Македонија
ДПА со кривична пријава против членовите на Комисијата за лустрација
Демократската партија на Албанците на Меднух Тачи, ќе поднесе кривична пријава против членовите на Комисијата за лустрација за прикривање на факти и докази, во полза на пратеник на ДУИ
„Комисијата за лустрација одлучува врз база на документ од 13 страници, каде што пратеник на ДУИ прифаќа да биде соработник на тајните служби, а исто така имавме и јавна изјава од висок функционер на ДУИ каде што исто така се потврдува дека во редовите на нивната партија има пратеник што соработувал со тајните служби. Комисијата за лустрација на скандалозен начин, со гласање како влада и со седум гласа против фактите, седум гласа против реалноста се обиде да го спаси пратеникот на ДУИ со што стана дел од дневнополитичкото пазарање“, изјави Луан Треси, портпарол на ДПА.Од ДПА побараа најмалку како морален чин пратеникот на ДУИ да си поднесе оставка и да се тргне од политичката сцена и најавија дека фактите и доказите што ги поседуваа, како и сето она што има врска со работата на Комисијата и лустрацијата ќе го достават до целиот меѓународен фактор во земјата. Нагласија дека истите докази ги поседувала и Комисијата за откривањето на името на пратеникот, оттаму дадоа втора можност со што пратеникот сам, како морален чин би се повлекол од политиката.Претседателот на Комисијата за верификација на фактите вели дека се уште постапуваат по добиените докази и се уште утврдуваат кој соработувал со тајните служби. Тој вели дека не ги интересира кој против нив поднесува кривични пријави.„Прво нас не не интересира која политичка партија сака да поднесе кривична пријава, второ од каде некој знае како гласаме ние во Комисијата?! Тоа е тајно гласање и останува во архивата на Комисијата. Нема двајца спорни пратеници, има спорни предмети и за секој предмет одлучуваме. За никого немаме одлучено дека соработувал со тајните служби. Не одлучуваме ние, туку ние ги утврдуваме фактите. Се уште утврдуваме факти, нема пратеник,судија, министер како што доаѓаат предметите, така одлучуваме. Тој отфрли какво било политичко пазарање или политички договори и вели дека секој член одлучува според своите политички одлучувања, односно според законот и за него Комисија се уште не го изгубила кредибилитетот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
СДСМ да не користи трагедии како во минатото за добивање на политички поени, реагира ВМРО-ДПМНЕ
Срамно и безобразно е соопштението од страна на СДСМ во однос на трагедијата која се случи во скопски Карпош, оценува ВМРО-ДПМНЕ.
„Истата партија СДС, да потсетиме дека обично кога се во опозиција, трагедиите ги користи стрикно за собирање на политички поени, а не за да покаже емпатија. Случајот со Нешковски, малата Тамара, Диво Насеље, Смилковско езеро и многу други, се случаи кои СДС пред да дојде на власт со Заев и Филипче, ветуваше правда и велеше дека ќе обелодени некаква вистина која била криена по повод овие трагедии. СДС со Заев и Филипче, кога дојдоа на власт, заборавија на се како да имаат амнезија.
Затоа, за оваа тема, која ја потресе цела јавност, ги замолуваме СДС да не ја користат за политички поени. За разлика од порано, разликата е во тоа што сега работите се кажуваат гласно и транспарентно, а виновниците имаат имиња и презимиња.
ВМРО-ДПМНЕ упатува сочувство до семејствата на жртвите и посакува да не се случуваат вакви трагедии во иднина“, се вели во реакцијата.
Македонија
Од Пинтија до Драчево ќе се гради современ булевар со четири ленти
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски најави дека почнува реализацијата на изградбата на булеварот Борис Трајковски.
Објавена е јавната набавка, а по завршување на законската постапка, градежните работи се очекува да почнат за околу 40 дена. Рокот за изведба е до крајот на календарската година.
Проектот опфаќа изградба на современ булевар во должина од 850 метри, со четири коловозни ленти и безбедна пешачко-велосипедска патека, на потегот од трафостаницата во Пинтија до кружниот тек во Драчево. Со ова трајно ќе се реши долгогодишниот сообраќаен проблем со кој секојдневно се соочуваат над 100.000 граѓани.

Надлежните апелираат за трпение за време на градежните активности, нагласувајќи дека привремените отежнувања ќе донесат долгорочно, квалитетно и безбедно сообраќајно решение за сите граѓани.
Македонија
СДСМ бара оставка од Тошковски по трагедијата во Карпош
СДСМ побара оставка од министерот за внатрешни работи Панче Тошковски по трагедијата во скопската населба Карпош, каде што починаа мајка и дете.
Од партијата велат дека случајот покажал сериозни пропусти на институциите во заштитата од семејно насилство.
„Институциите биле алармирани, имале сознанија и индиции за ризик, но со нивната несоодветна реакција не ги заштитиле жртвите“, наведуваат од СДСМ.
Од партијата оценуваат дека потфрлил институционалниот систем, вклучително и МВР и центрите за социјална работа.
Тие потсетуваат и на случајот во Велес, каде пред неколку месеци беше убиена млада жена заедно со нејзиниот татко, и покрај претходни пријави за насилство.
„Само во 2026 година изгубени се четири животи поради родово базирано и семејно насилство“, наведуваат од СДСМ.
Партијата бара оставка од Тошковски и темелна истрага која, како што велат, ќе утврди одговорност кај сите службени лица од МВР, центрите за социјална работа и другите надлежни институции.

