Македонија
Десет илјади пријавени студенти во првиот ден
На првиот ден од уписите за високо образование се пријавија 10.200 кандидати а само за споредба минатата година имавме вкупно 16 илјади запишани, рече Министерот за образование и наука, Никола Тодоров.
Според него, оваа година како резултат на зголемените квоти за упис и намалената партиципација се очекува бројот на запишани студенти и процентот на проодност да биде на рекордно ниво што ќе овозможи на долг рок сериозно зголемување на процентот на високо образовани кадри во Македонија.„Ова е исто така и поткрепено и со фактот со намалување на процентот на „исклученост“ (drop out) од образовниот процес кој што во последните години сериозно се намалува,“ смета Министерот Тодоров.Во текот на вчерашниот и денешниот се одвива првиот уписен рок на петте јавни високо образовни установи во Македонија каде за оваа студентска година има предвидено вкупно 27.046 слободни места.Од оваа бројка 16.089 слободни места се во државна квота за редовни студенти, 7.305 слободни места во квота за редовни студенти со кофинансирање и 3.652 слободни места се наменети за вонредните студенти.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Кисела Вода денеска без струја
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија АД, информира дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09.00 до 11.00 часот корисниците на ул. 368 бр.3 (општина Кисела Вода)
Македонија
Намалена видливост поради магла на неколку патни правци
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози. Намалена видливост поради појава на магла до 200 метри на патниот правец Тетово – Гостивар, Сарамзалино – Штип 100 метри, намалена видливост до 200 метри на патниот правец Куманово – Страцин.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Без вода дел од Карпош
ЈП Водовод и канализација Скопје известува дека денеска поради промена на шибер од ф 100мм на улицата Драгиша Мишовиќ бб без вода ќе бидат корисниците од улицата Драгиша Мишовиќ.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на санацијата на дефектот.

