Македонија
Ќе се гради ли ски-центар на Орлови бари?
Луксузен, модерен и по современи стандарди ски центар со жичарници, ќе се градел на месноста Орлови бари од извесен заинтересиран инвеститор
од Оливера Михајловска, ТВ Тера БитолаВаква информација кружи низ Битола, па за дознаеме дали информацијата е точна и дали битолчани конечно ќе си го задоволат апетитот за зимско рекретивни активности, побаравме одговор од Националниот парк Пелистер.„До нас написмено официјално ништо се нема доставено од типот да се јави некој инвеститор.“, вели Пеце Цветановски портпарол Нациналниот парк ПелистерПознат инвеститор немало, но месноста Орлови бари бил поволен терен за изградба на оваа замисла, но можностите за реализација, подежат на дополнителна бариера, оваа локација спаѓа во строго заштитена зона на Националниот парк Пелистер.
„Направена е студија за Јавното претпријатие Стрежево во 1960тите од старана на Словенци, но ние немамае средстав за реалзиација.“, обајсни Цветановски.Приказната за инвеститорот продолжува со што дозволата за градба на фамозниот ски центар ќе се обезбедела, ако во пакет ги земе веќе постоечките жичарници заедно со бараките кои гравитираат таму.„На оваа тема повеќе не можам да одговарам од причина што инвеститорот се уште не се пријавил, така што ако има нешто, тогаш би се простудирало и би се донеле одредени одлуки.“, вели Цветановски.За да се заживее ова туристичка атракција и да се привлечат инвеститори, потешкотии прави процесот на урбанизација кој трае и по три години, а се потребни многу средтсва кои Националниот парк ги немал оти небиле профитабилна Установа, ниту пак Државата ги финасирала.Стратегија за да ги понудат своите терени за развој на овој вид туризам немаат, што потврдувало, дека таков инвеститор со понуда за ски цнетар од соништата, сеуште нема, а прашање било и дали ќе се појави.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Се вршат разговори и се прибираат докази по трагедијата во Карпош, соопшти Обвинителството
Дежурен јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Скопје извршил увид на локацијата во скопската општина Карпош, каде попладнево животот го загубија жена и малолетно дете по пад од зграда.
Од Обвинителството соопштија дека е наредена обдукција на телата, како и обезбедување и анализа на сите траги и материјални докази, со цел да се утврдат причините и околностите на настанот.
„Јавниот обвинител нареди обдукција на телата на починатите и прибирање траги и докази.
Се вршат разговори со повеќе лица кои би можеле да имаат сознанија за причините за настанот“, соопшти обвинителството.
Македонија
„Денес потфрли целиот наш систем“: се огласи братот на жената која заедно со ќерката паднаа од зграда во Карпош
„Иако ми е тешко, сакам да се обратам во име на моето семејство – денес се случи убиство“.
Ова на социјалните мрежи го објави Александар Стојаноски, брат и вујко на починатите мајка и ќерка кои денеска починаа по пад од зграда во скопски Карпош.
Стојаноски во објавата се обрати во име на семејството, обвинувајќи дека институциите потфрлиле, посочувајќи дека жената пријавувала насилство, а институциите не реагирале.
„Иако ми е тешко, сакам да се обратам во име на моето семејство, денес се случи убиство
Денес потфрли МВР, Социјалните служби, денес потфрли целиот наш систем. После години на пријавувано семејно насилство, физичко и психичко насилство врз двете, закани, пријавувања, обид за убиство во сред државна институција, ги загубив внуката и сестрата.
Државата овозможи да згаснат млади животи, ве молам да не шпекулирате што се случило, никој нема да ми ги врати најмилите, но правдата ќе мора да се истера до крај и нема да запреме додека не се случи тоа!
Со оглед на тоа што и покрај сите пријави и случувања, институциите не постапија до сега, барам фокус од јавноста и медиумите за ова, нема да дозволиме да помине само како бројка, правдата мора да го стигне секој еден!
Сестра ми денес требала повторно да иде во социјално, за сите овие работи, а со внуката се слушнавме за Прочка, ми рече – вујче прости ми ако сум ти згрешила нешто … вујчино, прости ми ти, прости на овие неспособни институции, а јас вујче, нема никогаш да простам и да заборавам
Споделете, да не се заборави и изгуби низ нашиот систем“, пишува Стојаноски во објавата.
Македонија
Поради утрешната посета на Руте посебен режим на сообраќај во Скопје
Утре во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, соопшти МВР.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.

