Македонија
Црвенковски: Лустрацијата се води селективно
Лидерот на опозицискиот СДСМ Бранко Црвенковски, по средбата со стопанствениците во одоговарајќи на новинарско прашање рече дека процесот на лустрација во Македонија се води селективно, а изјавата на владиката Агатангел ја толкуваше како губење на секуларноста во црквата
„Почетокот на процесот на лустрација во Македонија е се освен тоа. Од првата одлука за трите случаи што ја имаше комисијата можеме да заклучиме дека селективно се води процесот. Се надгласуваат на факти, се градуираат луѓето како поголеми или помали кодоши. Тоа не смее да се дозволи во Комисијата. Фактите се тие коишто треба да се констатираат, рече лидерот на СДСМ и додаде дека на таков начи лустрацијата наместо корист може да донесе штети“, рече лидерот на опозицискиот СДСМ, Бранко Црвенковски при денешната посета на Сојузот на стопански комори, одговарајќи на новинарско прашање за почетокот на лустрацијата, тој истакна дека таа може да има смисла само доколку се прави на објективен, неутрален и неселективен начин.Од Црвеновски беше побаран и коментар за изјавата на владиката Агатангел, Макеоднците на евентуален референдум да се изјаснат против каква и да е промена на името на државата„ Кога црквата ќе почне да води политика, а Владата да води црковна политика тогаш нема ништо ни од Уставот ни од секуларноста на Република Македонија. Пред нас постои некој тип на партиско-црковна коалиција, рече Црвенковски“, рече , Црвенковски истакнувајќи дека тоа е катастрофална политика и за црквата и за државата..Лидерот на СДСМ и дел од неговиот економски тим во понеделник беа во Сојузот на стопанските комори на Македонија каде што ја презентираа идејата за проектот „Инвестиции сега“, што партијата минатиот месец го промовираше во јавноста.Претседателот на ССМ Златко Калеников смета дека оваа идеја е добра, оти е на линија со нивните барања државата да овозможи исти услови за инвестирање, како на странските така и на домашните стопанственици.„Домашните инвестициии се многу битен фактор за раздвижување на македонската економија. Македонските фирми би требало да добијат поволни банкарски кредити$, рече Калеников.Проектот, според Црвенковски, е една од можностите за решавање на прблемот со сиромаштијата и високата стапка на невработеност.„Странски инвестиции нема, и според најавите така ќе биде и во наредниот период. проблемот со сиромаштијата и невработеноста може да се реши само со инвестиции. Затоа на домашните инвеститори треба да им се дадат поволни кредити, чии камати ќе ги сервисира државата, а да им се даде и градежно уредено земјиште во слободните економски зони, истакна Црвенковски и додаде дека во Буџетот има средства да се покријата каматите за инвестициските кредити.Тој не смета дека средбата со ССК е некакво нејзино приближување до партијата. – Таа е повеќе континуитет по досегашните средби и можност да се чујат забелешките од стопснствениците и дел од нив да се вградат во нашата програма, додаде лидерот на СДСМ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Манасиевски: Обвинителката Кадриу сведочи дека Филипче немал ниту елаборат за струја за модуларната болница во Тетово
Членот на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, на денешната прес-конференција изјави дека, според сведоштвото на поранешната обвинителка Лејла Кадриу, поранешниот министер за здравство Венко Филипче ја составувал техничката спецификација за модуларната болница во Тетово, без да изготви елаборат за електрична енергија, а трагичниот пожар можел да биде спречен.
„Кадриу потврдува дека работата е забошотена. Таа била повикана вечерта на трагедијата да учествува во истрагата, а потоа дошол и Јовевски со свои обвинители, за кои таа вели дека имале обврска да ја држат истрагата под контрола“, рече Манасиевски.
Тој додаде дека, според Кадриу, модуларните болници биле изградени од панели со пурпена кои чинеле 5–6 евра по метар, додека пожароотпорните панели со камена волна чинеле околу 17 евра.
„Сите модуларни болници чинеле околу 300.000 евра, а за нив биле обезбедени 30 милиони евра од Светската банка. Каде се тие пари – нема одговор. Можеби се наоѓаат во некоја акција во индиска авиокомпанија, стан во Дубаи или фирма во Бугарија“, изјави Манасиевски.
Тој истакна дека трагедијата со 14 загинати во Тетово можела да биде избегната.
„За жал, трагедијата во Тетово во која загинаа 14 наши сограѓани, можела да биде и спречена доколку Филипче потпишал минимум технички спецификации и ако направил елаборат за електрична енергија, со кои не би дошло до спој во електричната енергија и доколку панелите биле малку поскапи и подобри, можеби и ќе се избегнел пожарот. Но, Филипче по се изгледа алчен за парите, искористил минимум од обезбедените средства. Згора на се, ова можеби би било спречено и доколку Филипче ја прифател понудата на тогашниот медицински директор во тетовската болница, кој понудил сместување на КОВИД пациенти, на двата спрата кои биле слободни во истоимената болница каде тие биле оставени така празни. Филипче ова го одбил поради тоа што овие модуларни болници морале да бидат изградени“, рече Манасиевски.
Во изјавата, Манасиевски тврди дека вистинските виновници не се зад решетки, а дека „оние кои нуделе други решенија сега се осудени само на три години“.
„Вистинскиот виновник денес води политичка партија во опозиција“, заврши тој, најавувајќи нови информации утре, вклучително и околу тоа зошто обвинителката Кадриу била суспендирана.
Македонија
(Видео) Петрушевски: Сопственикот на илегалната дрога, рамо до рамо со Венко Филипче, јасно е кој седи позади дрогата
Со денови ги слушаме СДС и Филипче, во прашална форма како лажно ја обвинуваат ВМРО-ДПМНЕ за некаков шверц на дрога, па го мешаат Томовски, и кој се уште не, но, еве ја вистината на дело.
Откриваме фрапантен податок и фотографија, која покажува директна инволвираност на Венко Филипче со шверцот на илегалната дрога. Венко и газдата на фабриката со илегалната марихуана – еден до друг, истакна на прес-конференција Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.
„Венко Филипче на телевизиско интервју, кажа дека нема никаква врска со вистинскиот сопственик на Фирмата „ЦБД Медплант“ и поранешен функционер на СДС, Тони Котев, а како што гледаме на сликата тие двајца добро се познавале и соработувале.
Венко Филипче и Тони Котев, рамо до рамо еден до друг.
Венко Филипче и СДС, наместо секојдневно да прашуваат и да шират невистини и манипулации, треба да одговорат на вистинското прашање, зошто се толку потресени и толку силно водат кампања за овие заплене на околу 30 тони дрога? Дали во СДС се исплашени затоа што Филипче и Заев се вмешани во трговијата со дрога? Затоа ли Филипче добро знае колку камиони требаат за одредена количина на дрога? Затоа ли во 2023 година го променија правилникот за одгледување на канабис? Колку милиони требале да заработат и на овој криминал“.
Според него, каде има чад, има и оган.
„Каде има криминал и корупција, таму се и Филипче и Заев. Ако порано се велеше дека сите патишта водат кон Рим, денес сите патишта за криминал и корупција, водат кон Филипче и Заев“.
Го повика ЈО, да ја истражи поврзаноста на Филипче и Заев, во случајот со 30-те тони запленети дрога.
Македонија
(Видео) Македонија на чекор до историски трговски договор со САД, рече Стојаноски
Македонија е на чекор до потпишување историски трговски договор со Соединетите Американски Држави, објави пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Бојан Стојаноски на денешната прес-конференција, нагласувајќи дека се работи за „историски успех за македонската Влада и дипломатија“.
Како што информира Стојаноски, доцна синоќа Белата куќа објавила Заедничка изјава за реципрочна трговија помеѓу САД и Македонија, со која се најавува рамка за договор со царински тарифи до 15%, а за одредени производи и 0%.
„Се идентификуваат производи коишто ќе добијат до 0% реципрочна тарифа, што значи дека за дел од клучните индустрии и производи царинските тарифи ќе се намалат до нула“, рече Стојаноски.
Според него, ова претставува јасен сигнал за продлабочување на стратешкото партнерство и економската соработка меѓу двете држави. Договорот, како што рече, на македонските компании ќе им обезбеди конкурентска предност, регулаторна сигурност, предвидливост и посилна позиција на американскиот пазар.
„Во овие непредвидливи глобални времиња се зачувани илјадници работни места, а се испраќа и сигнал за политичка и економска стабилност на нашите односи со официјален Вашингтон“, додаде пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ.
Дополнително, Стојаноски истакна дека документот е доказ за неоснованоста на критиките од СДСМ дека Владата нема надворешен план или визија. Целта на Владата, рече тој, е повеќе извоз, инвестиции и добро платени работни места дома.

