Македонија
Фуере: Охридскиот рамковен договор е единствена алтернатива
Изјавите што ги слушнавме дека Охридскиот рамковен договор е мртов беа причина за вчерашната заедничка изјава на мисиите на ЕУ, НАТО, САД и ОБСЕ во Скопје, вели евро-амбасадорот Ерван Фуере
Според евроапбасадорот Ерван Фуере, Охридскиот рамковен договор е единствената алтернатива која ќе осигура добри меѓуетнички односи и напредок на Македонија.„Имавме изјави поврзани со Охридскиот рамковен договор, според кој тој е мртов. Овие изјави не се од помош, поради тоа што луѓето можеби размислуваат за други алтернативи. Ние веруваме дека Охридскиот рамковен договор е единствена алтернатива, дека е важна рамка за одржување на интеретничкиот карактер на Македонија, со цел да се зајакнат меѓуетничките односи, со цел да се осигура дека нема опасност од зголемени тензии меѓу етничките заедници. Затоа е важно да се направат напори да се фокусираме на целосна имплементација на Охридскиот рамковен договор. Ова исто така, ќе осигура меѓусебна доверба. Очигледно е дека има проблем во довербата меѓу различни заедници“, вели Фуере.Тој побара и зајакнат политички дијалог во земјата.„Политичкиот дијалог е доста слаб, нема сомнеж. Коордиднацијата меѓу партиите во Собранието страда, имаме проблеми да се дозволи дебата за важни прашања со кои се соочува земјата, како на пример ‘Скопје 2014’ но и многу други прашања. Сметаме дека е во најдобар интерес да има можност сите овие прашања да бидат дебатирани слободно во Собранието, за да има соодветна доверба меѓу сите граѓани и исто така, да му се даде приоритет на интересот на граѓаните“, вели Фуере.Мисиите на ЕУ, НАТО, САД и ОБСЕ во Скопје во вторник преку заедничко соопштение побараа фокусирање на целосна имплементација на Охридскиот рамковен договор и зајакнат политички дијалог.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Се вршат разговори и се прибираат докази по трагедијата во Карпош, соопшти Обвинителството
Дежурен јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Скопје извршил увид на локацијата во скопската општина Карпош, каде попладнево животот го загубија жена и малолетно дете по пад од зграда.
Од Обвинителството соопштија дека е наредена обдукција на телата, како и обезбедување и анализа на сите траги и материјални докази, со цел да се утврдат причините и околностите на настанот.
„Јавниот обвинител нареди обдукција на телата на починатите и прибирање траги и докази.
Се вршат разговори со повеќе лица кои би можеле да имаат сознанија за причините за настанот“, соопшти обвинителството.
Македонија
„Денес потфрли целиот наш систем“: се огласи братот на жената која заедно со ќерката паднаа од зграда во Карпош
„Иако ми е тешко, сакам да се обратам во име на моето семејство – денес се случи убиство“.
Ова на социјалните мрежи го објави Александар Стојаноски, брат и вујко на починатите мајка и ќерка кои денеска починаа по пад од зграда во скопски Карпош.
Стојаноски во објавата се обрати во име на семејството, обвинувајќи дека институциите потфрлиле, посочувајќи дека жената пријавувала насилство, а институциите не реагирале.
„Иако ми е тешко, сакам да се обратам во име на моето семејство, денес се случи убиство
Денес потфрли МВР, Социјалните служби, денес потфрли целиот наш систем. После години на пријавувано семејно насилство, физичко и психичко насилство врз двете, закани, пријавувања, обид за убиство во сред државна институција, ги загубив внуката и сестрата.
Државата овозможи да згаснат млади животи, ве молам да не шпекулирате што се случило, никој нема да ми ги врати најмилите, но правдата ќе мора да се истера до крај и нема да запреме додека не се случи тоа!
Со оглед на тоа што и покрај сите пријави и случувања, институциите не постапија до сега, барам фокус од јавноста и медиумите за ова, нема да дозволиме да помине само како бројка, правдата мора да го стигне секој еден!
Сестра ми денес требала повторно да иде во социјално, за сите овие работи, а со внуката се слушнавме за Прочка, ми рече – вујче прости ми ако сум ти згрешила нешто … вујчино, прости ми ти, прости на овие неспособни институции, а јас вујче, нема никогаш да простам и да заборавам
Споделете, да не се заборави и изгуби низ нашиот систем“, пишува Стојаноски во објавата.
Македонија
Поради утрешната посета на Руте посебен режим на сообраќај во Скопје
Утре во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, соопшти МВР.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.

