Македонија
МЖ ќе стане дел од екс-ју железницата
Македонија се приклучува на новата железничка иницијатива која ја предводат Словенија, Хрватска и Србија, јавија од „МЖ-транспорт.
Во јавноста се создаде погрешна слика дека Македонија не изразила подготвеност да учествува во новата железничка алијанса, вели за „Форум“, Оливер Дерковски, директор на „МЖ-транспорт“.Македонија дефинитивно има желба да стане дел од железничката алијанса што дваесет години по распадот на СФРЈ решија да ја формираат Словенија, Хрватска и Србија, а чија цел е поефикасен, порентабилен и побрз превоз на стоки и патници во регионот.За таа цел Дерковски, на 31 август, годинава ќе отпатува за Словенија каде што на средба со раководството на словенечката железница ќе разговара за деталите околу вклучувањето на Македонија во овој проект.„Во јавноста се создаде погрешна слика дека Македонија не изразила подготвеност да учествува во новата железничка алијанса. Вистината е дека трите земји-иницијатори на проектот тргнале со заедничка идеја со овој проект да се обедини работата на трите железници и да се привлече сообраќајот од Коридорот 4 кој преку Унгарија и Романија ги поврзува европските земји со Бугарија и Турција. Поради тоа, покана за учество на Македонија во овој проект најпрво воопшто немаше. Меѓутоа, отпосле беше сфатена значајноста на Коридорот 10, кој минува и низ Македонија по што следуваше и покана до нашата земја“, вели Дерковски. Тој вели дека македонската страна позитивно одговорила на поканата и дека сега дополнително ќе се договара на кој начин нашата земја би се вклучила во новата железничка алијанса.„Станува збор за ново правно лице кое најверојатно ќе биде со седиште во Словенија, со оглед на тоа што единствено таа земја е членка на Европската Унија од сите останати земји-поранешни југословенски републики. За останатите детали јавноста ќе биде запознаена по состанокот во Словенија„, вели Дерковски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Фото) Инспекциска акција во Центар, нема да толерираме диви депонии и небезбедни напуштени објекти, порача Герасимовски
Инспекциските служби на општина Центар започнаа со расчистување на два напуштени објекти на улиците „Тетовска“ бр. 20 во Ново Маало и „Владимир Полежиновски“ бр. 7, во близина на ТЦ Буњаковец.
На првата локација, во близина на гимназијата „Раде Јовчевски – Корчагин“, со асистенција на Министерството за внатрешни работи, се иселени бездомните лица, затекнати во руинираниот објект, по што започна расчистување на сметот во и околу куќата, извести Општината.

Интервенцијата е извршена по пријава и барање на жителите од околните згради, поради страв од пожари, кражби и загрозување на безбедноста и здравјето.
На втората локација во Буњаковец, поради присуство на малолетни бездомни лица, во акцијата е вклучена и социјалната служба. По завршување на постапката, ќе се пристапи кон целосно расчистување на просторот кој е претворен во мини депонија.

Ова не е првпат инспекциските служби на општина Центар да интервенираат на овие локации по барање на жителите. И покрај претходните интервенции, бездомни лица повторно се вселуваат во напуштени објекти, користејќи го фактот дека станува збор за куќи со нерешени имотно правни односи. Иако сопствениците се контактирани, поради недостиг на соодветна реакција, Општината е принудена постојано да интервенира со цел заштита на јавната безбедност, велат од Центар.
Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски посочи дека ваквите објкети во кои се собираат бездомници и се создаваат диви депонии, не се само лоша слика за централното градско подрачје, туку и реална опасност за околината.

„Ги повикувам сопствениците да бидат одговорни, а граѓаните навремено да пријавуваат, за да можеме навреме и ефикасно да реагираме“, порача Герасимовски.
Македонија
По информациите за енормно загадување на водата за пиење во Струга, обвинителството оформи предмет
Во врска со информациите за енормно загадување на водата за пиење и за основни животни потреби на подрачјето на градот Струга, Основното јавно обвинителство Струга оформи предмет за да се испитаат причините и евентуално сторени кривични дела против животната средина и природата.
Во координација со МВР – ОВР Струга, издадена e наредба за правосудната полиција да изврши увид на локација во селото Шум, каде се сместени изворите од кои подрачјето на градот Струга се снабдува со вода за пиење.
При увидот треба да бидат присутни и надлежни инспекциски служби од областа на животната средина, од Агенцијата за храна и ветеринарство, како и од Центарот за јавно здравје.
Ќе бидат преземени и други дејствија на проверки, соопшти обвинителството.
Македонија
Советник на Мицкоски за нов уставен судија – толку од независноста на судството, велат од СДСМ
Гоце Наумовски, кој е надворешен советник на премиерот Мицкоски за правни работи, е предлог за нов уставен судија кој се очекува да биде изгласан наскоро, истакнуваат од СДСМ.
„Кадровско решение од кабинетот на премиерот во највисоката судска инстанца во државата.
Дополнително, Гоце Наумовски е брат на поранешниот вицепремиер за евроинтеграции од ВМРО, Васко Наумовски, со што политичките релации и влијанија се уште еднаш потврдени.
Власта ги зема под целосна своја контрола судството и обвинителството.
Го сменија јавниот обвинител и планираниот избор на обвинител под своја контрола. Сопруга на градоначалник на ВМРО назначија за член на Судски совет. Сега советник на Мицкоски во Уставниот суд“.
Според СДСМ, додека Мицкоски од собраниска говорница им дели задачи и им кажува што и како да работат, носат закони за правосудатво кои се спротивни на препораките на ЕУ.
„Тотална партизација на државата, партиски контролирано судство, судии и обвинители од тефтерчињата. Исто како во времето на Никола Груевски.
Следува целосно погребување на правдата и правната држава“.

