Македонија
Жестока комисиска дебата по предлог-законот за кривична постапка
Жестока дебата предизвика првото читање на Предлог законот за кривична постапка пред членовите на Собраниската комисија за политички систем и односи меѓу заедниците
Пратеникот Владо Бучковски од СДСМ го обвини министерот за правда, Михајло Маневски за партизација на судството и рече дека тој немал кредибилитет да предлага и спроведува ваков закон. „Најголемата реформа што треба да се направи е министерот да замине. Ако министерот не замине, јавната расправа што вие ќе ја организирате ќе покаже дека експертската и стручната јавност не се согласува со овој концепт“, рече Бучковски.Дел од членовите на комисијата побараа пратеникот Бучковски да не се служи со лични дискфалификации во дискусијата.„За мене е навистина несфатливо како еден универзитетски професор и пратеник, кој со полна уста зборува за демократија, им лепи етикети на присутните дека немаат кредибилитет да предлагаат закони или да зборуваат и не извлекол поука од изречената судска пресуда дека клеветел“, рече Силвана Бонева од ВМРО-ДПМНЕ.„Јас очекував колешката нешто да каже за министерот, но очигледно таа сака овде да ја водиме расправата што не ја водевме во судницата дали таа поседувала бугарски пасош или не. Јас тоа нема да го направам овде, затоа што имам нарачано супер-вештачење со кое треба да се потврди дали колешката е психо-физички способна да ја обавува функцијата пратеник“, одговори Бучковски.Опозицијата со став – Македонија нема средства, нема технички услови и нема кадри за спроведување на овој закон. Од своја страна, министерот Маневски одговори дека преку донатори се обезбедени дел од средствата за примената на законот по неговото донесување и дека системот навреме ќе биде подготвен за негова ефикасна примена. „Околу капацитетите, за разлика од порано што ништо не беше сторено, за овие три години комплетно се реновирани 11 судови со проширена надлежност. Значи, реновирани се простории од околу 29.000 метри квадратни, со нови судници, со нови кабинети, со нови простори. Тоа се најголемите судови во Република Македонија. Во нив се создаваат капацитети за примена на одредби од законот. Она што е значајно, градиме и нов кривичен суд кој што ќе биде во функција на ова што го говориме“, рече министерот Маневски.Тој информираше дека, поради потребното време за обука за службеници од неколку институции, законот ќе има одложна примена од две години.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја делови од Центар и Аеродром
Без струја денеска ќе останат дел од корисниците од општините Центар и Аеродром.
„Од ЕВН Македонија АД добивме известување дека на ден 14.01.2026 година ( среда ) без електрична енергија ќе останат: – во периодот од 09.00 до 11.00 часот, корисниците од ул. Наум Наумовски Борче бр. 65 и околните стамбени објекти околу него. (општина Центар). Во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците од дел од ул.Ѓорѓи Андеевиќ Кун во близина на училиштето Димитар Македонски (општина Аеродром)“, информира РЦУК – Скопје.
Македонија
Сообраќајот на патот Скопје – Штип е во целосен прекин поради запалено товарно возило
Сообраќајот на патниот правец Скопје – Штип е во целосен прекин, поради опожарено тешко моторно возило, четири километри пред патарината „Преод“, информира АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Лидерска средба за техничката влада, СДСМ одби да учествува
Во Клубот на пратениците денеска треба да се одржи лидерска средба на премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, со претседателите на парламентарните партии кои имаат пратенички групи во Собранието.
На средбата треба да се разговара за реформските закони од правосудството, за изборот на народен правобранител, за Изборниот законик и за укинување на техничката влада, но и за други прашања.
СДСМ одби да учествува на средбата. Левица најави присуство, како и коалициските партнери во Владата – ЗНАМ и и ВРЕДИ.
Вчера попладне, своето присуство го потврди и лидерот на ДУИ, Али Ахмети.
Претседателот на СДСМ Венко Филипче, ја одби поканата со образложение дека се против тоа во иднина да нема техничка влада која, како што образложи е гаранција за фер избори, а дека за реформските закони ќе гласаат во Собрание.

