Македонија
МОН ги доби објектите од битолската касарна
Преку проектот „Старите касарни за нов развој-Владата за граѓаните“, денеска во Битола, Министерството за одбрана предаде неколку објекти од касарната „Стив Наумов“ кои во иднина ќе ги користат МВР и МОН
„Дел од објектите во битолската касарна сега ќе бидат во функција на локалниот економски развој, во функција на образованието и други потреби. Очекуваме до 1 јуни да заврши изработката на детален урбанистички план, потоа ќе ја утврдиме почетната финансиската вредност на објектите, а наесен ќе почне процес на девестирање, продажба или издавање и на други објекти“, рече министерот за одбрана, Зоран Коњановски, на денешната средба во Битола.
Министерството за внатрешни работи се стекна со два објекти и простор што ќе го користи СВР-Битола.
„Со овие два објекти се зголемува просторниот капацитет за потребите на МВР и се овозможува физичко раздвојување на СВР-Битола како регионален центар, од полициската станица во Битола и за нас тоа е посебно важно“, рече министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, на средбата со новинарите.
Добиените објекти Министерството за образование и наука одлучи да ги додели на Универзитетот „Св.Климент Охридски“-Битола.
„Секој објект е важен за зголемување на образовното ниво во Македонија и тоа директно влијае врз економското и општественото ниво на развој. Очекуваме битолскиот Универзитет овие нови простории да ги стави во функција со почетокот на новата академска година“ рече министерот за образование и наука, Никола Тодоров.
Касарната „Стив Наумов“ во Битола се наоѓа во непосредна близина на центарот на градот, во рекреативната зона под Тумбе кафе и се простира на површина од 98 хектари.
„Во поранешната касарна ќе има нов плоштад, ќе го прошириме градското јадро, ќе има многу содржини што ќе ги предвидиме со деталниот урбанистички план“, потврди битолскиот градоначалник Владимир Талески, додавајќи дека тоа земјиште ќе биде попривлечно за инвестиции.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Во прекин сообраќајот на граничниот премин Евзони
Од 17:30 часот сообраќајот на граничниот премин Евзони (Богородица) е во прекин, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Македонија
Во наредните десет дена изменет сообраќаен режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта
СВР Охрид информира дека од денеска во наредните десет дена, на сила ќе бидат измените на сообраќајниот режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта, општина Дебрца.
„На овој патен потег, сообраќајот ќе се одвива наизменично по левата сообраќајна лента гледано во правец од Охрид кон Кичево поради што, апелираме до возачите, крајно внимателно и со прилагодена брзина да ги управуваат своите патнички и други моторни возила и во согласност со поставената хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација“, соопштуваат од СВР Охрид.
Македонија
СДСМ: „Тефтерчињата“ во судството од времето на Никола Груевски се вратија
„Го сменија јавниот обвинител за да постават обвинител под своја контрола. Сопруга на градоначалник од ДПМНЕ назначија за член на Судскиот совет, поставија партиски човек во Советот за јавни обвинители. ‘Тефтерчињата’ во судството од времето на Никола Груевски се вратија“, велат од СДСМ.
„Сите знаат, следува целосно погребување на правдата. Со неуставна Резолуција во Собранието ДПМНЕ-ЗНАМ ја гушат демократијата, слободата на говор и се обидува да ја замолчи опозицијата да не зборува за договорот мигранти за пари.
Дури и Катица Јанева ја пуштија од затвор. Три години порано ја пуштија надвор од затвор за 3 месеци да тера кампања. Copy-paste сценарија како методите на Никола Груевски и Вучиќ. Режим 2.0.
Затоа е потребен широк фронт за правда на сите слободоумни граѓани, опозициски партии, прогресивни сили, здруженија. Заедно ќе ја одбраниме демократијата, заедно ќе ја одбраниме Македонија!“, се наведува во соопштението на СДСМ.

