Македонија
ИВЗ:Рамадани да стои понастрана

Рамадан Рамадани да стои подалеку од расколот и насилството, особено сега пред месецот Рамазан, месец на кој што ние имамите имаме за задача да бидеме во служба на нашиот џемат и на образовните исламски институции
Ова му го порача Здружението на улемаи при муфтивството на Исламската верска заедница (ИВЗ) од Скопје, на распуштениот оџа Рамадан Рамадани кој пред неколку дена му даде рок од една недела на поглаварот на ИВЗ Сулејман Реџепи да ја напушти функцијата, истовремено најавувајќи и протести на верниците.„Рамадани во 2003. година со употреба на насилство и оружје, заедно со радикална вехабистичка група, влегол во институцијата на ИВЗ и присилно го натера тогашниот муфтија да го предложи за оџа и со ’калашњикови’ зеде декрет без никакво право и легална процедура од тогашниот поглавар на ИВЗ“, изјави Рифат Вуисјанин, од Здружението на улимаи при муфтивството.Според нив, Рамадани нема никаков морал и срам и нема никакво верско и морално право да се повикува во името на имамите на Скопје, затоа што нема својство на хатиб или службеник на ИВЗ.„Како лице што извршува задача без декрет, институцијата на ИВЗ против него има покренато пријава за загрозување на владеење на џамијата Иса бег во Скопје, имот на ИВЗ“, рече Вуисјанин.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Земјотрес почувствуван во Валандово и во Струмица

Сеизмолошката опсерваторија, денес, во 13.35 часот регистрира земјотрес, чиј епицентар потекнува од епицентралното подрачје Валандово.
Земјотресот е со јачина од 2,9 степена според Рихтеровата скала.
Според досегашните податоци со кои располага Опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Валандово, Струмица и во блиската околина со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.
Македонија
Температурите во следните денови ќе се спуштат и за 10 степени – УХМР со прогноза за времето

Времето утре ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Попладне ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен до засилен ветер од југозападен правец (над 60 километри на час).
Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 21, а максималната ќе достигне од 33 до 41 степен.
Во Скопје сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од југозападен правец.
Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 41 степен.
ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ
Поради продор на посвежа воздушна маса од север и засилен северен ветер (над 60 km/h), в среда, а особено в четврток, ќе има значително опаѓање на дневната температура (од 8 до 10 степени).
В среда претежно во северните делови ќе има услови за повремен дожд, а в петок локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи.
Во деновите од викендот ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност, а дневната температура ќе биде во пораст.
Македонија
(Видео) СДСМ поднесе амандман за трагедијата во Кочани, 934 милиони денари помош за настраданите

Пратеничката група на СДСМ и коалицијата поднесе амандман во Собарнието со кој се бара финансиска поддршка за семејствата на загинатите и повредените во најголемата трагедија во поново време — пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, каде што загинаа 62 лица, а над 250 беа повредени со трајни последици.
– Ова е еден од клучните амандмани поднесени на ребалансот на Буџетот, со цел да се предвидат 934.340.000 денари како директна помош за погодените семејства. Средствата предвидуваат еднократен надомест за загинатите и финансиска поддршка на повредените, во согласност со степенот на инвалидност – рече пратеникот на СДСМ Оливер Сапсовски на денешната комисиска расправа за ребаланс на буџетот.
Сапсовски потенцираше дека овој амандман е продолжение на иницијативата на СДСМ за носење на Законот за поддршка на настраданите во Кочани — закон што сè уште чека да биде разгледан во надлежната комисија.
– Очекувавме разбирање, солидарност и човечност во оваа постапка, особено затоа што се работи за директна помош на луѓе кои преживеаја хорор, а многу семејства загубија најмили. За жал, власта реши да не покаже ниту политичка ниту човечка волја да застане зад оваа иницијатива. Наместо единство и одговорност, видовме блокада и игнорирање на најголемите страдања на нашите граѓани – потенцираше Сапсовски.
Додаде дека СДСМ останува цврсто посветен на принципите на солидарност и хуманост. Подготвени сме да ги повлечеме сите останати амандмани, доколку власта се премисли и го прифати овој – затоа што веруваме дека нема поважна тема од оваа, рече тој.
– Ниту едно патче, ниту еден канал, ниту едно вработување не е поважно од тоа да помогнеме таму каде што болката е најголема. Ова не е прашање на политика, туку прашање на човечност. Повторно повикуваме на разум и солидарност. Народот во Кочани и цела Македонија заслужува да знае дека институциите не се глуви на нивната болка – рече Сапсовски.