Македонија
АРМ вежбаше спасување од планина
Алпинистичкиот тим на Полкот за специјални операции демонстрираше спасување на повреден на непристапен терен
Армиските специјалци под надзор на нивните инструктори од Швајцарија, денес кај браната на Матка изведоа показна вежба, спасување на тешко повреден во тешко пристапен терен. Вежбата беше успешна. Алпинистичкиот тим на Полкот за специјални операции (пСО) ја изведе вежбата во предвидените 45 минути. Покрај алпинистичкиот тим од пСО на вежбата учествуваа и инструкторски тим од Швајцарија, припадници на армијата на Босна и Херцеговина, Црвениот крст на Македонија и Дирекцијата за заштита и спасување. Во рамките на подготовките за вежбата во изминатите две недели беше изведена заедничка обука во касарната ,,Илинден“ во Скопје, на полигонот за алпинистичка обука кај Демир Капија и на терените кај Матка.„Алпинистичкиот тим од пСО е дел од декларираните единици на АРМ за операции надвор од Македонија, а високиот степен на обученост кој го поседуваат, го достигнаа во изминатиот период со сериозна и напорна работа со стручните алпинистички тимови од Швајцарија, така што во моментов инструкторите од пСО на АРМ во повеќе наврати спроведуваа обука со вакви тимови на армиите од Јадранската група“, соопштија од Генералштабот на АРМ. На вежбата присуствуваше началникот на ГШ на АРМ, генерал-потполковник Мирослав Стојановски, претставници од Министерството за одбрана и ГШ на АРМ, претставници од Дирекцијата за заштита и спасување и Црвениот крст на Македонија.-Можевме да видиме дека овие припадници на АРМ се добро подготвени за вакви операции, да спасуваат луѓе во тешки услови. Вежбите ќе се одвиваат и во иднина. Единицата што ги изведува извршува операции надвор од земјава, па затоа оваа обука и е потребна – рече министерот за одбрана Зоран Коњановски, по завршувањето на вежбата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Притвор од 48 часа за сопругот по смртта на неговите жена и ќерка во Карпош
Судот му определи 48 часовен притвор на сопругот од Карпош чија жена и ќерка починаа по пад од зграда.
„Основното јавно обвинителство Скопје до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за определување мерка краткотраен притвор од 48 часа против едно лице за кое постојат сомненија за сторени кривични дела – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1 и Наведување на самоубиство и помагање во самоубиство од член 128 став 4 од Кривичниот законик“, соопштија од Обвинителството.
Од таму појаснуваат дека притворската мерка е неопходна со цел преземање на сите истражни дејствија со цел обезбедување докази во однос на сомненијата и додаваат дека по предлог на јавниот обвинител, судот определи притвор.
Македонија
МНР ги повика македонските државјани заглавени во ОАЕ да се јават во амбасадата во Абу Даби
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, имајќи ја предвид актуелната безбедносна состојба, Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби, во координација со локалните власти во Обединетите Арапски Емирати, активно работи на финализирање на деталите околу организацијата на комерцијален лет за евакуација на македонските државјани.
Се повикуваат сите граѓани кои се заинтересирани за евакуација, а сè уште не се пријавиле, во најкраток рок да стапат во контакт со Амбасадата во Абу Даби преку следните контакти:
Телефон: +971 56 441 7532
Е-маил: [email protected]
„Безбедноста на македонските државјани останува највисок приоритет. Пријавените лица навремено ќе бидат информирани за понатамошните чекори и условите за безбедна реализација на евакуацијата“, велат од Министерството.
фото/Depositphotos
Македонија
(Фото) Руте во посета на Армијата: Дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес во касарната „Илинден“, Скопје, оствари посета на Армијата, која се реализира во рамки на неговата официјална покана на Македонија.
Генералниот секретар беше пречекан од началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски и министерот за одбрана Владо Мисајловски.

Во рамките на посетата, генералниот секретар се обрати пред припадниците на Армијата истакнувајќи го придонесот што нашата држава го прави во рамки на Алијансата.
„Вие навистина дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили (Forward Lend Forces)“, истакна Руте, потенцирајќи „со тоа се грижите навистина да ја одбраниме секоја педа од територијата на Алијансата“.

За време на посетата беше извршена смотра на построените единици, како и на опремата и средствата со кои располагаат Лесната пешадиска баталјонска група и декларираните единици од составот на Баталјонот на специјални сили.
Во знак на признание за придонесот во зајакнувањето на соработката и поддршката на Армијата на Република Северна Македонија во рамки на Алијансата, началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски му додели Голема плакета на Армијата на генералниот секретар на НАТО.

На настанот присуствуваа генерали на Армијата и претставници од Армијата и Министерството за одбрана.

