Македонија
Коњановски: Македонија, Турција и САД имаат одлична соработка во одбраната
Министерот за одбрана, Зоран Коњановски оствари средба со американско-турската делегација, составена од советници на американски конгресмени и претставници од Турската коалиција во САД, кои се во посета на Македонија
<!– @page { margin: 0.79in } P { margin-bottom: 0.08in } –>Министерот Коњановски, осврнувајќи се на самите почетоци од процесот за интегрирање на Македонија во НАТО го истакна одличното партнерство и пријателство помеѓу Македонија, САД и Турција, за што говори и одличната билатерална соработка помеѓу земјите како и партнерската соработка во мировните мисии и регионалните проекти. Соработката во мировните мисии во Ирак, Авганистан, БиХ, Либан, улогата на Македонија во регионот, односите со соседите, реформите во областа на одбрана и НАТО интеграциите, како и проектите во министерството за одбрана и Армијата беа дел од темите со кои беа запознати претставниците од американско-турската делегација. „Министерот Коњановски потенцираше дека Република Македонија бара само принципиелно вреднување на направеното и дека Република Македонија не сака да биде наградена туку само правилно вреднувана“, стои во соопштението од кабинетот на Коњановски. претставниците од американско-турската делегација изразиле благодарност за презентацијата за состојбите и патот на Македонија кон НАТО. Тие ја изразиле несебичната поддршка на САД и Турција за целосно интегрирање на Македонија во НАТО и ЕУ, а изразиле и благодарност за несебичниот ангажман на АРМ во мировните мисии насекаде во светот. На средбата присуствуваа и заменик министерот за одбрана, Емил Димитриев и началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Мирослав Стојановски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) Ѓорѓиевски: Целосна реконструкција на култната фонтана „Лотос“ во Градскиот парк
Градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски, објави видео во кое вели дека култната фонтана „Лотос“ повторно го добива својот сјај.
„Започната е целосна реконструкција на фонтаната која се наоѓа на влезот од Градскиот парк – место што со децении претставува препознатлив белег и симбол на Скопје, но кое за жал со години беше запуштено.
Со проектот е предвидена целосна обнова на фонтаната, како и уредување на плоштадот околу неа. Се поставува нова урбана опрема и современо осветлување, со што просторот ќе добие нов, модерен и достоинствен изглед, соодветен на значењето што го има за градот и граѓаните.
Ова култно катче, еден од најпрепознатливите симболи на Скопје, повторно ќе стане место за средби, прошетки и споделени моменти. Простор каде што генерации скопјани ќе се собираат, ќе создаваат спомени и ќе уживаат во уреден и квалитетен јавен простор, онака како што Скопје заслужува.
Градот го обновуваме чекор по чекор, со јасна визија и конкретни дела. Скопје го правиме заедно. По скопски!“, изјави Ѓорѓиевски.
Македонија
Општина Центар и Амбасадата на Чешка му оддадоа почит на Роберт Гајдик
Денес се одбележуваат 84 години од прерано згаснатиот живот на Роберт Гајдик Славко, истакнат борец и партизан во Народноослободителната борба.

Со полагање свежо цвеќе, Н.Е. Амбасадорот на Република Чешка, Јарослав Лудва и военото аташе на Република Чешка, претставници од Општина Центар, Сојузот на борци и Здружението на пензионери на Општина Центар, жители од Урбаната заедница „Роберт Гајдик“ и негови почитувачи му оддадоа почит.

Исто така, во чест на празникот Василица, во Урбаната заедница „Роберт Гајдик“ се вртеше паричка, а среќниот добитник беше Владе Левковски, претседател на пензионерскиот огранок „Невена Георгиева Дуња”.

Преку овој симболичен настан, секоја година му се оддава почит на интернационалниот борец, симбол на истрајност и борба за слобода против окупаторот.

Општина Центар со години го чествува и негува споменот на Роберт Гајдик и неговото дело.

Македонија
Ако СДС се сомнева за некаков вид на криминал или корупција нека се јават на нивните судии и обвинители, велат од ВМРО-ДПМНЕ
СДС повторно растура пердуви во јавноста со цел да прикаже некаква поврзаност на ВМРО-ДПМНЕ со некакви фирми и да шири лаги и манипулации, велат од партијата на власт.
„Кога во нивно време, тендерите и набавките беа синоним за криминал и корупција, и по „дифолт’’ одеа кај фирмите на семејствата на Заев и Филипче, денес тоа повеќе не е така.
Сите тендери и јавни набавки кои се спроведуваат се законски, отчетни и транспарентни.
Ги прашуваме СДС, дали човек смее да има фирма/бизнис, да учествува на тендер/набавка и да биде член/симпатизер на политичка партија? Дополнително, дали има некаков вид на криминал или корупција во тендерите? Ако се сомневаат во нешто, нека се јават на нивните обвинители и судии, сигурни сме дека ќе им помогнат“, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

