Македонија
Тројца повредени во тешка сообраќајка кај Велес
Час и половина по полноќ на излезот од Велес, во близина на манастирот Свети Димитрија се случила тешка сообраќајна несреќа во коај тројца се тешко повредени
Ви сударот учествувале мотоцилк марка „сузуки“ и автомобил „шевролет спарк“. Триесет и едно-годишниот Б.С и 25-годишниот Д.А се борат за живот во Ургентниот центар во Скопје. Нив најнапред лекарска помош им била пружена во хируршкото одделение во градската болница, но поради скршениците на черепот возачот и совозачот на моторот се пренесени на понатамошно лекување во скопскиот ургентен центар.Со тешки телесни повреди се здобил и совозачот во автомобилот, велешанецот А.Д. И нему хирурзите од велешката болница ноќеска му пружале неколку часовна помош но сепак го задржале на лекување на одделението во градската болница. На местото на сообраќајната несреќа увид направиле полицијата и заменик јавен обвинител. Тие ќе ги утврдуваат причините за несреќата. Првичните, засега неофицијални, се информациите дека возачот на автомобилот не му дал предимство на минување на моторот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

