Македонија
Стојановски ги предаде Акредитивните писма во Нов Зеланд
Во четвртокот и петокот амбасадорот на Република Македонија во Нов Зеланд, Перо Стојановски при работната посета на Велингтон ги предаде Акредитивните писма од претседателот Ѓорѓе Иванов на Генералниот гувернер,Ананд Сатјананд, со што стана првиот нерезидентен амбасадаор во Нов Зеланд.
Амбасадорот Стојановски за време на посетата на Велингтон, како што информираат од амбасадата, остварил поединечни средби со генералниот гувернер – Ананд Сатјананд, со директорот на Одделението за Европа – Крис Елдер, со високиот офицер за европската дивизија- Емон Ошаугнеси, заменик-директор протокол дивизијата- Пол Фостер-Бел и со Мери Оливер заменик-директор за привилегии и имунитети.На разговорите била потенцирана потребата од интензивирање на билатералниот политички дијалог, како и натамошно развивање на соработката при што би се создале предуслови за поефикасна соработка на економски план, како и во рамките на меѓународните организации и институции посебно во системот на ООН. Стојановски изразил надеж дека во блиска иднина економската соработка помеѓу овие две држави ќе резултира со поконкретни активности бидејќи Република Македонија со своите потенцијали на стопанството преставува поволна клима за странските инвестиции, а особено би било интересно за Нов Зеланд како можност за влез на европскиот пазар. Исто така амбасадорот Стојановски укажал и на моменталната асиметричност во однос визниот режим со очекување дека Нов Зеланд ќе го следи ставот на ЕУ и во блиска иднина ќе донесе одлука за изземање на државјаните од Република Македонија од визниот режим на Нов Зеланд.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Во прекин сообраќајот на граничниот премин Евзони
Од 17:30 часот сообраќајот на граничниот премин Евзони (Богородица) е во прекин, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Македонија
Во наредните десет дена изменет сообраќаен режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта
СВР Охрид информира дека од денеска во наредните десет дена, на сила ќе бидат измените на сообраќајниот режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта, општина Дебрца.
„На овој патен потег, сообраќајот ќе се одвива наизменично по левата сообраќајна лента гледано во правец од Охрид кон Кичево поради што, апелираме до возачите, крајно внимателно и со прилагодена брзина да ги управуваат своите патнички и други моторни возила и во согласност со поставената хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација“, соопштуваат од СВР Охрид.
Македонија
СДСМ: „Тефтерчињата“ во судството од времето на Никола Груевски се вратија
„Го сменија јавниот обвинител за да постават обвинител под своја контрола. Сопруга на градоначалник од ДПМНЕ назначија за член на Судскиот совет, поставија партиски човек во Советот за јавни обвинители. ‘Тефтерчињата’ во судството од времето на Никола Груевски се вратија“, велат од СДСМ.
„Сите знаат, следува целосно погребување на правдата. Со неуставна Резолуција во Собранието ДПМНЕ-ЗНАМ ја гушат демократијата, слободата на говор и се обидува да ја замолчи опозицијата да не зборува за договорот мигранти за пари.
Дури и Катица Јанева ја пуштија од затвор. Три години порано ја пуштија надвор од затвор за 3 месеци да тера кампања. Copy-paste сценарија како методите на Никола Груевски и Вучиќ. Режим 2.0.
Затоа е потребен широк фронт за правда на сите слободоумни граѓани, опозициски партии, прогресивни сили, здруженија. Заедно ќе ја одбраниме демократијата, заедно ќе ја одбраниме Македонија!“, се наведува во соопштението на СДСМ.

