Македонија
АРМ на готовс пред самитот на НАТО
Со најавената вежба „Балкански блесок 2010“ на која за првпат ќе има и боево гаѓање, АРМ уште еднаш ќе докаже дека е подготвена за нови мировни мисии
Четири декларирани единици за мисии надвор од Македонија ќе ја добијат конечната оценка за својата борбена подготвеност на претстојната вежба „Балкански блесок 2010“ што ќе се одржи од 25 октомври до 2 ноември годинава, или неполн месец пред самитот на НАТО во Лисабон, беше најавено денес на брифинг во Генералштабот на АРМ.Оваа вежба е посебна не само поради оценката за борбената подготвеност туку и затоа што за првпат ќе се вежба со користење боева муниција. Како што објасни полковникот Митре Стојанов, директор на вежбата, големото финале, на кое присуство најавиле огромен број претставници на НАТО, ќе се случи на 2 ноември во реонот на село Џимидирци, полигон Криволак. Ќе се стрела не само од автомати и пушки, туку и од повеќецевните ракетни фрлачи “Град“, како и од двата борбено-транспортни хеликоптери Ми8 и Ми17, кои ќе добиваат поддршка и од два борбени хеликоптера Ми24.„Ќе биде извршено самооценување на единиците, но по надзор на оценувачите од НАТО. Очекуваме четирите декларирани единици, Средниот пешадиски баталјон, кој е во составот на Првата механизирана пешадиска бригада, потоа Четата на воената полиција, Четата на длабинско набљудување од Полкот за специјални операции и декларираниот хеликоптерски детачмент од ВИНГ (военото возухопловство) да бидат подготвени за мисии надвор од државава. Покрај припадниците на овие единици, на вежбата ќе учествуваат и други војници на АРМ, односно ќе има вкупно 1.200 војници“, објасни полковникот Стојанов.АРМ е мошне горда на овие вежби.„Со овие вежби и самооценувања ние сме најдалеку отидени во однос на останатите земји од регионот, па дури и од некои членки на НАТО“, рече потпокловник Мирче Ѓоргоски, портпарол на Гнералштабот на АРМ.Самооценувањето на единиците ќе го прави група офицери на чело со потпокловник Ѓоко Максимов, а за декларираниот детачмент на ВИНГ, одговорен е мајор Борис Станоевски.На прашање на „Форум“ за техничката состојба на двата борбени хеликоптера Ми24, со оглед на тоа што пред неколку месеци беше кажано од МО дека овие летала ќе треба да се ремонтираат, потполковникот Ѓорѓоски, уверувше дека леталата се спремни:„Што сме ги ставиле на вежба, се подразбира дека се технички исправни“, рече Ѓоргоски.Вежбата се одвива по измислено сценарио во земја наречена Камберија каде доаѓа до етнички судар и ООН решава да испрати мировни единици. Декларираните чети на АРМ ќе треба да бидат брана меѓу завојуваните страни, но и да се справат со напади на околу 200 терористи.Македонија веќе пет години праќа свои војници во мировните мисии во Ирак, Авганистан и Босна. Македонските војници добија многу медали за покажаната храброст и извршување на дадените задачи. И покрај тоа, Македонија се уште не е полноправна членка на НАТО, туку само на Партнерството за мир. На 19 и 20-ти ноември оваа година ќе се одржи нов самит на Алијансата во Лисабон, Португалија. Министерот за одбрана Зоран Коњановски неодамна беше во Њујорк, каде во разговорите со министрите за одбрана на САД, Канада, а потоа и со министерот за одбрана на Португалија побара Македонија да биде примена под привременото име БЈРМ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Намалена видливост на патниот правец Тетово – Скопје, врнежи од снег на Попова Шапка
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, извести АМСМ.
Врнежи од снег со среден интензитет се бележат на Попова Шапка, но во моментов не преставуваат пречка за одвивање на сообраќајот. На планинскиот превој Пресека се бележат слаби врнежи од дожд и снег – (лапавица).
Намалена видливост поради појава на магла до 100 метри има на патниот правец Тетово – Скопје.
Сите патни правци во државата се проодни.
.Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Без струја денеска делови од Аеродром, Карпош и Илинден
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во период од 08:30 до 13:30 часот дел од корисниците на улиците 8 и 11 Белимбегово, општина Илинден;
– во период од 09:00 до 11:00 часот дел од потрошувачите од улицата Струма, општина Карпош;
– во период од 09:00 до 11:00 часот дел од корисниците на булевар Јане Сандански бр. 30, општина Аеродром.
Македонија
Претежно облачно со услови за повремени врнежи од дожд
Облачно со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Во југоисточните делови ќе има врнежи од дожд (над 20 l/m²), а на повисоките планини во северозападните делови врнежи од снег. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 7, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.
Во Скопје, претежно облачно со услови за повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Следува период на променливо облачно до сабота и релативно топло време со повремени врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни. Во текот на ноќва во југоисточните делови ќе наврне над 20 l/m², а во петок поинтензивни врнежи ќе има во крајните западни делови. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер. Од недела ќе настапи заладување и врнежи од снег се очекуваат на планините и во некои од повисоките места.

