Македонија
Груевски в недела на Трново

Во четвртокот беа најавени случувањата на 30тата семакедонска погранична средба на Македонците од Егејска Македонија во попелистерско Трново
Оливера Михајловска, од Битола
„Да се дојде до ова претрпевме многу притисоци,дури и од типот ако го кренам телефонот ќе се лее крв, а не знаеја дека ќе се лее македонска крв“, вели Александар Поповски, претседателот на здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија. И покрај се, тие опстоиле низ годинивe додава Поповски.На годинешнава средба поканет е политичкиот врз на Македонија, како и повеќе од 120 институции.„Годинава, како и минатата, ќе присуствува премиерот Никола Груевски“, вели Поповски.Организирале пет автобуси кои бесплано ќе ги превезуваат посетителите до Трново. Манифестацијата официјално ќе почне во десет часот в недела, за по 15 часот да отидат на пограничниот премин кај Меџитлија, инаку овогодинешното мото на манифестацијата е Вечна да е Македонија.„Тоа е мото што не води сиве овие години да истараеме и да ја докажеме нашата сага“,вели Силвана Петрева Насух од организациониот одбор.Ансамблот „Гоце Делчев“ од Битола кој негува егејски мелос ќе ги забавува посетителите, како и груапта „Сирма војвода“. Доаѓа првпат и ансабл од Росомон кој исто ја следел егејската култура и фолклор.„На средбата се пиокланети Македонските организации од поробените според мене делови на Македонија, Виножито од Грција, Омо Илинден Пирин од Бугарија, па Европската алијанса на Македонците од егејскиот дел на Македонија од Албанија“, рече Александар Поповски.Поканети се и другите здруженија и организации на македонци од егејскиот дел кои се во земјава и се очекуваат преку три илјади посетители.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Шукова: Време е за резултати, уреден Бутел, нови паркови, подобар превоз и вода за сите

Кандидатката за градоначалник на Град Скопје од СДСМ, Каја Шукова, вчера одржа митинг во Бутел, каде пред жителите порача дека Скопје мора да се гради со дела, а не со празни зборови.
„Вечерва не сум тука само како кандидатка за градоначалничка на Скопје. Тука сум, пред сè, како човек што верува во овој град и во луѓето што го прават Бутел дом,“ изјави Шукова.
Таа се осврна на реалните проблеми со кои се соочува општината запуштеното корито на Серава, недоволната инфраструктура, недостигот на јавен превоз и дотраената водоводна мрежа и истакна дека решенијата веќе се подготвени.
„Серава ќе стане место на кое ќе се гордееме уредено корито, пешачки и велосипедски патеки, зелена зона за сите. Новите паркови и 10.000 засадени дрвја ќе го вратат сјајот што Скопје го имаше пред децении,“ нагласи таа.
Посебен акцент стави и на водоснабдувањето и инфраструктурата:
„Денес, 60 проценти од питката вода се губи во системот. Време е за модернизација и стабилно снабдување со вода за секој дом. Новите мостови, клучки и булевари ќе го поврзат Бутел со целиот град и ќе овозможат безбедно и побрзо движење,“ рече Шукова.
Таа потсети дека во изминатите години градот беше заложник на неработење и популизам:
„Четири години ВМРО-ДПМНЕ ги запоставуваше општините. Време е за резултати, а не за слики и празни зборови. Половина од нашите проекти може веднаш да се реализираат,“ додаде таа.
Во својот говор, Шукова повика на единство и одговорност:
„Бутел не смее да биде изолиран. Бутел е почетна точка на модерното Скопје место каде што се инвестира, се гради и се слуша секој граѓанин.“
Македонија
Претежно облачно со врнежи од дожд, повремено пообилни

Времето денеска ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд кои ќе бидат пообилни во западните делови, каде се очекува локално да наврнат и над 25 l/m²дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 12, а максималната ќе достигне од 11 до 15 степени.
Во Скопје, претежно облачно со повремени врнежи од дожд, повремено пообилни. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Времето во наредните денови
Во сабота времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд со послаб интензитет. Потоа следува претежно стабилно време со потпросечни температури за овој период од годината.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување на водоводен приклучок Ф 80мм. на Јосиф Јосифовски-Свештарот 34 со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од улицата Јосиф Јосифовски-Свештарот, дел од населбата Пролет, П.С.Пролет и Амбулантата на МВР.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на работните активности.