Македонија
Вклучување на дијаспората во политичкиот живот

Реализирање на избирачкото право, начинот на добивање македонско државјанство и зачувување на македонскиот идентитет се темите кои ги дискутираат македонските иселеници на годишната конференција на иселенички организации
„Во тек е запишување на гласачите во гласачките претставништва, законот е јасен на следните парламентарни или претседателски избори ќе гласаат и иселениците“, рече Васил Наумов, директор на Агенцијата за иселеништво.„Министерството за надворешни со 55 дипломатски претставништва ќе биде дел од понатамошната активност на координирање, сервисирање и активирање на дијаспората за подиректно и поефикасно вклучување во македонскиот политичкиот живот“, рече Зоран Петров, заменик министер за надворешни работи.Целта на иселеничките организации им е да се слушне гласот на иселениците, со што македонската јавност ќе биде запознаена со нивниот став и идејата за учество на иселениците на следните парламентарни избори.„Доказ за мултикултурните општества во кои што живеете се финансиските средства што македонските иселеници ги издвојуваат за зачувување на јазикот и културата, со тоа се покажува интересот за зачувување на идентитетот“, изјави Петров.На првата конференција која продолжува и утре, присуствуваат 50 претставници од над 40 иселенички организации од Канада, Австралија и САД.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Дел од Карпош и Центар денеска без вода

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација, информира дека денеска:
· Поради дефект на приклучна водоводна цевка Ф-1“ и дефект на затварач од Ф-100мм на ул.Будимпештанска бр.25,прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од следните улици:Будимпештанска, Осло Љубица Георгиева, Бањалучка, Хашка и дел од Женевска.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на дефектот.(општина Карпош)
· Поради изведување на водоводен приклучок Ф 80“ на улица Пиринска бр.31, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од ул.Пиринска и дел од ул.Ленинова од 09:00 часот до завршување.(општина Центар)
Македонија
Утрото ведро и посвежо, попладне до 30 степени

Утрото ведро и посвежо, преку денот сончево. Ќе дува слаб до умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен северен ветер.
Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 15, а максималната ќе достигне од 23 до 30 степени.
Во Скопје, сончево, со слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 30 степенiи.
Времето во наредните денови
Продолжува периодот на претежно сончево време со посвежи утра и постепен пораст на дневната температура.
Македонија
Муцунски на средба со сенаторот Петер Велч во Вашингтон

На првиот ден од работната посета на Вашингтон, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, оствари средба со сенаторот Петер Велч, еден од иницијаторите на новата резолуција во Сенатот на САД со која се одбележуваат 34 години од независноста на Република Северна Македонија и 30 години од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу двете држави.
Министерот Муцунски ја нагласи важноста на оваа резолуција како потврда за силното пријателство и доверба што ги обединуваат македонскиот и американскиот народ. Тој подвлече дека Република Северна Македонија останува посветена на заедничките евроатлантски вредности, демократијата, владеењето на правото и стабилноста на Западен Балкан.
На средбата се разговараше и за унапредувањето на билатералните односи, поддршката за европскиот пат на Северна Македонија, како и за заедничкото уверување дека посетата ќе отвори нови можности за уште посилна соработка меѓу двете земји.
Во текот на денот, предвидено е министерот Муцунски да оствари средби со повеќе претставници на Конгресот на САД, како и да се обрати на свечен настан организиран по повод 8 Септември – Денот на независноста, во присуство на македонската дијаспора.