Македонија
Република Македонија има постигнато значителен напредок
Република Македонија покажа напредок во усогласувањето на законодавството и градењето на административните капацитети, во делот на правда, слобода и безбедност и ги исполни одредниците од Патоказот за визна либерализација, е заклучокот од седмиот состанок на Комитетот за стабилизација и асоцијација
На состанокот на Комитетот за стабилизација и асоцијација помеѓу Европската унија и Република Македонија кој траеше два дена (3 – 4 јуни) како што информираат од Секретаријатот за европски прашања биле внимателно разгледани последните случувања во врска со политичките и економските критериуми, како и напредокот на земјата во усогласувањето со правото на Заедницата (acquis).Потсетувајќи дека Комисијата препорача отпочнување на преговорите за пристапување, врз основа на тоа дека земјата во доволна мера ги има исполнето политичките критериуми, Комитетот за стабилизација и асоцијација на состанокот посветил внимание на непосредната цел на земјата за отворање на преговорите за пристапување за време на сегашното претседателство.Комитетот го поздравил постигнатиот напредок во бројните области по добивањето на препорака за преговори, во исто време укажувајќи на продолжување на континуираните напори за да се одржи темпото на реформите.Меѓу другото бил констатиран напредок во областа иновации и информатичко општество и Комитетот ја поддржува Владата за интензивирање на напори за зајакнување на правната рамка и административниот капацитет на полето на социјалната политика и вработување, како и зајакнување на консултациите со заинтересираните страни.Комисијата го охрабрила продолжувањето на напорите на полето на организираниот криминал, особено во однос на интегрираниот систем за разузнавање.Напорите на администрацијата да остане фокусирана на спроведувањето на приоритетите од Партнерството за пристапување и да ја покаже својата целосна посветеност во спроведување на правото на Заедницата биле дел од точките на состанокот. Комитетот ја нагласил важноста од овој процес и процесот на консултации, во кој ќе бидат вклучени сите клучни засегнати страни.Од страна на Република Македонија било побарано итно донесување на Одлуката за преминување во втората фаза на Спогодбата за стабилизација и асоцијација, истакнувајќи дека Спогодбата служи како рамка за целокупните билатерални односи до пристапувањето во ЕУ.Членовите на Комитетот рекле дека во октомври 2009 година, до Советот на ЕУ бил поднесен предлог за преминување во втората фаза на спроведување на Спогодбата за стабилизација и асоцијација.Состанокот се совпадна со почетната фаза од подготовката на Извештајот за напредок за земјата од страна на Европската комисија, кој ќе содржи оцена за исполнувањето на клучните приоритети од Партнерството за пристапување.Со состанокот на Комитетот за стабилизација и асоцијација заврши циклусот на седумте секторски поткомитети согласно Спогодбата за стабилизација и асоцијација (ССА), коишто се одржаа во периодот помеѓу септември 2009 година и април 2010 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Утре сончево со мала до умерена облачност, викендот постудено со локални слаби врнежи од дожд и снег
Времето утре, ќе биде сончево со мала до умерена облачност. По одделни котлини во утринските часови ќе има услови за појава на магла. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 1, а максималната ќе достигне од 6 до 13 степени.
Во Скопје, ќе биде сончево и тивко со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до -4, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Во деновите од викендот ќе преовладува променливо облачно и постудено време со локални слаби врнежи од дожд и снег во пониските и снег на повисоките места и на планините.
Дневната температура ќе има тенденција на опаѓање. Потоа до средината на следната седмица времето ќе биде стабилно и суво.
Македонија
Утре без вода дел од општина Центар
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека утре ( петок ) поради изведувзње на водоводен уличен дефект Ф200мм. на улица Димитар Чуповски 27 (позади гимназијата Јосип Брос Тито), со прекинато водоснабдување ќе бидат дел од корисниците на улицата Димитрие Чуповски и Мито Хаџивасилев Јасмин.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување на работните активности.(општина Центар)
Македонија
Претреси на повеќе локации поради сомнежи за даночна измама од поголеми размери
Од попладнево, под раководство на јавен обвинител од Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК), истражители од истото обвинителство, со асистенција на полициски службеници од МВР, вршат претреси на повеќе локации низ државата.
Како што наведува ОЈО ГОКК, се обезбедуваат лица осомничени за злосторничко здружување, перење пари, даночна измама и даночно затајување од поголеми размери. Oд она што досега е познато, вклучени се и вработени во Управата за јавни приходи.
Повеќе информации се најавени во текот на денот.

