Македонија
МВР:Целта на екстремистичка група не била само Македонија, туку и регионот
Оружјето откриено кај Блаце било на екстремистичка група чија цел не била само Македонија, туку и поширокиот регион.
Ова го изјави министерката за надворешни работи Гордана Јанкулоска при презентацијата на огромното количество оружје кое што во последните два дена го заплени полицијата.„Според количината на оружје, евидентно е дека се работи за група која има потенцијал да направи поголема закана за општата безбедност на граѓаните“, рече Јанкулоска.Таа тврди дека МВР континуирано ја следи безбедносната состојба во Македонија и оваа акција била подготвувана подолго време.Јанкулоска рече дека македонската полиција сè уште нема информации за лицата приведени од страна на косовската полиција, дали биле учесници во завчерашната пресметка со полицијата на македонско-косовската граница.„Се уште немаме потврда дека овие лица се судрија со полицијата, но постојат основани сомневања дека тие се дел од групата“, рече Јанкулоска.Во полициската акција запленети се противавионски митралези, минофрлачи., автоматски пушки, голем број на рачни бомби, гранати, безтрзајни топови, противтенковски нагазни мини, како и противпешадиски нагазни мини кои за првпат се запленуваат во полициска акција.Било откриено и големо количество динамит и пластичен експлозив, муниција, храна со непоминат рок, елеци, панцири, како и повеќе мапи од регионот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Се вршат разговори и се прибираат докази по трагедијата во Карпош, соопшти Обвинителството
Дежурен јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Скопје извршил увид на локацијата во скопската општина Карпош, каде попладнево животот го загубија жена и малолетно дете по пад од зграда.
Од Обвинителството соопштија дека е наредена обдукција на телата, како и обезбедување и анализа на сите траги и материјални докази, со цел да се утврдат причините и околностите на настанот.
„Јавниот обвинител нареди обдукција на телата на починатите и прибирање траги и докази.
Се вршат разговори со повеќе лица кои би можеле да имаат сознанија за причините за настанот“, соопшти обвинителството.
Македонија
„Денес потфрли целиот наш систем“: се огласи братот на жената која заедно со ќерката паднаа од зграда во Карпош
„Иако ми е тешко, сакам да се обратам во име на моето семејство – денес се случи убиство“.
Ова на социјалните мрежи го објави Александар Стојаноски, брат и вујко на починатите мајка и ќерка кои денеска починаа по пад од зграда во скопски Карпош.
Стојаноски во објавата се обрати во име на семејството, обвинувајќи дека институциите потфрлиле, посочувајќи дека жената пријавувала насилство, а институциите не реагирале.
„Иако ми е тешко, сакам да се обратам во име на моето семејство, денес се случи убиство
Денес потфрли МВР, Социјалните служби, денес потфрли целиот наш систем. После години на пријавувано семејно насилство, физичко и психичко насилство врз двете, закани, пријавувања, обид за убиство во сред државна институција, ги загубив внуката и сестрата.
Државата овозможи да згаснат млади животи, ве молам да не шпекулирате што се случило, никој нема да ми ги врати најмилите, но правдата ќе мора да се истера до крај и нема да запреме додека не се случи тоа!
Со оглед на тоа што и покрај сите пријави и случувања, институциите не постапија до сега, барам фокус од јавноста и медиумите за ова, нема да дозволиме да помине само како бројка, правдата мора да го стигне секој еден!
Сестра ми денес требала повторно да иде во социјално, за сите овие работи, а со внуката се слушнавме за Прочка, ми рече – вујче прости ми ако сум ти згрешила нешто … вујчино, прости ми ти, прости на овие неспособни институции, а јас вујче, нема никогаш да простам и да заборавам
Споделете, да не се заборави и изгуби низ нашиот систем“, пишува Стојаноски во објавата.
Македонија
Поради утрешната посета на Руте посебен режим на сообраќај во Скопје
Утре во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, соопшти МВР.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.

