Македонија
Џафери призна дека едно од вчерашните досиеја е за него
Министерот за локална самоуправа Муса Џафери денеска потврди дека едно од вчерашните досиеја за наводна соработка со тајните служби, кои ги достави тетовскиот професор до Комисијата за лустрација е за него и вели дека ќе се брани пред институциите
Џафери рече дека ги добил и дека има увид во досиејата.
„Лично ќе се ангажирам да ги проверам, а мојот интегритет ќе го бранам преку институциите без разлика дали тие се национални или меѓународни“, рече Џафери.
Тој вели дека се работи за добар филм и приказна на ДПА со цел да се компромитираат одредени личности.
„Се согласувам дека ДПА сакаше да има ефект и да направи тема во медиумите. Претпоставувам дека поранешните структури на УДБА се уште имаат фосили или некои кои имаат долг кон тие служби. За жал и професорот има некој долг кон некого и мора да ја игра оваа улога“, изјави Џафери.
Додаде дека досега раководството на ДУИ се нема состанато по повод ова прашање, а најверојатно и нема да има таков состанок.
Професорот Шпент Љуши од Државниот универзитет во Тетово вчера достави досиеjа за тројца функционери од ДУИ до Комисијата за лустрација, а во кои наводно стои дека соработувале со поранешните југословенски служби за разузнавање.
Изјави дека ги нашол во дворот и оти не знае како се нашле таму, а ги доставил до Комисијата за лустрација затоа што си ја извршувал граѓанската должност./крај/бд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја денеска делови од Бутел, Чаир и Карпош
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, дел од корисниците од ул. 1550 место викано Гериз во индустриска зона Визбегово, општина Бутел;
– во периодот од 09.00 до 14.00 часот, корисниците од ул. Стојна Стевкова, како и дел од корисниците од ул. 393 во населба Чаир, општина Чаир;
– во периодот од 09.00 до 15.30 часот, дел од корисниците од ул. Блаже Биринчето, општина Карпош.
Македонија
Сончево со умерена локална облачност: температурата до 14 степени
Сончево со мала до умерена локална облачност. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до -1, а максималната ќе достигне од 7 до 14 степени.
Во Скопје, во утринските часови во делови од котлината ќе има услови за појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево и тивко со мала облачност. Минималната температура ќе се спушти до -5, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Времето во наредните денови
Во петок ќе се задржи стабилно и потопло време со услови за појава на утринска магла по котлините. Во деновите од викендот ќе има зголемена облачност и повремени локални врнежи од дожд, а на планините од снег. Дневната температура повторно ќе биде во опаѓање.
Македонија
Грипот ја однесе првата жртва: почина 75-годишна жена
Вирусот на грипот ја однесе првата жртва оваа зима. Седумдесет и петгодишна жена починала пред три дена на Клиниката за инфективни болести. Пациентката имала повеќе коморбидитети и не била вакцинирана против грип.
Во моментов на Клиниката се хоспитализирани 25 пациенти со компликации од грип, oд кои повеќето се возрасни лица со хронични заболувања и невакцинирани од грип.
Директорката на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), Марија Андоновска, пред неколку дена кажа дека пикот се очекува да биде во втората половина од овој месец и првата половина од февруари.
„Со враќањето на децата во училиште очекуваме дека и бројот на лица коишто ќе бидат заболени од грип или заболувања слични на грип може да биде зголемен“, рече Андоновска.
Институтот за јавно здравје препорачува оние коишто не се заболени да избегнуваат колку што е можно некакви собири или да престојуваат во простории или трговски центри каде што има голем број на луѓе, да избегнуваат контакт со веќе заболени лица или оние што ќе пројават некакви симптоми на кивање и кашлање. Често да се мијат раце со обичен сапун и вода, да се проветруваат просториите, да се почитуваат здрави животни навики – редовна хидратација со течности односно вода, лесна храна, витамини, минерали.

