Македонија
Таневска: Новиот закон за ревизија е европски
Главниот државен ревизор Тања Таневска денеска по средбата со Антикорупциска и институциите изјави дека новиот закон за ревизија е европски закон, усогласен со меѓународните стандарди и меѓународната практика
„Во текот на изготвувањето на законот, ние со Министерството за финансии навистина имавме интензивна соработка, бевме дел од таа работна група која што го изготвуваше законот и на крајот пред да се достави до Владата и до Собранието беше два пати процесуиран до Брисел до Директоратот за Буџет. Така што ние добивме коментари коишто потоа Министерството ги имплементираше и на тој начин мислам дека треба да бидеме задоволни, односно да кажеме со сигурност дека законот е усогласен со европското законодавство“, изјави Таневска.Таа рече дека законското решение и во новиот закон останува како што беше и досега. „Значи и натаму Собранието ќе има можност да дискутира за било кој ревизорски извештај“, додаде Таневска.Таа посочи дека Државниот завод за ревизија работи на унапредување на соработката со парламентот и на тоа да се изнајде решение, односно тело кое што ќе ги разгледува ревизорските извештаи.„Значи нашите активности се насочени кон тоа дали посебно тело ќе ги разгледува или Комисијата за финансирање и буџет. Оставаме на пратениците да се договорат меѓу себе кое тело ќе биде тоа“, укажа главниот државен ревизор.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Илинден, Карпош, Кисела Вода и Гази Баба денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:20 – 14:20 часот, корисниците од дел од с. Марино, општина Илинден;
· од 09:00 – 15:00 часот, корисниците на ул. Козле, крак 2, општина Карпош;
· од 10:00 – 13:00 часот, корисниците од улиците: 1511 и 1512, (позади Автосервисот – Мечкаров), општина Кисела Вода;
· од 11:00 – 14:00 часот, корисниците од дел од ул. Коце Металец, општина Гази Баба.
Македонија
Претпладне магла, во текот на денот сончево со мала облачност
Сончево со мала до умерена локална облачност. Во утринските и претпладневните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до -2, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала облачност и претежно тивко. Минималната температура ќе се спушти до -5, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредните денови
До крајот на седмицата времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Во утринските и ноќните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла.
Македонија
Делови од Центар и Карпош денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен дефект на булеварот Св.Климент Охридски (спроти Соборен Храм), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на потегот од крстосницата со Партизански Одреди до паркинг ЈАТ, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.
Исто така денеска поради реконструкција на водоводна цевка Ф 300мм. на улица Бањалучка 10 со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од улицата Бањалучка, Осло, Будимпештанска, Урош Ѓурович, Љубица Георгиева дел од улица Женевска и Васил Чакаларов. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на работните активности.

