Македонија
Наумовски: Да се прифати реалноста за нашето постоење
Вицепремиерот задолжен за европски прашања, Васко Наумовски, порача дека постоењето на македонскиот национален идентитет, јазик и култура е реалност што не може да биде променета и повика сите соседи на Македонија да ја прифатат таа реалност
Тој заедно со британскиот амбасадор во земјава, Кристофер Ивон, денеска ја промовираше публикацијата „Да ја запознаеме Европа“ наменета за деца од школска возраст.„Кога некој има проблем со реалноста, постојат два начини тој проблем да биде решен. Првиот е да ја промени реалноста, вториот е да го промени својот став и да ја прифати реалноста таква каква што е. Постоењето на македонскиот национален идентитет, македонскиот јазик, македонската култура и македонската историја и македонската цивилизација воопшто е една реалност која што не би можела да се промени. Се надеваме дека сите наши соседи што поскоро ќе ја прифатат таа реалност и тоа ќе ни овозможи со сите од нив да градиме блиски, искрени и пријателски односи“, изјави Наумовски.Во однос на проблемот со името, британскиот амбасадор Ивон изрази очекување за брз прогрес, за што, како што рече, е потребно лидерство и флексибилност.„Јас многу се надевам дека има прогрес, претпоставувам. Мислам дека тоа бара лидерството и флексибилност. Но, многу се надевам дека прогресот може да биде најден брзо“, изјави амбасадорот Ивон.Тој рече дека визната политика на Лондон е подложена на постојано разгледување, но и дека нема планови за скорешна промена во однос на Македонија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ДИК: Излезноста до 15 часот изнесува 18,18 отсто
Државната изборна комисија соопшти дека до 15:00 часот, на повторените избори за градоначалник во општините Врапчиште, Гостивар, Центар Жупа и Маврово и Ростуше, гласале вкупно 23.298 гласачи, што претставува 18,18 отсто од вкупно запишаните 128.286 гласачи.
По општини:
– Врапчиште – 21,01%
– Гостивар – 17,85%
– Центар Жупа – 10,99%
– Маврово и Ростуше – 18,60%
Гласањето се спроведува на 215 избирачки места.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.
Македонија
(Видео) ДИК: До 13 часот излезноста е 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
До 13:00 часот на повторените локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
По општини:
– Врапчиште – 9,58 %
– Гостивар – 8,74 %
– Маврово – Ростуше – 10,03 %
– Центар Жупа – 6,61 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.

