Македонија
Платите во образованието доцнат од технички причини

Чисто техничко прашање е доцнењето на платите во образованието, што се случува заради обработка на податоците по ребалансот на буџетот.
Ова, одговарајќи на новинарско прашање, го рече денеска министерот за образование и наука, Никола Тодоров. Тој информираше дека за вработените од образованието се потпишани налозите од страна на Министерството. „Знаете дека во овој период се носеше ребалансот на буџетот. Моравме да почекаме да се донесе ребалансот на буџетот за да ги доставиме кварталните планови до Министерството за финансии. Со овој ребаланс на буџетот се зголемија средствата во блог-дотациите за сериозна сума. Сите општини ќе добијат поголем износ на средства со ребалансот,“ рече Тодоров. Тој информираше дека се обезбедени дополнителни средства од над 400 милиони денари, и поради тоа морало да се направат нови квартални планови и да се достават до Министерството за финансии на одобрување. „Кварталните планови се доставени и одобрени, налозите се пуштени и очекуваме дека набрзо ќе бидат пуштени и платите,“ рече Тодоров. Законскиот рок за исплата на платите е 15-ти секој месец.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Независниот синдикат на полицијата најави протест: Основната плата на полицијата не може да биде под минималната плата во државата

Независниот синдикат на полицијата денеска со почеток од 12.00 часот на раскрсницата Мавровка кај судовите ќе одржи полициски протест.
„Полициската плата е составена од основна плата и зголемување од 30%. Основната плата на полицијата не може да биде под минималната плата во државата. Бараме воедначување на судската пракса на апелациониот суд Скопје со Апелационите судови од Битола и Гостивар кој го потврдуваат нашето барање. Протестот ќе започне пред судовите, ќе се одржат кратки говори и ќе се упатиме пеш кон судскиот совет“, велат од Независниот синдикат на полицијата.
Од таму најавија и прес-конференција исто така на раскрсницата кај Мавровка во 12.15 часот.
Македонија
Ѓорче Петров и Аеродром денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска без електрична енергија ќе останат:
· Во периодот од 09:00 – 10:00 часот дел од корисниците од село Кучково кон Манастир, општина Ѓорче Петров;
· Во периодот од 09:00 – 12:00 часот дел од корисниците на улицата Гаврил Констатиновиќ (околу бр.57), општина Аеродром;
· Во периодот од 09:00 – 10:00 часот корисниците од улицата Алексо Демниевски 17, 11 и други куќи во близина, општина Ѓорче Петров.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, попладне нестабилно со пороен дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 12, а максималната ќе достигне од 17 до 25 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 25 степени.
Времето во наредните денови
Во следните денови времето ќе биде променливо облачно и посвежо со повремен локален дожд.