Македонија
Македонците најмногу ги сакаат Русите
До ваков заклучок дошол туристичкиот репортер на „Космомолскаја Правда“, опишувајќи го односот кон руските туристи во Охрид
„Македонија веројатно е најголемиот пријател на Русите. Каде и да се слушне руски говор, локалните жители се топат во насмевки. Можеби заради тоа што Македонците се христијани како нас?“.Московскиот дбевен весник „Комсомолскаја правда“ во текст на страничката за туризам, објавен вчера, смета дека Охрид е најдобрата дестинација за руските туристи, не само поради климата, езерото или историјата, туку и поради односот кон руските туристи. Тие, според репортерот на весникот, најтопло биле примени токму во Македонија.Репортерот потсетува дека Охрид има 365 цркви и затоа е наречен „Словенски Ерусалим“. Текстот наликува на реклама за Охрид, ако се земе предвид дека во весникот се поместени и репортажи од Турција, Израел и Египет, каде се наредени многу критики. За весникот, сликата за Охрид е безмалку поетична.„Низ центарот на Охрид гледате крстови, долги пешачки патеки крај езерото, улица со бутици. Другото е типична населба: кафе, пуканки, продавници за сувенири. А, каде и да се свртиш, пред тебе – средновековни камени куќи. Секоја улица води до блискиот рид и до езерото – најдлабоко и најчисто во Европа. Видливоста низ водата е до 20 метри. Во август температурата на водата е околу 24 Целзиусови степени. Во Охрид цените во кафулињата и продавниците се многу пристапни. Вечера за двајца – околу 400 денари (300 рубли). Кујната е типично балканска: салата – една чинија, парче од месо – со големина на две дланки“.Сепак, се чини дека рускиот репортер слабо ги познава другите особености за Македонија, па додава дека „не постои македонска кујна, туку таа е мешавина од бугарски, турски и грчки јадења“.Весникот дава информации и за сместувањето, па наведува дека изнајмувањето приватни апартмани е најисплатлив начин на сместување. Хотелите им биле скапи, а изнајмување соба со кујна може да биде 25-30 евра дневно (каде што можат да се сместат и до четири лица).„Обиколките низ Македонија не се многу интересни, но тоа не е неопходно – само за да го откриете Охрид, ќе ви треба една недела. Одете до манастирот Свети Наум, на границата со Албанија“, пишува весникот.„Комсомолскаја правда“ ги информира руските туристи и дека организирана тура низ Македонија ќе ги чини 700 евра по човек, што вклучувало сместување во хотел со три ѕвездички и појадок. Апартманите со кујна се 25 евра. Визата за Македонија, Русите ги чини 12 евра.Првиот чартер-лет оваа година, со 130 туристи од Русија пристигна во Охрид на 26-ти јуни. До крајот на август на охридскиот аеродром ќе слетаат уште седум авиони со руски гости, а според најавите, ова лето Охрид и Струга ќе ги посетат околу 1.100 Руси. Првиот бран гости беше поради пројавениот интерес специјално за отварањето на Охридско лето. Ова е за првпат Руси организирано да летуваат во Македонија, бидејќи изминативе години нивниот број беше многу мал.Македонија и Русија се уште преговараат за меѓусебно укинување на визите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Мицкоски: Заедничка изјава и рамка за договор за балансирана трговија со САД и за царински тарифи на одредени производи и индустрии до 0%, ова е политика на конкретни резултати
Продлабочување на стратешко партнерство со САД: силна поддршка и нови економски перспективи за Македонија.
По договорот за партнерство со Обединетото Кралство и затворањето на постмониторинг дијалогот со Советот на Европа по цели 26 години, доцна синоќа Белата куќа објави Заедничка изјава меѓу САД и Македонија за реципрочна трговија, објави премиерот Христијан Мицкоски.
Оваа изјава, додава тој, претставува јасен сигнал за продлабочување на стратешкото партнерство и потврда за силната поддршка што Македонија ја ужива од САД. Таа, како што вели, го трасира патот кон сеопфатен договор кој ќе обезбеди тарифи не повисоки од 15%, а за одредени производи и индустрии и до 0%, отворајќи нови можности за извоз, инвестиции и економски раст.
„Со ваквите чекори ја зацврстуваме позицијата на Македонија како доверлив и предвидлив партнер, градиме економија со повисок стандард и ја унапредуваме нашата меѓународна позиција.
Ова е политика на конкретни резултати. Чекор по чекор, со јасна визија и стабилна поддршка од нашите стратешки сојузници“.
Македонија
Ова е веќе ВМРО-ОКГ, нема демократија ниту во името, велат од СДСМ
Сопруга на градоначалник на ВМРО назначена за член на Судски совет. Советник на Мицкоски во Уставниот суд. Татко на министер е советник во Владата Мицкоски, истакнуваат од СДСМ.
„161 тендер за семејната фрима на Томовски, каде е неговиот татко но и негов близок роднина.
51 тендер за омилената фирма на ВМРО преку општините. А тендерските шеми со поврзани фирми водат до таткото на Нелоски, шефот на кабинет на Мицкоски.
Во Алта Банка цела структура на ВМРО. Од Кадиевска Војновиќ, поранешна членка на Извршниот комитет на ВМРО па до баџанакот на Тошковски.
Во Народна банка, за Гувернер, наместо експерт – Трајко Славески, поранешен министер во времето на Груевски.
На чело на АНБ, претседателот на Градскиот комитет на ВМРО.
Томовски назначен за втор организациски секретар во ВМРО, да организира тендери.
Сменети сите потпретседатели во ВМРО, останат е само чуварот на фотелјата Мицкоски“.
Ова, додаваат од СДСМ, не е само непотизам и партизација, ова е ОКГ – Организирана криминална група.
„ВМРО-ОКГ. Нема демократија ниту во името.
Македонијо, 2016 ни чука на врата, ни се враќа Никола Груевски“.
Македонија
Мицкоски во Германија: Разговараме и привлекуваме реномирани светски компании кои веруваат во потенцијалот на нашата држава
Денеска во Минхен остварив работна средба со менаџментот на германскиот гигант Schwarz Group, под чија капа работат светски познатите брендови „Lidl“ и „Kaufland“, објави на социјалните мрежи премиерот Христијан Мицкоски кој од денеска е во Германија, каде ќе присуствува на 62-та Минхенска безбедносна конференција.
„Разговаравме за нивните планови за инвестиции, отворање нови работни места и модернизација на трговскиот сектор во нашата земја.
Ги отвораме вратите за домашните компании да ги пласираат своите производи во големите европски синџири.
Продолжуваме да разговараме и привлекуваме реномирани светски компании кои веруваат во потенцијалот на нашата држава“, пишува Мицкоски во објавата на социјалните мрежи.

