Македонија
Честитка на Иванов за 8. Септември
Честитка на Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов по повод 8 септември, Денот на независноста
Годинешниот празник ни е уште една можност да се потсетиме на сите напори, успеси, тешкотии и активности кои ги изминавме во градењето на нашата држава – Република Македонија. Денес се сеќаваме на почетокот на патот кој беше одбележан со големи закани и со неизвесност, на кој наше најголемо оружје беше решителноста и ентузијазмот на граѓаните кои ја преземаа одговорноста во свои раце. 8 септември е еден во низата решителни чекори преземани со цел да се даде форма и да се отелотвори токму оваа решителност на нашите граѓани да бидат одговорни за својата иднина. Причина повеќе за празнување е што темелите на таа наша држава ги поставивме цврсто во вредностите кои ја гарантираат нејзината долговечност, во демократскиот плурализам, почитувањето на човековите права и заштитата на слободата на сите наши граѓани.Сите ние кои празнуваме, во Република Македонија како и во големите заедници на македонските граѓани во светот, имаме свој залог во иднината на македонската држава. Како што решително се определивме таа иднина да ја бараме во независна и самостојна држава, еднакво решително сме определени таа држава да го одбележи своето место во обединета Европа. Нашата безбедност која ја зачувавме во бурните први денови на независноста, во иднина ја проектираме во евро-атланскиот сојуз на демократски и слободољубиви држави.На неизвесниот пат кој го поминавме паметиме мигови кога можеби сме се посомневале во крајниот исход и во успешноста на задачата која ја преземавме. Кога можеби и не сме биле достојни на висината на задачата која е пред нас – да се изгради нова држава, нов дом, на Балканот и во Европа. Но, убеден сум дека сите овие прашања добија решителен одговор – дека основата е поставена, и дека Македонија е тука за да опстои, за да им обезбеди можност за напредок и за благосостојба, како и шанса за докажување на сите нејзини граѓани.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Уапсени возачи од Скопје и Куманово, возеле без возачка, одземени им се возилата
Полицијата уапси двајца возачи од Скопје и Куманово, возеле без положен возачки испит, одземени им се возилата.
Попладнево во 12:40 часот на патот Куманово-с. Липково, полициски службеници го лишија од слобода Ш.А.(31) од Куманово. При сообраќајна контрола, полициските службеници сопреле патничко возило „голф“ со кумановски регистарски ознаки, при што било констатирано дека возилото го управувал без положен возачки испит за управување на возило од Б категорија. Ш.А. е задржан во полициска станица, а возилото е одземено.
На 03.02.2026 во 13:00 часот на улица „Јустинијан први“ во Скопје, полициски службеници го лишија од слобода И.Џ.(20) од Скопје. При сообраќајна контрола, полициските службеници сопреле патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, при што било констатирано дека возилото го управувал без положен возачки испит за управување на возило од Б категорија. И.Џ. е задржан во полициска станица, а возилото е одземено.
По документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни пријави по член 297-а од КЗ.
Македонија
Партиите со осуда за нападот врз новинарот Видиновски
Политичките партии го осудија нападот врз новинарот Александар Видиновски.
„Ги осудуваме нападите врз новинарот Александар Видиновски, кои се последица на бугарскиот национализам и шовинизам. Нападот врз новинарот Видиновски е напад врз слободата на говор и врз медиумите, од страна на структури кои разгоруваат омраза, а се мотивирани од бугарскиот национализам. Сите напади како овој врз новинарот Видиновски го разјадуваат општеството и ја подгреваат омразата, и мора веднаш да престанат“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Осуда стигна и од ЛДП.
„Либерално-демократската партија (ЛДП) најостро го осудува однесувањето на онлајн насилниците со коментари исполнети со говор на омраза кон новинарот на Канал 5, Александар Видиновски. Ваквиот начин на изразување и на воспоставување дијалог не е воопшто соодветен за било кое демократско општество. Ја изразуваме нашата поддршка за Видиновски, бараме независното новинарство да остане независно од секакви влијанија и бараме брза реакција на институциите за расчистување на случајот“, велат од ЛДП.
Македонија
Македонија и ОАЕ потпишаа Меморандум за размена на искуства во областа на развојот и модернизацијата на владата
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска во Дубаи оствари билатерална средба со вицепремиерот и министер за надворешни работи на Обединетите Арапски Емирати, шеикот Абдула бин Зајед Ал Нахјан, во чии рамки беше потпишан Меморандум за разбирање меѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Обединетите Арапски Емирати за размена на искуства во областа на развојот и модернизацијата на владата.

„Со Меморандумот се воспоставува институционална рамка за систематска соработка насочена кон унапредување на јавните политики, јакнење на административните капацитети, дигитална трансформација и примена на иновативни модели на управување“, соопштија од МНР.
Од таму додаваат дека потпишувањето на документот отвора нови можности за размена на знаења, експертиза и добри практики, како и за реализација на заеднички активности и проекти во области од заемен интерес, со цел зголемување на ефикасноста и квалитетот на владините услуги.
На средбата станало збор и за можноста за воспоставување директна авиолинија меѓу Скопје и Обединетите Арапски Емирати. Воедно бил направен сеопфатен преглед на билатералните односи, при што биле разгледани можностите за нивно натамошно продлабочување. Посебен акцент бил ставен на унапредувањето на политичката соработка, јакнењето на економските врски и интензивирањето на трговската размена меѓу двете земји.
Двете страни ја потврдиле заедничката определба за натамошно зајакнување на партнерските односи и развој на конкретни иницијативи кои ќе придонесат за одржлив економски раст, институционална ефикасност и продлабочена соработка меѓу Република Северна Македонија и Обединетите Арапски Емирати.

