Македонија
Македонија не е меѓу 100-те најдобри земји за живеење

Македонија не се најде на листата од 100 најдобри земји за живеење што ја објави американскиот неделник Newsweek
На ранг листата ги нема ниту Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина, но затоа Словенија се најде на високото 24 место, Грција на 26-то. а Хрватска на 28 –то место.Албанија исто така ја има во класификацијата, таа се наоѓа на 57-то место, а Бугарија ја зазема 38-та позиција.Земја број еден за живеење, според листата е Финска, а по неа следат Швајцарија и Шведска. На крајот од рангирањето се најдоа Камерун, Нигерија и Буркина Фасо.Во посткомунистичкиот период во Средна Европа најдобро котираат Чешка која се најде на 25-то место, на 29-то е Полска, 31-ва е Словачка а Унгарија е на 31-во место.Листата од 100 земји од светот аналитичарите ја направиле по истражувањето за квалитетот на живеење, здравството, економијата, можноста за стекнување на образование и според политичката состојба на земјите.Аналитичарите се воделе од прашањето – „Да се родите денеска, која земја би ви дала наjдобра можност да живеете здрав, безбеден и релативно богат живот?“, пишува Newsweek.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Времето денеска сончево и топло, од среда зголемување на облачноста и заладување

Времето денеска ќе биде сончево и топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе се движи од 5 до 14, а максималната ќе достигне од 24 до 32 степени.
Во Скопје, сончево и топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе искачи до 32 степени.
Од Управата за хидрометеоролошки работи информираат дека до средината на следната седмица ќе се задржи сончево и топло време. Од среда ќе има зголемување на облачноста и постепено опаѓање на дневната температура.
Македонија
(Фото) Ангелов: Пожарот над скопско Батинци е намерно подметнат, имаме целосна контрола над огнот

Големиот пожар над скопско Батинци е под целосна контрола, вели директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов.
„Поради ветерот пожарот се ширеше со голема брзина. Скопската противпожарна бригада итно излезе на лице место со неколку возила, на помош дојдоа и два пинцгауера на ДЗС управувани од полицајци од ЕБР, но поради опасноста да биде зафатено и селото Батинци, бидејќи пожарот се движеше во таа насока, по барање на директорот на ЦУК, испративме и еден хеликоптер на МВР, како и два ертрактори на ДЗС кои помогнаа за брзо воспоставување на контрола над овој пожар. Во овој момент можам да кажам дека имаме целосна контрола над овој пожар, има горење уште во долот, но продолжуваат со дејство ертракторите и хеликоптерот. Верувам дека набрзо ќе биде целосно изгаснат“, изјави Ангелов.
Тој додава дека има индиции оти пожарот во скопско Батинци е намерно подметнат.
„Се работи за намерно подметнат пожар којшто кај граѓаните предизвика паника дека повторно е запалена депонијата Дрисла, но овојпат не гореше Дрисла“, истакна Ангелов.
Македонија
(Фото+видео) Голем пожар изби над скопско Батинци, брзо се шири поради силниот ветер

Голем пожар попладнево изби на отворен простор над скопското село Батинци.
Од пламените јазици зафатени се трева, грмушки и мешана шума.
Поради силниот ветер, огнот се шири со голема брзина.
„Скопската БППЗ работи на гаснење, набргу ќе пристигнат и два пинцгауери на ДЗС како и хеликоптерот на МВР а нешто подоцна ќе полетаат и два ер трактори на ДЗС“, вели директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов.
Ангелов вели дека според првичните информации се работи за намерно подметнат пожар.
На лице место е и директорот на ЦУК, Мухамед Али.
„Ситуацијата постојано се следи, а интервенциите продолжуваат со цел локализирање на пожарот“, истакна Али.