Македонија
Фуере: Позитивно е што дијалогот меѓу Македонија и Грција е во тек
Евроамбасадорот Ерван Фуере позитивно го оцени одржувањето на средба меѓу македонскиот претседател, Ѓорге Иванов и грчкиот премиер, Јоргос Папандреу на маргините на 65-тото Генерално Собрание на Обединетите Нации во Њујорк
Смета дека одржувањето на дијалог и нивото на доверба меѓу двете земји е единствениот начин за изнаоѓање решение за спорот со името.„Мислам дека она што е позитивно е дека дијалогот е во тек, бидејќи разбравме дека ќе има средба меѓу премиерот Папандреу и претседателот Иванов. Ова е добар доказ дека дијалогот е во тек. Постојано ја повторуваме потребата од овој дијалог и одржувањето на односот на доверба што беше воспоставен. Ова е единствениот начин за изнаоѓање решение. Ние продолжуваме да се надеваме и молиме дека решение ќе биде најдено што е можно побрзо“, изјави Фуере.Тој побара од македонските политичари претстојниот извештај на Европската Комисија за напредокот на Македонија да го сфатат како охрабрување за продолжување на реформите во областите каде што ќе бидат забележани слабости.„Верувам и се надевам дека Владата и сите партии ќе го прифатат овој извештај со целата своја содржина, со позитивните аспекти и, исто така, со оние области каде ќе бидат нагласени недостатоци. Да го прифатат тоа како водич, како охрабрување за продолжување со потребите реформи во претстојниот период, бидејќи ова е нешто што граѓаните го очекуваат од своите политички лидери.“, изјави Фуере.Иванов и Папандреу попладнево ќе одржат средба во Њујорк на барање на македонската страна. Поканата до грчката страна беше упатена вчера, откако беше договорено премиерот Никола Груевски да не отпатува на 65-тото Генерално Собрание на Обединетите Нации
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Забранет сообраќајот на регионалниот пат Гостивар – село Чегране поради излевање на реката Вардар и обилниот дожд
Во 20.40 часот е воведена забрана за сообраќај на регионалниот пат Р2-233 Гостивар – село Чегране поточно во село Форино, поради излевање на реката Вардар и обилни врнежи од дожд, извести АМСМ.
Сообраќајот се пренасочува од село Чајле кон село Старо Чајле према село Форино.
Воведена е забрана за сообраќај и на локалниот пат од „Тумчевишка Петла“ кон село Тумчевиште и село Чегране, додаваат од АМСМ.
Македонија
Меѓународните односи, реформите и борбата против корупција во фокусот на разговорите меѓу Сиљановска-Давкова и Варнс
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ја прими Никол Варнс, вршителка на должноста шеф на мисијата во Амбасадата на САД.
Таа изрази подготвеност за понатамошна соработката со истата динамика и посветеност како со претходната амбасадорка.
Разговорот започна со осврт на меѓународните односи, состојбите во НАТО, ЕУ и регионот.
Потоа соговорничките се фокусираа на македонските работи: реформските процеси во судството, дигитализацијата, борбата против корупцијата и организираниот криминал и реализацијата на инфраструктурните проекти.
За нив, инклузивниот модел на одлучување и меритократијата во сите сфери на општествениот живот, а особено во образовниот систем и во регрутирањето на државната и јавна администрација на највисоко ниво се клучни не само за нашата евроинтеграција, туку и за просперитетот на државата.
Во време на безбедносни предизвици и ризици, за обете, американско-македонското стратешко партнерство, како и сојузништвото во НАТО се важни за стабилноста.
Амбасадорката ја потврди американската подготвеност за унапредување на пријателските односи, поздравувајќи ја неодамна усогласената заедничка изјава за рамката за идниот Договор за реципрочна, фер и балансирана трговија, како значаен чекор во зајакнувањето на економската соработка.
Сиљановска-Давкова и Варнс очекуваат со Акцискиот план да се конкретизираат низа проекти во интерес на граѓаните.
Македонија
Укината забраната за сообраќај на камиони на патот Гостивар-Стража-Кичево
Од 17:20 часот укината е забраната за ТМВ на патниот правец Гостивар-Стража и обратно.
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози. Врнежи од снег има на Пониква и на патниот правец Штип-Неготино кај с.Лесковица, кој во моментов не претставува пречка за одвивање на сообракајот, јави АМСМ.

