југословенска Република Македонија) со ,,Северна Република Македонија”. Понатаму, тие образложија дека етничкиот идентитет на Македонците ќе биде наведен како ,,Македонски” во латинска транскрипција, за да се разликува од зборот ,,Македонас”, кој ќе важи за грчките Македонци. За македонскиот јазик, тие ја предлагаат придавката ,,Македонски”.Само Господ знае што значи сево ова и чии интереси се зад оваа неприфатлива апсурдност која се коси не само со секој човечки принцип под сонцето туку и со логиката на употребата на англискиот јазик, како семантички така и ортографски.- Не гледам никаков смисол за тоа кој е предлогот на грците, но искрено, нема никаков смисол, и не гледам зошто не можат едноставно да го прифатат фактот дека Поранешната Република во рамките на Југославија, Македонија беше така крстена и така било многу, многу години и не гледам никаква причина зошто вие би требало да го промените вашето име за да се тие среќни. Натаму, не сум воопшто сигурен дали, ако овој предлог се прифати од страна на македонската влада, не сум воопшто сигурен дека грчката влада би го прифатила. Дали можат да го гарантираат тоа? Внимавајте, јас не мислам дека треба да го прифатите, но тоа е сосема друга работа.До 1988, во Грција никој не смеел да каже ,,Македонија”. Знаете дека тој дел се викал Северна Тракија, Северна Грција, потоа го преименуват во Македонија, исто така го сменија името на аеродромот во Солун во ,,Македонија”. Кој е вашиот коментар за ова?- Мојот единствен коментар за целава работа е тоа дека јас верувам дека грчката влада беше невообичаено, добро не невообичаено, но доста згреши со тоа што го покрена прашањето за тоа како вие сакате да се викате. Ова не е првпат во историјата два ентитети да го имаат истото име, и не треба да биде нешто за кое што грчката влада треба да се грижи и да ги носи своите приговори колку што ги однесоа досега, да ја уценуваат македонија во поглед на европскиот пазар и во поглед на НАТО, јас мислам дека е непотребно и погрешно.Нешто во врска со идентитетот и јазикот. Тие велат дека имаат предложено ,,Северна Република Македонија” но јазикот и идентитетот би биле со латински букви. Што мислите, веројатно сакаат да промовираат некоја нова националност?- Не знам што мислат. Навистина немам поим што сакаат да сторат со нивниот предлог, не ја разбирам препирката од почеток, Македонија, т.е. вашата Македонија треба да си има какво име сака и грците треба да прават што сакаат со нивниот дел Македонија, ако сакаат да го нарекуваат тој дел Македонија тоа е нивна работа, мислам дека не треба да се грижите за тоа што прават тие во нивниот дел, и секако немаат тие што да бараат да го покренуваат прашањето кога сте вие засегнати.Во изјавата на амбасадорот Маљас за новинарите во Скопје: ,,Грчката влада е подготвена, знам дека нашата јавност би сакала да види решение за името и јас се потпирам на мудроста на лидерството на нашата земја и улогата на медиумите кои можат да играат како катализатор, да се подготви простор за тоа дека решение може да биде најдено, на база на предложеното име Република Северна Македонија. Мојата најискрена надеж е дека вашето лидерство кореспондира со очекувањата на меѓународната заедница.”- Мојот коментар на сево ова е, најискрено, како да го кажам ова? На некој начин, не е моја работа како вие сакате да се нарекувате, секако дека не е моја работа во поглед на прашањето меѓу Македонија и грчката влада, но штом го кажав тоа, како приватен граѓанин, ме прашувате за моите ставови и јас мислам дека грчката влада – претпоставувам дека овој предлог кој го дал грчкиот господин би бил прифатен од грчката влада, едноставно не гледам никаква потреба да се преземе што било во врска со името, работа на Македонија е како ќе се нарекува, исто како што е и работа на Грција како тие ќе се нарекуваат и деловите од Грција, до нив е како ќе ги носат тие одлуки, но до Македонија е како таа ќе одлучи да се нарекува, и никој не треба да влегува во оваа дискусија, треба да си го решат грците и македонците, но ако мене лично ме прашувате, се работи за апсурден предлог и грците едноставно треба да остават сé на мира.Неодамна, пред три недели, во центарот на Атина, се организираше по повод националниот празник, на кој присуствуваше дипломатскиот кор, а ова е трет пат по ред, војниците на грчката армија, секако и на НАТО, бидејќи Грција е НАТО членка, извикуваа фашистички пораки. Пораката вели:Од македонските кожи, албанските и турските, ќе направиме обувки и облека. Никој не реагираше, ниту грчката власт се извини. Значи прашувам, дали заслужува една членка на НАТО така да се однесува? Како поранешен државен секретар, како го оценувате сево ова?- Ќе ви кажам, прво, фактот што ова го збореле грчки војници, и дека во паролите спомнале македонци, албанци и сето тоа, речиси е расистички да се кажуваат овие работи, и да се вели дека ќе се направат обувки од нив, погрешно е во секој поглед, и не прави разлика дали Грција е во НАТО или не, погрешно е во кои било услови. Не се кажуваат такви работи за која било земја, и не се заканува така, освен ако не ви е грижа за тоа што го велите или со што се заканувате и поради таквото однесување во минатото доаѓало до војни, искривено е и не треба да се дозволи да војници го кажуваат тоа, тие треба да се казнат, претпоставувам дека им било речено да го кажат инаку не би го кажале.Дали мислите дека нашиот јужен сосед се обидува да промовира некаков нов народ на Балканот или некоја непозната, новосоздадена мутантска нација? Г-не секретар, ова мене ми мириса како уште еден обид да се спроведе психолошка војна против македонскиот народ и да се создаде клима на конфузија која тие очекуваат дека ќе доведе до целосна трансформација на македонското име и национален идентитет.- Па не знам. Мислам.Видете, јас се согласувам со вас…мислам, се согласувам и не се согласувам. Видете, поентата е дека можам да видам дека грчката влада повторно се обидува да ја наметне својата позиција врз македонското име, и се обидува повторно да  ве убеди да ја смените својата, но нема да успее, вие ќе бидете исто толку цврсти по ова прашање како што сте биле досега и најискрено мојата препорака е да не дозволите овие работи од вашиот сосед да ве тревожат бидејќи фактот е дека… ќе нагласам:  да останете смирени и цврсти, онаму каде што сте…ако вие одлучите дека сакате да менувате, тоа е до вас, но додека Македонија одлучува дека не сака да го промени името, дека не сака компромис по ова прашање, тогаш само останете цврсти, но смирени, нема што тие можат да направат што ќе ве присили да го промените. До вас е да одлучите дали сакате да го промените или не.Пак,ќе повторам, а тоа е , додека Македонија одлучува дека не сака да го промени името, дека не сака компромис по ова прашање, тогаш само останете цврсти, но смирени, нема што тие можат да направат што ќе ве присили да го промените. До вас е да одлучите дали сакате да го промените или не.Секогаш бевте јасен и  ги браневте правата на македонскиот народ да бидат она што секогаш сакале да бидат, македонци, и сте ги критикувале апсурдните барања на грците. Свесни сме дека Македонија е мала земја со несигурна положба во меѓународната заедница и дека сама веројатно не може адекватно да се одбрани против влијанието на Грција во меѓународните организации како што се ЕУ, ООН и НАТО. Зошто мислите дека има толку запрепастувачки недостиг од реакции и помош од меѓународната заедница, кога е јасно дека на Македонија и се заканува поголемата, подобро поставена Грција?- Не можам да одговорам на тоа. Не знам зошто. Веројатно единствениот начин…прво, треба да разберете дека на пример тука во САД многу луѓе не знаат за ова прашање, не е во весниците често, така што многу луѓе овде едноставно не знаат дека има препирка меѓу ВАШИТЕ ДВЕ ЗЕМЈИ. .  Според мене Мњѓународната заница треба да има пооштри тонови и критики кон Грција  за сето  тоа што ви го брават  Грците,.Дали имате каква било причина да верувате дека би можело да има заговор против македонската национална држава и идентитет од страна на грците и нивните сојузници?- Не, немам никаква причина да верувам во тоа. Претпоставувам дека е вистина, но мислам дека ова е само политичко прашање во поглед на Грција и мислам дека грчката влада, т.е. владите го користат ова прашање за некои од другите прашања која ја мачеа Грција во последно време, вклучувајќи ја и катастрофалната економска ситуација. Што ќе им порачате на (Г-н Маљас, Кофос итн.) кои во Охрид спроведе драматизирана симулација на договор меѓу македонската и грчката страна заснован целосно врз грчките предлози и желби. Овој настан ќе се емитува на телевизија и до јавноста. Ве молам, дали можете да го искоментирате ова?- Прво, сакам да знам, кој ја спонзорира оваа работа во Охрид? А се  подразбира кој тоа  што ќе го кажам е…како поинаку да го речам…ако македонците и македонската влада сакаат да го променат името за да ги исполнат грчките барања, тоа е работа на Македонија. Јас нема да советувам ниедна страна во тој поглед. Ако не сакаат да го променат името, тогаш треба да стават до знаење на сите дека нема да го променат името, дека тоа е името што отсекогаш сте го имале и дека ќе продолжите да го имате и да го поддржуваат името Македонија, ќе игнорираат какви било закани и нема да ги понесат закани од Грција или кој било друг. Ова е важен фактор: не се ставајте во ситуација каде би имало пукање меѓу двете влади, тоа би било многу лошо и многу опасно. Останете мирни, знајте дека сте во право и останете таму.Пред неколку месеци изјавивте дека Грција треба да биде загрижена за ситуацијата доле во Грција, односно Грците да бидат претпазливи за идејата на Албанците за голема Албанија, а не да се загрижи за Македонија дали ќе го има името Македонија? Ова ќе го поврзам како констатација, можеби оваа идеја се повампирува, бидејќи кога албанскиот претседател ја посети Македонија, тој говореше во име на сите албанци. Дали мислите дека може да се случи тоа со се случи тоа со голема Албанија? – Цело време велам дека мислам дека прашањето за голема Албанија, ако земеме предвид дека голем број албанци живеат надвор од Албанија, е можност, и ако има проблем овде, грчката влада треба да биде позаинтересирана да го реши тоа, бидејќи таму би можело да има обиди да се апелира до албанците кои живеат во Грција, би било многу помудро да се зборува за наоѓање на решение за тоа прашање, наместо за прашањето за името Македонија. Да, јас се согласувам со вас дека ова е напнат проблем и треба веднаш да се реши пред да стане преголем.Вашиот претседател Џорџ Буш Постариот ја призна Македонија уште од нејзината независност. Неговиот син, Џорџ Буш Јуниор, ја призна под уставното име. Дали треба да ви се извиниме што не признавте под уставното име бидејќи меѓународната заедница врши притисок да го смениме името? И како ќе не ословувате вие?- Како да одговорам на ова прашање бидејќи јас не мислам дека треба да го промените името! И јас мислам дека првиот претседател Буш, претседателот под кој јас работев, под кој јас служев, мислам дека беше во право и мислам дека беше одличен претседател и двајцата, и тој и неговиот син, колку што знам, ве поддржуваа да си го задржите името такво какво што е, и мислам дека тоа е исправно и јас ништо не би променил лично и не би се обидувал да смислам какво би било името бидејќи јас не мислам дека треба да го смените.Дали доколку не го смениме името, некој ни се заканува дека може да дојде до дестабилизација на Македонија, да дојде до етнички тензии, албанскиот народ да се повлече и да се федерализира Македонија? Дали Америка ќе дозволи такви нешта? Претседавачот со ЕУ – Шпанија деновиве во центарот на Скопје соопшти дека независно од прашањето со името, Европската унија ќе и одреди датум за преговори. Од друга страна некои велат дека ако не го смениме името, може да дојде до радикализација во меѓуетничките односи, користејќи ги албанците како предмет. Дали Америка би дозволила повторно оган на Балканот, имајќи предвид дека Америка потпиша технички договор за поддршка со Македонија?- Многу е тешко да предвидам што би сторила оваа администрација во САД, не го знам претседателот денес, не знам какви би му биле политиките во поглед на Македонија или Грција, но сепак мислам дека би било признаено во  Вашингтон дека за да дојде до вистинска опасност од конфликт во тој дел од светот, дека САД би сториле она што е потребно за да се спречи тој конфликт. Не можам да ви кажам и не знам колку би биле САД подготвени да ја присилат ситуацијата во мирување…не можам да ви кажам дали САД би биле подготвени да испратат војници во таков реон ако има некаква војна или не, тоа би зависело од овој претседател и оваа администрација, не знам како би реагирале во тој случај, но треба да запомните една работа, која е: САД имаат војници во Авганистан и Ирак и такви места и станува сé потешко американскиот народ да ги поддржува нашите војници низ светот на овој начин. Не велам дека не би сториле нешто да спречат војна на Балканот, мислам дека би било многу опасно да не го сторат тоа, се надевам дека владата на САД би сторила сé да спречи војна на Балканот но не можам да го гарантирам тоа – јас не сум веќе во владата, и зависи од оваа администрација да го стори она што е потребно, можам да ви кажам дека да бев јас уште на власт ќе препорачав до претседателот…Кој би бил вашиот совет до грчките политичари?- Нема тие да ме слушаат мене. Мојот совет до сите, на двете страни, е дека треба да оладат, треба да сторат сé што можат, како во Македонија така и во Грција за да избегнат конфликт, да ги избегнат проблемите кои сега се случуваат и најискрено, Грција треба да ја остави Македонија и нејзиното име на мира, тоа е до Македонија да одлучи, не некој друг, и до македонците, мојот совет би бил, ако сакате да го задржите името останете мирни, и покажете дека нема да го промените но потоа обидете се да ги оладите работите, обидете се да ги спречите двете страни, и вашата и грчката, од некои непромислени постапки кои би можеле да доведат до конфликт, и со трпение ова прашање ќе се реши.

Македонија

(Видео) ДИК со првични неофицијални резултати од повторените локални избори во четири општини

Објавено пред

Државната изборна комисија (ДИК) вечерва ги објави првичните, неофицијални резултати од повторените избори во општините Врапчиште, Гостивар, Маврово Ростуше и Центар Жупа.

dobivaj vesti na viber

Врапчиште (излезност 32,37%)
– Исен Шабани (НАИ) – 5.355 гласа
– Зулхајрат Демири (Група избирачи) – 3.028 гласа

Гостивар (излезност 30,34%)
– Ваљбон Лимани (НАИ) – 14.519 гласа
– Невзат Бејта (ВЛЕН) – 7.174 гласа

Маврово Ростуше (излезност 28,51%)
– Онер Јакуповски (ВМРО-ДПМНЕ) – 1.906 гласа
– Анес Ахмети (СДСМ) – 938 гласа

Центар Жупа (излезност 13,26%)
– Аријан Ибраим (Демократска партија на Турците во Македонија) – 973 гласа

Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, рече во текот на утрешниот ден Комисијата ќе ги соопшти првичните официјални резултати, по приемот и обработката на записниците од сите избирачки места.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Мицкоски: Победата во Маврово-Ростуше е знак дека граѓаните наградуваат резултати, а кланот на Филипче доживува нов дебакл

Објавено пред

„Денешниот изборен ден во четирите општини помина во демократска, мирна и достоинствена атмосфера. И покрај тешките временски услови и одредени технички предизвици, граѓаните слободно и одговорно го остварија своето право на глас. Тоа е јасна и недвосмислена потврда за демократскиот капацитет на државата и важна инвестиција во нејзината стабилност“, кажа на прес-конференција, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

dobivaj vesti na viber

„Овие избори покажаа дека институциите функционираат и дека демократските процеси се зацврстуваат. Во време на сериозни регионални и глобални предизвици, ова е вредност што мора да се чува и надградува, без разлика на политичките разлики. Во општина Маврово-Ростуше, ВМРО-ДПМНЕ оствари убедлива и многу важна победа. Онер Јакупоски е новиот градоначалник! Победа повеќе од двојна со над 1000 гласови разлика. Честитки за Онер, за сите симпатизери и за сите граѓани на Маврово-Ростуше. Оваа победа не е само локален резултат. Таа е јасна политичка порака. Порака дека граѓаните препознаваат работа, присуство на терен и одговорност. Порака дека не се наградуваат празни зборови, туку резултати“, истакна Мицкоски.

Оваа победа, вели тој, е „резултат на концептот што доследно го градиме: скромност, многу работа и реални решенија за секојдневните проблеми на граѓаните“.

„Во другите општини, изборната трка се водеше меѓу кандидати на други политички партии. Но целокупната политичка слика е повеќе од јасна. Со денешниот ден се заокружува резултатот од локалните избори во Македонија. ВМРО-ДПМНЕ победи во вкупно 56 општини во државата. СДСМ во 6. Тоа не е случајност. Тоа е јасен политички суд на граѓаните. Ова претставува уште еден тежок дебакл за СДСМ и за актуелното раководство на таа политичка партија. По историскиот пораз на локалните избори во 2025 година, денешните избори се само потврда дека изиграната доверба има последици. Партијата која на национално ниво освои околу 140 илјади гласови не може сериозно да зборува во име на мнозинството, ниту да се претставува како силна и кредибилна опозиција“, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Според Мицкоски, „проблемот на СДСМ не е само во изборните бројки“.

„Проблемот е многу подлабок. Тоа е пораз на политика што со години произведуваше криминал, конфликти, национални предавства и деструкција. Политика што ја држеше државата во место и ја трошеше енергијата на граѓаните. Затоа мора јасно да се каже: не станува збор само за блокади. СДСМ мора конечно да се соочи со сопственото коруптивно минато и со криминалците во своите редови. Без тоа расчистување, без јасна дистанца од корупцијата и криминалот, нема ниту кредибилитет, ниту доверба, ниту иднина оваа политичка партија. Македонија нема потреба од политика на навреди и ниски удари. Граѓаните се презаситени од политиканти кои бараат заштита во политиката за сопствените гревови. Оваа држава има потреба од борба на идеи, визии и програми. Од одговорна политичка конкуренција, а не од тоа кој погрубо и поневоспитано ќе навреди. Од другата страна е концептот што победува. Концептот на ред, стабилност и одговорност. Концептот на проекти, мерки и резултати. Концептот на држава што стои исправено и работи за своите граѓани, а не за тесните клановски интереси. Кланот на Венко Филипче доживува нов дебакл и тоа е резултатот кога се води политика на соопштенија напишани во други држави, а не борба на концепти и интересите за своите граѓани“, вели Мицкоски.

Прикажи повеќе...

Македонија

МВР: Повторените локални избори завршија без нарушувања на јавниот ред и мир

Објавено пред

Локалните избори кои се одржаа во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одржаа во мирна, фер и демократска атмосфера, информираат од Министерството за внатрешни работи.

dobivaj vesti na viber

„МВР во текот на целиот ден презеде мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. Не беа регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир“, стои во известувањето од МВР.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет7 часа

(Видео) Иран во пламен – објавени нови снимки од протестите, додека бројот на загинати надмина 500

Бројот на загинати во протестите во Иран се искачи на 538 лица, објави Ројтерс. Меѓу нив се 490 демонстранти и...

Свет8 часа

Трамп размислува за можна воена интервенција во Иран, вели Си-Ен-Ен

Претседателот на САД, Доналд Трамп, разгледува низа можни воени опции за Иран по смртоносните протести во земјата, изјавија двајца американски...

Свет15 часа

Стармер преговара со европските сојузници за испраќање на воени сили на Гренланд

Британскиот премиер Кир Стармер е во преговори со европските сојузници за распоредување на воени сили на Гренланд, со цел да...

Свет15 часа

Францускиот министер за надворешни ги повика САД да престанат со „уцената“ за Гренланд

Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро ги повика САД да „престанат да ја уценуваат“ Данска за да добијат директна...

Свет15 часа

Иран ги предупреди американската војска и Израел дека ќе бидат „легитимни цели“ ако САД нападне поради протестите

Иранскиот парламент денеска се состана за да разговара за смртоносните антивладини протести кои беснеат повеќе од две недели. За време...

Свет16 часа

Болниците во Иран преплавени со повредени од протестите, доктори опишуваат „ужасни сцени“

Протестите во Иран продолжуваат, а улиците на градовите, особено Техеран, се исполнети со илјадници демонстранти, и покрај блокадата на интернет...

Свет16 часа

Вашингтон одржа „прелиминарни“ разговори за потенцијален удар врз Иран, објави Волстрит журнал

Американски официјални лица разговарале за планови за можни напади врз Иран, вклучувајќи потенцијални цели, објави Волстрит журнал, повикувајќи се на...

Македонија1 ден

Детален список: каде целосно ќе се забранат сите видови цигари со новиот закон за заштита од пушење

Државата подготвува целосно нов и значително построг Закон за заштита од пушење, со кој драстично се заоструваат правилата за употреба,...

Македонија1 ден

Состојба по обилните дождови во Македонија: пресек на ЦУК до 18:30 часот

Центарот за управување со криви направи пресек на состојбата по обилните врнежи до 18:30 часот. Источен регион – Штип Во...

Македонија1 ден

УХМР: Водостоите остануваат високи, вечерва се очекува заладување и снег

Според податоците од хидролошките станици се уште е висок водостојот на река Сатеска, како и на река Коселска кој почнува...

Македонија1 ден

ЈСП Скопје: Ниските температури и снегот може да предизвикаат изменето сообраќање на автобусите

Јавното сообраќајно претпријатие Скопје ги информира корисниците на јавниот превоз во Градот Скопје дека, поради ниските минусни температури и најавените...

Топ1 ден

18-годишникот кој со автомобил усмрти жена во Капиштец немал возачка, од Македонија избегал преку Табановце

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за – Тешки дела...

Македонија1 ден

Николоски на терен: Сите патишта се проодни, снегот редовно се чисти од Македонија пат

Сите патишта во државата се проодни благодарение на макотрпната работа на луѓето од Македонија пат, кои даваат се’ од себе...

Свет1 ден

Хамнеи ѝ нареди на Револуционерната гарда да ја преземе контролата: Иран во најголема готовност досега

Иранскиот врховен лидер, ајатолахот Али Хамнеи, ѝ нареди на Револуционерната гарда да ја преземе главната улога во справувањето со протестите...

Свет2 дена

Сè што треба да знаете за протестите во Иран

Ако штотуку дознавте за растечките протести во Иран, имаме брз преглед на тоа што стои зад оваа тековна ситуација. Протестите...

Топ2 дена

18-годишниот возач кој вчера прегази жена во Капиштец избегал од државата, МВР распиша потерница

СВР Скопје поднесе кривична пријава против четири лица во врска со вчерашната сообраќајна несреќа на ул. „Народен фронт“ во Скопје...

Македонија2 дена

Денеска гласаат болните и затворениците пред повторните избори за градоначалници во четири општини

Денес се спроведува гласањето на болните или немоќни лица и лицата кои се на издржување на казна затвор за повторните...

Свет2 дена

(Видео) „Се враќам во земјата за да бидам со луѓето“ – синот на поранешниот шах на Иран повика на протести

Реза Пахлави, син на покојниот поранешен ирански шах, кој живее во Вашингтон, ги повика демонстрантите во Иран да продолжат со...

Европа2 дена

Растат цените на становите во ЕУ – Унгарија рекордер со зголемување од 275%

Во периодот од 2015 до крајот на 2025 година, цените на становите во ЕУ во просек пораснале за 63,6%, додека...

Свет2 дена

(Фото+видео) Катастрофа во Викторија: беснеат стотици пожари, уништени куќи, илјадници без струја

Во австралиската сојузна држава Викторија во последните 24 часа избиле повеќе од 250 пожари, од кои 11 се класифицирани како...