Македонија
Пожарот во Бигорски бил несреќен случај
Случајот со пожарот во Манастирот Свети Јован Бигорски е затворен како несреќен случај
Од Љупка Антеска, Гостивар
Од гостиварското Основно јавно обвинителство велат дека пожарот избувнал поради дотраена електрична инсталација и нема основа за сомнеж дека е сторено кривично дело, со што човечкиот фактор како причина целосно е исклучен.Пожарот во Бигорскиот манастир бил причинет од спој на старата инсталација во потпокривот на кујната. Со оваа констатација Основното јавно обвинителство во Гостивар, пред неколку дена го затвори предметот за големиот пожар во манастирот свети Јован Бигорски од минатиот септември. Никој нема да биде повикан на одговорност.„Нема основа за сомнеж дека е сторено кривично дело и човечкиот фактор како причина е исклучен. Поради тоа донесовме резолуција според која во овој предмет нема место за постапување на Основното јавно обвинителство“, вели јавниот обвинител Елизабета Јосифоска. Во фотодокументацијата на предметот тежок околу 200 страници стојат клучните фотографии од докази што помогнале во донесувањето на крајниот заклучок. Траги од куси врски на проводници во таванскиот дел на кујната каде започнал пожарот. Двете брави од кујната кои се најдени заклучени, што укажува дека никој не можел да влезе во просториите, како и видни оштетувања на каблите направени од глодари.Предметот се затвара по десет месеци работа. Од Основното јавно обвинителство велат дека поради тежината и притисокот од јавноста биле крајно внимателни и детални.Лани на 30-ти септември во голема огнена стихија целосно изгоре Горниот палат на манастирот посветен на Свети Јован Крстител. Во пожарот за среќа немаше жртви и повредени, а причинета материјална штета беше проценета на над 5 милиони евра.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Мицкоски: Заедничка изјава и рамка за договор за балансирана трговија со САД и за царински тарифи на одредени производи и индустрии до 0%, ова е политика на конкретни резултати
Продлабочување на стратешко партнерство со САД: силна поддршка и нови економски перспективи за Македонија.
По договорот за партнерство со Обединетото Кралство и затворањето на постмониторинг дијалогот со Советот на Европа по цели 26 години, доцна синоќа Белата куќа објави Заедничка изјава меѓу САД и Македонија за реципрочна трговија, објави премиерот Христијан Мицкоски.
Оваа изјава, додава тој, претставува јасен сигнал за продлабочување на стратешкото партнерство и потврда за силната поддршка што Македонија ја ужива од САД. Таа, како што вели, го трасира патот кон сеопфатен договор кој ќе обезбеди тарифи не повисоки од 15%, а за одредени производи и индустрии и до 0%, отворајќи нови можности за извоз, инвестиции и економски раст.
„Со ваквите чекори ја зацврстуваме позицијата на Македонија како доверлив и предвидлив партнер, градиме економија со повисок стандард и ја унапредуваме нашата меѓународна позиција.
Ова е политика на конкретни резултати. Чекор по чекор, со јасна визија и стабилна поддршка од нашите стратешки сојузници“.
Македонија
Ова е веќе ВМРО-ОКГ, нема демократија ниту во името, велат од СДСМ
Сопруга на градоначалник на ВМРО назначена за член на Судски совет. Советник на Мицкоски во Уставниот суд. Татко на министер е советник во Владата Мицкоски, истакнуваат од СДСМ.
„161 тендер за семејната фрима на Томовски, каде е неговиот татко но и негов близок роднина.
51 тендер за омилената фирма на ВМРО преку општините. А тендерските шеми со поврзани фирми водат до таткото на Нелоски, шефот на кабинет на Мицкоски.
Во Алта Банка цела структура на ВМРО. Од Кадиевска Војновиќ, поранешна членка на Извршниот комитет на ВМРО па до баџанакот на Тошковски.
Во Народна банка, за Гувернер, наместо експерт – Трајко Славески, поранешен министер во времето на Груевски.
На чело на АНБ, претседателот на Градскиот комитет на ВМРО.
Томовски назначен за втор организациски секретар во ВМРО, да организира тендери.
Сменети сите потпретседатели во ВМРО, останат е само чуварот на фотелјата Мицкоски“.
Ова, додаваат од СДСМ, не е само непотизам и партизација, ова е ОКГ – Организирана криминална група.
„ВМРО-ОКГ. Нема демократија ниту во името.
Македонијо, 2016 ни чука на врата, ни се враќа Никола Груевски“.
Македонија
Мицкоски во Германија: Разговараме и привлекуваме реномирани светски компании кои веруваат во потенцијалот на нашата држава
Денеска во Минхен остварив работна средба со менаџментот на германскиот гигант Schwarz Group, под чија капа работат светски познатите брендови „Lidl“ и „Kaufland“, објави на социјалните мрежи премиерот Христијан Мицкоски кој од денеска е во Германија, каде ќе присуствува на 62-та Минхенска безбедносна конференција.
„Разговаравме за нивните планови за инвестиции, отворање нови работни места и модернизација на трговскиот сектор во нашата земја.
Ги отвораме вратите за домашните компании да ги пласираат своите производи во големите европски синџири.
Продолжуваме да разговараме и привлекуваме реномирани светски компании кои веруваат во потенцијалот на нашата држава“, пишува Мицкоски во објавата на социјалните мрежи.

