Македонија
Македонските патишта со 169 црни точки
Бројот на жртви во сообраќајни несреќи е за 4,5 пати поголем од бројот на жртвите од насилна смрт
Овие застрашувачки податоци се резултат на неприлагодената брзина со која се вози, недавaњетo на првенство на минување и возење под дејство на алкохол, неносење на сигурноsни појаси, како и т.н “црни точки“ а во Македонија ги има дури 169 на сообраќајните делници.Експертите препорачуваат идентификување на црните точки, позиционирање на оние кои треба да се отстранат први и нивно санирање.„Не можат сите 169 црни точки да се отстранат, но во еден континуитет треба да се отстрануваат“ смета Никола Ангеловски, претседател на Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот кој што денеска организираше стручен собир за Црните точки на патиштата низ Македонија. Тој препорачува осветлување а крстосниците.„Има три групи црни точки, опасни пречки, опасни делници и опасни раскрсници во градот, тие треба да ги идентификуваме и да ги санираме“ изјави Миле Димитровски, Комисија за наука РСБСП.Министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска препорачува соработка меѓу институциите.„Идентификувањето на црните точки во Македонија претставува и добра можност да се разгледаат сите оние фактори на ризик на сообраќајниците во државава. Потребна е соработка меѓу сите институции пред се министерството за внатрешни работи и советот за безбедност.Исто така е неминовно е агенцијата за државни патишта мора да се вклучи во исполнувањето на определбите од стратегијата која заедно ја донесовме“ изјави министерката Јанкуловска.Републичкиот совет минатата година подготви национална стратегија за унапредување на безбедноста во сообраќајот на патиштата чија цел е до 2014 г. да се намали бројот на сообраќајни незгоди за 50 отсто и да нема деца -жртви во сообраќајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Фото) Герасимовски: Општина Центар го расчистува снегот, фрлени 15 тони сол
Службите на Општина Центар од утринава се на терен и интензивно работат на расчистување на снегот. Фрлени се 15 тони сол на коловозите, со приоритет на најкритичните точки. Механизацијата интервенира на пристапите кон Водно, каде што се расчистува снегот и се фрла сол, известуваат од Општината.

Паралелно се чистат тротоарите и пешачките патеки, како и просторот околу здравствените установи, училиштата и градинките, за безбедно движење на граѓаните и учениците.

Општина Центар ги повикува граѓаните да пријавуваат критични точки со цел службите веднаш да интервенираат и да го расчистат теренот, на телефоните: 075 219 068, 076 313 381 и 075 476 768, велат од Општината.

„Нашите служби се постојано на терен. Имаме доволни залихи на сол, а механизацијата го расчистува снегот на местата кои се под наша надлежност“, рече градоначалникот Горан Герасимовски.


Македонија
„Цела Македонија во колапс“, велат од СДСМ
„Криминалната ВМРО ги изненади снег во јануари. Институциите не функционираат, патиштата и улиците не се исчистени. Фотографиите од колапсот во Скопје и во Македонија покажуваат дека сообраќајот е небезбеден“, велат од СДСМ.

„Граѓаните се оставени сами ама градоначалниците и функционерите од ВМРО тријат раце. Тендерите за чистење снег се едни од омилените на ВМРО.
Снежните наноси по патиштата се идила за градоначалниците од тендер коалицијата ВМРО-ЗНАМ кои уште денес ќе фактурираат илјадници тони сол.
Сепак тешко е солта да се доброи па останува да ги бројат парите кои ги украдоа од граѓаните.
Нема пари за плати, за пензии, за опрема за чистење. Пари има само за тендери за ортаците на ВМРО и Мицкоски.

Со криминални политики вака ќе изгледа иднината на Македонија – блокирана од сите. Црна точка во Европа“, соопштуваат од СДСМ.
Македонија
(Фото) Ѓорѓиевски: Од раните утрински часови, екипите на Град Скопје се постојано на терен
Соочени со зимските услови и снежните врнежи, Град Скопје навремено и одговорно ги презема сите неопходни мерки за обезбедување безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.
Екипите на Град Скопје уште од раните утрински часови се постојано на терен и интензивно работат на расчистување на улиците и булеварите под градска надлежност, со 24-часовна активност и координација на кризниот штаб, известуваат од Град Скопје.
„Снегот не е изненадување во зима – подготвеноста е наша обврска!
Од раните утрински часови, екипите на Град Скопје се постојано на терен и интензивно работат на расчистување на снегот од улиците и булеварите што се под надлежност на градот.
Со цел навремена и ефикасна реакција, кризниот штаб е активиран 24 часа дневно, со континуирано следење и детектирање на сите клучни и критични точки.
Безбедноста на граѓаните е наш приоритет.
Затоа, апелираме до сите учесници во сообраќајот да возат внимателно, да ги почитуваат сообраќајните правила и да ја прилагодат брзината и начинот на возење на зимските услови.
Со одговорност, навремена акција и заедничка грижа – Скопје се движи безбедно и во зима“, напиша градоначалникот Орце Ѓорѓиевски на социјални мрежи.

