Македонија
Албанското обвинителство не најде вина на македонскиот градоначалник на Пустец
Албанското јавното обвинителство за подрачјето на Корча ја отфрли кривичната пријава за злоупотреба на службената положба против градоначалникот на Пустец, Едмонд Темелко
Кривичната пријава против градоначалникот на Пустец, кој е претежно населен со македонско население, е поднесена од страна на албанското министерство за внатрешни работи за злоупотреба на службената положба.Според пријавата, градоначалникот на општина Пустец, Едмонд Темелко, пред два месеца беше обвинет за наводно незаконски доделена помош од општина Пустец во висина од 400 денари на десет македонски сиромашни семејства.Темелко тогаш ги отфрли обвинувањата како монтирани, тврдејќи дека минималните суми биле легитимно доделени, а пријавата ја сметаше за притисок од страна на албанската полиција поради тоа што Македонската партија во Албанија не се откажа од одржувањето на курсевите по македонски јазик во областа Голо Брдо.Со одлуката на Јавното обвинителство стопирана е целата постапката со образложение дека по проверката сите наводи во пријавата биле неосновани. „Јавното обвинителство од Корча постапи правилно и го констатира тоа што ние и тогаш го тврдевме, дека се работи за притисок за откажување од легитимното право на Македонците во Голо Брдо за изучување на нивниот мајчин македонски јазик. Ќе ја продолжиме нашата активност за македонските човекови и граѓански права и слободи и се надеваме дека тоа ќе го оствариме во Албанија. Албанија е и наша држава, а Македонците се нејзини лојални државјани“, изјави Едмонд Темелко.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

