Македонија
Негативно за ВМРО-ДПМНЕ, а позитивно и неутрално за СДСМ известувале медиумите
Институтот „Димитрија Чуповски“ спровел проект за застапеноста на двете најголеми политички партии, при што анализата покажува дека три печатени и две телевизии повеќе негативно информиреле за владејачката партија, додека за опозициската СДСМ новианрските извештаи се претежно неутрални и позитивни
Сектор за анализи при Институтот „Димитрија Чуповски“ изготви извештај за медиумската активност и начинот на пренесување на информациите на повеќе медиуми во однос на политичките партии ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ за мај.Проектот „Медиумски барометар” врши квантитативна анализа на вестите пренесени од страна на повеќе релевантни медиуми. Анализирана е застапеноста и поставеноста на секој медиум одделно во однос на двете најголеми политички партии во државата, ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ. Како што известуваат од Институтот, анализата покажала дека во дневниот весник Нова Македонија во насловите каде што е застапена ВМРО-ДПМНЕ има 17 позитивни, 16 негативни и 34 неутрални наслови. Во истото весник, во насловите каде е застапена опозициската СДСМ шест текствоти биле позитивни, девет негативни и десет неутрални текстови, избројале од институтот „Димитреија Чуповски“.Во, Дневник во насловите каде е застапена владејачката ВМРО-ДПМНЕ имали седум позитивни, 42 негативни и 15 неутрални наслови, а во текстовите кои ја третираат СДСМ имало шест позитивни, два негативни и четири неутрални текстови.Во Утрински Весник, партијата на власт, како што стои во извештајот на Институтот е третирана во шест позитивни, 49 негативни и 15 неутрални текстови. Во Утрински Весник во насловите каде е застапена партијата СДСМ, пак, вкупно се 13 позитивни, три се негативни и девет текстови се неутрални.Институтот покрај дневниот печат го следел и информирањето на националните телвевизии за двете најголеми политички партиии во државата. Така на А1 за ВМРО-ДПМНЕ иам два позитивни, 41 негативни и пет неутрални прилози, додека за СДСМ, вкупно има десет позитивни, два негативни и пет неутрални наслови.Во Канал 5 телевизија за ВМРО-ДПМНЕ има седум позитивни, шест негативни и десет неутрални прилози, а за СДСМ има три позитивни, пет се негативни и шест неутрални прилози.Крајниот заклучок од анализата за начинот на известување на медиумите за двете најголеми политички партии во Република Македонија е дека тие известувале претежно позитивно и неутрално за политичката партија СДСМ додека информациите пренесени за политичката партија ВМРО-ДПМНЕ од страна на анализираните медиуми се доминантно од негативна природа со забележителна дискрепанца меѓу негативните и позитивните вести од 42 отсто.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Силјановска се заблагодари за честитката од ЕУ: Со нетпрение очекувам да ја продолжиме соработката
Силјановска Давкова се заблагодари за честитката од ЕУ и порачува дека со нетпрение очекува да ја продолжам соработка со Европската Унија за конечно заокружување на европската интеграција на целиот регион.
„Денеска, како избрана претседателка, добив официјално соопштение од Европската Унија со кое ми се честита победата на изборите. Темелот на мојата на кампања беше градењето на консензус помеѓу сите политички партии во Собранието, како од власта, така и од опозицијата, граѓанското општество и македонските граѓани, независно од нивните разлики. Нашиот клучен стратешки проект е европската интеграција и истата останува да биде темел за градењето на консензус помеѓу различните чинители во општеството. Потенцирам дека под мое водство нашата надворешна политика ќе продолжи да биде целосно усогласена со заедничката надворешна и безбедносна политика на Европската Унија. Со нетпрение очекувам да ја продолжам соработка со Европската Унија за конечно заокружување на европската интеграција на целиот регион“, се наведува во соопштенеито испратено од тимот на Гордана Силјановска Давкова.
Европската унија и честита на Гордана Силјановска Давкова за нејзината победа на претседателските избори во Македонија и со нетрпение очекува да работи со првата жена лидер во земјата, изјавија високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедност Жозеп Борел и европскиот комесар за проширување и соседска политика Оливер Вархеи.
Борел и Вархеи, во заедничката изјава објавена по повод вториот круг од претседателските и редовните парламентарни избори во Северна Македонија, ги охрабрија „релевантните политички актери да работат на формирање парламент и стабилна влада“.
Македонија
(Видео) Стоилковски го поздрави лидерот на ДУИ јадејќи бисквита: „Поздрав, Али“
Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски, на социјалните мрежи објави видео во кое, јадејќи бисквита го поздрави лидерот на ДУИ, Али Ахмети.
Стоилковски вели дека оди на состанок со коалициските партнери на ВМРО-ДПМНЕ, а потоа зема бисквита и почнува да ја јаде.
„Поздрав, Али“ , вели Стоилковски.
Стоилковски алудира на изјавата на Ахмети која тој ја даде од митингот на „Европскиот фронт“ во Скопје пред одржувањето на првиот круг од претседателските избори кога рече оти лидерот на ВМРО-ДПМНЕ е израснат со бисквити и гурабии.
Македонија
ЕУ: Очекуваме соработка со претседателката на Македонија, парламентот и владата за да работиме на европскиот пат
Европската унија и честита на Гордана Силјановска Давкова за нејзината победа на претседателските избори во Македонија и со нетрпение очекува да работи со првата жена лидер во земјата, изјавија високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедност Жозеп Борел и европскиот комесар за проширување и соседска политика Оливер Вархељи
Борел и Вархеи, во заедничката изјава објавена по повод вториот круг од претседателските и редовните парламентарни избори во Северна Македонија, ги охрабрија „релевантните политички актери да работат на формирање парламент и стабилна влада“.
„Двете институции треба да работат заедно на подобрување на европскиот пат на Северна Македонија, кој вклучува имплементација на клучните реформи, особено во областа на владеењето на правото и борбата против корупцијата, во интерес на сите нејзини граѓани“, се вели во заедничката изјава на Борел и Вархеи.