Македонија
Рамадани повикува на надминување на нетрпеливоста во ИВЗ
Ja повикувам Исламската верска заедница да ја среди моменталната состојба која владее внатре во инситуцијата и да го врати нарушениот углед пред верниците, изјави Рамадан Рамадани, оџа во Иса-бег џамијата, негирајќи дека во оваа скопска џамија се проповеда радикален ислам
Реакцијата на Рамадан Рамадани следува по петочниот инцидент што се случи во оваа џамија кога дојде до физичка пресметка во којашто беа нападнати скопскиот муфтија Ибраим Шабани и поранешниот парламентарец Ештреф Алиу. Според Рамадани, тепачката ја предизвикале оние што насилно се обиделе да ја прекинат молитвата во џамијата.Рамадани го потврди инцидентот кој се случи во петокот кога беа нападнати скопскиот муфтија Ибрахим Шабани, секретарот на Исламската верска заедница, Африм Тахири, и портпаролот Скендер Бузаку среде молитва.Инцидентот се случи откако Рамадани добил писмено известување дека е разрешен од местото главен имам во Иса-бег џамијата. Рамадани изјави дека не е разрешен и дека се уште е оџа на оваа џамија. „Никој не ме разрешил. Тие донеле некакава си мистериозна одлука без никакво образложение зошто ме разрешуваат. Мене може да ме разреши само реисот, односно поглаварот. Муфтиството нема надлежост да ме разрешува“, рече Рамадани.Според него, инцидентот се случил меѓу две спротиставени групи верници.„Многубројните скандали и афери и внатрешни пресметки во Исламската верска заедница ги делат верниците. Оттаму и дојде до инцидентот. Тоа беше пресметка меѓу две групи верници, и затоа ја повикувам ИВЗ да стави крај на ваквите случувања, да не ги дели верниците и да го врати угледот на оваа институција“, заклучи имамот на скопската Иса-бег џамија.Оџата Рамадани негира дека во скопската Иса-бег џамија се проповеда радикален ислам и дека овој објект е надвор од контрола на Исламската верска заедница.Од друга стрaна, муфтијата Шабани тврди дека „работите се надвор од контрола и ИВЗ не може да го спречи ширењето радикален ислам во Иса-бег џамијата“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд
Времето денес ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, особено во северозападните и северните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 11, а максималната ќе достигне од 12 до 17 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб југоисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 15 степени.
До понеделник ќе преовладува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Наместа повремено врнежите ќе бидат поројни и пообилни со услови за појава на грмежи. Во текот на 24 часа се очекува да наврне поголема количина дожд (над 30 l/m²). Од вторник ќе има стабилизирање на времето.
Македонија
Ѓорѓиевски објави фотографии од почетокот на акцијата за чистење, поддршка му даде и Мицкоски
Новиот градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, објави фотографии на социјалните мрежи на кои се гледаат десетици камиони и други возила кои ќе го чистат Скопје.
Ѓорѓиевски во неговата изборна кампања вети дека кога ќе стане градоначалник, откако ќе му биде врачен мандатот за 72 часа ќе го исчисти Скопје.
„Започна големата акција за чистење на Скопје! За 72 часа, нашата метропола ќе ја добие свежината и сјајот кој го заслужува. Секој агол, секоја улица, плоштад со заеднички сили ќе бидат чисти. Скопје ќе блесне – уредено и достоинствено, токму како што доликува!“, напиша Ѓорѓиевски.
Македонија
Доделени ЕУ наградите за истражувачко новинарство
Церемонијата за доделување на Наградите на Европската Унија за истражувачко новинарство 2025 се одржа денеска во Скопје на која беа наградени најдобрите стории објавени во Македонија во 2024 година. Престижната награда поддржана од Европската Унија ги препознава најдобрите истражувачки стории објавени во претходната година во земјите од Западен Балкан и во Турција, а координатор за Македонија е Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници.
Церемонијата ја отвори амбасадорот на Европската Унија во Северна Македонија, Михалис Рокас, кој ја истакна посветеноста на Европската Унија во поддршката на независното новинарство и слободата на медиумите во регионот.
Жири-комисијата која одлучуваше за нградите ја сочинуваа Валентин Нешовски, Соња Колевска-Делевска и Огњен Зориќ.
Победниците на кои сертификатите им ги доделија амбасадорот Рокас и претседателот на жири-комисијата Нешовски беа прогласени во следниот редослед:
3. место:
Срѓан Стојанчов и Снежана Лупевска Созен за сторијата „Досие Крмзов – Епски криминал или обид да му се одземе бизнисот“ од емисијата КОД, ТВ Телма која истражува финансиски криминал со мрежа на фирми кои испумпувале пари од државниот буџет.
2. место:
Сашка Цветковска, Бојан Стојановски, Александра Денковска, Трифун Ситниковски, Александар Јанев и Давид Илиевски (Истражувачка репортерска лабораторија) за сторијата „Украдени животи“ која ја открива шемата за крадење идентитети со цел подигање брзи кредити на туѓо име.
1. место:
Александар Димитриевски и Михаил Милошевски за сторијата „По трагите на Јулија“, која го истражува скандалот со „лажната“ диплома за англиски јазик на шефот на тајната полиција.
По доделувањето на наградите победниците имаа можност да одржат краток говор:
„Владеењето на правото е израз кој кај нас лесно се заборава. Се надевам дека сите стории, независно од нивниот епилог, дека оставаат порака кај сите што допрела, дека владеењето на правото не е само израз…“, рече Александар Димитриевски од 360 степени.
„Сакам да се заблагодарам на жирито, второ на сите колеги кои работеа, а не се тука на сцената и трето за овој случај има 43 обвинети, сега случајот е во истрага, но за жал сите измамени граѓани се уште се должници во кредитно биро оти судството се уште не си ја завршило работата. Се надевам дека работат побрзо за да ги заштитат своите граѓани во иднина“, рече Александра Денковска од ИРЛ по примањето на втората награда.
„2024 беше прилично добра година од аспект на истражувачко новинарство, може да ми текне барем на 7-8 стории кои беа одлични. Навистина сум почестен што сме во тоа друштво. Истражувањата за финансиски криминал немаат многу простор во дневното новинарство и затоа драго ми е што имав време да го сработам тоа“, рече Срѓан Стојанчов од тимот на КОД.

