Македонија
Георгиевски економските адути ги чува за избори

Со три мерки може да се направи целосен пресврт во економијата, но нема да ги кажеме сега, туку на избори, во четврток на прославата на одбележувањето на 20-годишнината од возобновувањето на идејата на ВМРО, изјави почесниот претседател на ВМРО-Народна партија, Љубчо Георгиевски
Во своето обраќање на свеченоста, на која присуствуваа приврзаници на партијата, како и поранешни пратеници од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Георгиевски остро реагираше на неодамнешните изјави од поранешните негови сопартијци, дека него го немало на списокот основачи на ВМРО-ДПМНЕ.„Не разбирам зошто е таа постојана потреба од бришење на вистината и историјата? Мислев дека тоа е карактеристика на комунистичките режими“, рече Георгиевски, притоа додавајќи дека никој нема право да го брише неговото име од историјата на партијата.Тој ја запраша партијата на власт зошто и’ биле потребни 50 дена да го слави роденденот и да приредува карневал низ скопските улици.Почесниот претседател на ВМРО-НП се наврати на деновите пред 20 години кога е основано ВМРО-ДПМНЕ, нагласувајќи дека многумина се декларирале за основачи на партијата, но дека подоцна се откажувале од партијата.„Кој имаше храброст во таа далечна 1990 година да излезе и да извика сакаме македонска војска, македонски пасоши, пари… Кој се потпишуваше на документите, кој излегуваше на трибини, дебати, во весниците, да ги објаснува позициите зошто го бараме тоа“, запраша Георгиевски.Тој се наврати и на периодот на неговото владеење, истакнувајќи дека тоа била влада со најдобри резултати на повеќе полиња.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Јаневска потпиша протокол: Македонија и Турција ќе разменуваат наставно – научен кадар, ученици и студенти

Македонија и Турција ќе потпишат протокол за соработка во областа на науката, технологијата и иновациите. Дефинирањето на содржината на документот е во финална фаза и за истиот се дискутираше на денешната средба помеѓу министерката за образование и наука Весна Јаневска и турскиот амбасадор Фатих Улусој.
„Двете страни изразија подготвеност процесот да биде заокружен до крајот на годината, а потпишувањето на протоколот ќе ги зајакне односите помеѓу двете држави и ќе обезбеди поголема соработка помеѓу образовните и научните установи, размена на наставно – научен кадар, ученици и студенти“, велат од Министерството за образование.
За време на средбата, министерката Јаневска го претстави концептот за основање на првиот технолошки парк во Скопје, а турската страна изрази подготвеност да ја поддржи реализацијата на оваа идеја преку претставници на турската бизнис заедница во Македонија.
На средбата се зборуваше и за унапредување на наставата на турски јазик во Македонија која ја следат над 8000 ученици, преку повеќе обуки за наставникот кадар и вложување во додатни наставни помагала и опрема.
Македонија
Ноќеска Итната помош 13 пати интервенирала во Трубарево, едно лице е пренесено на Токсикологија

Во текот на изминатата ноќ заклучно со попладнево во реонот на Трубарево се извршени 13 интервенции од Итната медицинска помош, при што едно лице е транспортирано во болница и извршен е транспорт на неподвижно лице до друго населено место, извести денес министерот за здравство Азир Алиу.
„Од извршените интервенции на Итната медицинска помош, само едно лице е транспортирано во јавна здравствена установа, на Клиниката за токсикологија. Воедно, кризниот штаб кој веднаш како Министерство го формиравме, континуирано заседава и во следниот период ќе се преземаат соодветни мерки согласно околностите“ вели министерот Алиу.
Директорот на Клиника за токсикологија, Арѓенд Имери, извести дека пациентката која во текот на ноќта е примена на Клиниката за токсикологија е во добра состојба.
Пациентката имала и други пропратни симптоми и од тие причини е задржана на лекување, но сега е во добра состојба.
Директорот Имери кажа дека денес амбулантски биле прегледани и пуштени дома уште тројца пациенти.
Македонија
Со дрон најдени и спасени тројца мотоциклисти, кои се изгубиле на планината Осогово

Вчеравечер, во полицијата во Штип, Регионалниот центар за гранични работи Исток пријавил дека тројца мотоциклисти, македонски државјани, пријавиле дека се изгубени на планината Осогово, над селото Саса, општина Македонска Каменица, во близина на државната граница со Република Бугарија. Мотоциклистите побарале помош преку бројот 112.
„Остварен е контакт со лицата и лоцирани се во шумскиот предел на непристапен терен на оддалеченост од 1.000 метри, над манастирот ‘Св. архангел Михаил’ во селото Саса. Со помош на дрон од Регионалниот центар за гранични работи Исток лицата се пронајдени во добра здравствена состојба и донесени се во Македонска Каменица, каде што е утврдено дека се работи за Г. Д. (38) од Скопје, К. Н. (38) од Гевгелија и Д. П. (31) од Скопје“, соопшти МВР.
Мотоциклистите не побарале лекарска помош, туку, по спасувањето, си заминале со мотоциклите.