Македонија
Груевски: Толеранцијата е почитување на заедничкото
„Толеранцијата не е попуштање и не смее да се сфати како давање на своето. Таа е почитување на заедничкото“, порача македонскиот премиерот Никола Груевски во неговото обраќање на отворањето на Втората Конференција за меѓурелигиски и меѓуцивилизациски дијалог во Охрид
Според него, толеранцијата во денешниот свет често се дефинира како слепо прифаќање на нештата и затоа луѓето треба да размислат кога во нејзино име се согласуваат да се откажат од нешто.
„Животот е културен натпревар, но ние не мораме да се убиваме или поробуваме едни со други наметнувајќи ги нашите култури, цивилизации и религии над сите останати,“ рече Груевски во својата порака и додаде дека луѓето може да се согласуваат дека не се согласуваат без притоа да бидат разногласни.
На Втората Конференција за меѓурелигиски и меѓуцивилизациски дијалог која по втор пат се одржува во Охрид присуствуваат околу 140 учесници од сите верски заедници од над 30 држави од неколку континенти, потоа голем број на експерти, научни и културни работници, професори и претставници од невладиниот сектор.Конференцијата е во организација на Министерството за култура на Република Македонија во соработка со Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи и со верските заедници во Република Македонија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Илинден, Карпош, Кисела Вода и Гази Баба денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:20 – 14:20 часот, корисниците од дел од с. Марино, општина Илинден;
· од 09:00 – 15:00 часот, корисниците на ул. Козле, крак 2, општина Карпош;
· од 10:00 – 13:00 часот, корисниците од улиците: 1511 и 1512, (позади Автосервисот – Мечкаров), општина Кисела Вода;
· од 11:00 – 14:00 часот, корисниците од дел од ул. Коце Металец, општина Гази Баба.
Македонија
Претпладне магла, во текот на денот сончево со мала облачност
Сончево со мала до умерена локална облачност. Во утринските и претпладневните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до -2, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала облачност и претежно тивко. Минималната температура ќе се спушти до -5, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредните денови
До крајот на седмицата времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Во утринските и ноќните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла.
Македонија
Делови од Центар и Карпош денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен дефект на булеварот Св.Климент Охридски (спроти Соборен Храм), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на потегот од крстосницата со Партизански Одреди до паркинг ЈАТ, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.
Исто така денеска поради реконструкција на водоводна цевка Ф 300мм. на улица Бањалучка 10 со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од улицата Бањалучка, Осло, Будимпештанска, Урош Ѓурович, Љубица Георгиева дел од улица Женевска и Васил Чакаларов. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на работните активности.

