Македонија
Одбележани 59 години од смртта на Панко Брашнаров
Настанот се одржа на споменикот подигнат во негова чест и за неговиот животен пат и големата улога што ја имал во наионалното ослободително дело. Тој е човекот што го отворил првото заседание На АСНОМ, како најстар од сите делегати и активен учесник во постилинденскиот период
„Панко Брашнаров е човекот кој е сведок на двата Илиндени и кој несебично ,со своето дело се вградува во слободата и ослободувањето на македонскиот народ. Секогаш тивок и скромен, но во одредени моменти и одлучен да донесе вистински одлуки“, рече пред присутните Слободан Ников.Делегации на општина Велес, Сојузот на борците ,општинската организација на сојузот на пензионери, АРМ, семејството Брашнарови, политичките партии денеска положија свежо цвеќе во знак на почит и сеќавање на ликот и делото на Брашнаров.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
СДСМ: Цели 20 дена Тошковски не знае каде е Груби, дебакл на ВМРО-ДПМНЕ
Јалови се обидите на ВМРО-ДПМНЕ да ја префрлат вината за бегството на Артан Груби врз СДСМ, велат од опозициската партија.
„Фактите се јасни: Тошковски дозволи Груби да избега и сега цели 20 дена истиот тој Тошковски не знае каде се наоѓа Губи.
Откако „случајно“ не работеле камерите, „случајно“ полицајците не знаеле кого треба да проверуваат и „случајно“ службеникот на границата, инаку кадар на Тошковски, направил „грешка“ затоа што бил „возбуден“ од Груби.
Џабе се препелка сега ДПМНЕ, тие го пуштија Груби да избега и целата одговорност е кај власта.
Границата со Косово, откако стана канал за бегање на криминалците. Блерим Рамадани избега, Гаши безбедно се шеташе, а сега мистериозно исчезна и Груби.
Јавноста има право да знае кој е политичкиот договор и која е цената за овој скандал“, се вели во соопштението на СДСМ.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: За да останат повеќе на власт, Заев и Филипче свесно ја поддржувале ДУИ во криминалите
Заев и Филипче, свесно ги поддржувале ДУИ во нивните криминали. Знаејќи за криминалите, СДС не поведуваше постапка за Груби, поради тоа што власта ќе им паднеше. СДС, преку дуото Заев и Филипче, му овозможија на Груби да си прави криминал во Лотарија, велат од ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.
„Груби не можел без поддршката од СДС да го прави овој криминал.
Молчејќи и не преземајќи никакви мерки, СДС се соучесници во криминалот, со цел да останат уште некој ден плус на власт.
Да не беа Заев и Филипче, криминалот на Груби и ДУИ, немаше да биде возможен.
Груби и ДУИ, Лотарија ја имаа претворено во приватна фирма, преку која делеле тендери и пари.
Очајните обиди на СДС да го прикријат криминалот, им се удри од глава.
Затоа, граѓаните ги прочитаа нивните деструктивни обиди за останување на власт и ги казнија на изборите.
ВМРО-ДПМНЕ седум години зборуваше за криминалот на Груби. Правда и одговорност мора да има!“, се вели во соопштението на владејачката партија.
Македонија
„Влен“: За еден месец се урна кулата изградена две децении со криминал и корупција
Во рок од еден месец, се сруши кулата изградена две децении со криминал и корупција, веалт од коалицијата „Влен“.
Во соопштение до медиумите, оттука потсетуваат на случувањата во изминатиот период.
„Американскиот Стејт департмент го прогласи Артан Груби за нон грата, означувајќи го како непожелна личност.
Министерството за внатрешни работи ги претресе домовите на Груби и Бајрами, кои се обвинети за злоупотреба на милиони евра, пари на граѓаните.
Мирисот на корупцијата им ги сруши нивните лажни шатори, но албанскиот јазик не беше засегнат.
Бегството го гледаа како пат за спас. Откако ги избркаа граѓаните, дојде моментот да ги спакуваат куферите и да избегаат, први Груби и Бајрами, а другите со една нога се внатре, а со друга надвор од државата.
На Рамиз Мерко му беше одземен пасошот.
Гореа возила и локали, но заборавија дека ниту чадот од тој оган не може да ги покрие нивните злосторства. Сега започна горењето на партијата од корен.
Жртвување на албанската младина, вклучувајќи ги во палење знамиња.
Истрага за корупција во Домот на културата, со милионски штети на државниот буџет.
Масовна корупција во Државната лотарија.
Најсериозното, чисто разоткривање дека вршеле валкана служба за криминалецот, Сашо Мијалков.
Сериозен обид за враќање на Никола Груевски, преку конкретен и организиран план“, велат од „Влен“.
Како што додаваат, секоја минута што овие „валкани слуги“ останале на власт предизвикала ненадоместливи штети за Албанците и за нивното национално достоинство.